RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Kvisko -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (14.10.2015 11:49:49)

Sole легнувај и одмарај. СО терапија си покриена тоа е тоа. Јас имав како кафеав исцедок неколку дена помеѓу бетата и првото ехо и исто ми ставија Прогестерон депо (плус си става утрогестан и пиев дабростон после трансфер). Кога ме гледаше на ехо Димитров ми рече може да било тоа крварењето од исфрлање на друигот плод зашто бетата ми беше висока па тој очекуваше да види близнаци. Може и кај тебе да е иста ситуација (сега се исфра вториот плод).




SOLE -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (14.10.2015 12:11:24)

И кај мене беше висока бетата а ми беа вратени три ембриончиња а само едно се фати може сум ги исфрлила другите две, но дај Боже ова да е јако и да си уживка во мешко. Инаку баш вчера бев кај матичниот ме гледаше на ехо, го мереше плодот и рече се си изгледа нормално за таа недела, и после тоа дома кога си дојдов оп крварење, се шокирав, тоа беше околу 4 саат и случајно забележав кога најнормално во вц отидов и крварењето траеше до околу 6 часот и сестрата кога дојде крварењето ми беше престанато.
Фала ви девојки, Ке гледам колку можам повеќе да лежам и дај Боже се да е во ред со бебчето




LoveableMe RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (14.10.2015 14:26:43)

SOLE, одмор и само одмор, со ИВФ секогаш е падни-стани што викаат старите, те крварења, те хематоми те не знам штоо, но поминува, ајде со лесно[sm=bravo.gif]




nataly86 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (14.10.2015 17:11:59)

Sole повеќе одмор и терапија соодветна ако има нешто хематом и сл ивф е такво..јас крварев до 16 недела не ми се веруваше ни дека сум бремена еднаш неделно одев на контрола од паника...но помина сето тоа...кај некои е и покрај ивф имаат нормална бременост кај мене беше со сите можни компликации што би се рекло но се помина релакс само...




ivoni4ka -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (14.10.2015 20:00:48)

Zencinja jas utre ke odam vo klinika za transfuziologija drzete mi sreka ae da e vo red




ivoni4ka -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (16.10.2015 11:17:54)

еве и јас да репортирам, бев вчера на клиника, кај др, Самоников , жената како добра ми се виде, д димерите, хемостазата и крвната слика ќе бидат готови, ама афа дури другата недела па ќе чекам до тогаш да видам што како

поздрав




mamamari -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (16.10.2015 21:26:08)

zdravo mamicki. Kaj mene imase 2 crticki :D ponedelnik odam kaj ginekologot za potvrduvanje na bremenost. Ajde sega sovet tie sto imaat iskustvo, sto vo prvoto tromesecie. Ispituvanja, ishrana, vitamini. vi blagodaram




Felly RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (17.10.2015 10:20:04)

Честитки за [sm=modricrtici.gif] и добредојде на форумот!!!
Имај си лесна бременост, се надевам ќе имаш убав дружба тука со другите [sm=nosecka.gif] и слободно разгледај ги и друготе теми, сигурна сум дека ќе најдеш доста работи кои те интересираат во периодов.




Kvisko -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (17.10.2015 10:29:47)

Мамамари со убаво и со лесно.
Нема некои посебни совети освен дека не смееш да примаш лекови скоро никакви или само ако ти препише гинеколог и не се замарај премногу. Повеќе одмор со нормално извршување на обврски како одење на работа и слично. Од исхрана гледај повеќе овошје и зеленчук да внецуваш и протеини. ИМаш посебни теми па таму има покорисни совети.




Melanija RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (17.10.2015 11:11:31)

mamamari добре дојде на Рингераја [sm=bravo.gif] имај лесна бременост
Теми за испитувања има ТУКА а за исхрана ТУКА
Слободно пиши и тука што те интересира[sm=smiley1.gif]




Viktorii -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (17.10.2015 12:12:29)

Здраво, нова сум во форумов и сакам да прашам дали некоја од вас имала слично искуство. Денес ми е 20 ти ден од ембриотрансвер, вратено едно ембрионче и со позитивна бета 216 на 13 ти ден, од пред пет дена на тоалетот константно приметувам како испаѓаат темно кафени и црни густи парченца исто и на апликаторите од кринон гелот, повремено чувствувам болка во јајниците и матката и во средишниот дел на половината, во консултација со сестрата од инвитро пред два дена примив една инекција прогестерон депо но еве до сега нисто не се промени, вчера пак и се јавив ми вика дека сето ова било нормално и дека парцињата уствари биле од кринон гелот и дека истиот ја менувал бојата од ѕидовите на матката и дека сега се било во божји раце немало што друго да се прави во овој период од бременоста. Малку сум исплашена и затоа прашувам дали некоја од вас имала вакво искуство и дали се завршило добро [sm=zmeden.gif]




kapina -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (17.10.2015 13:38:49)

Odi na gin zatoa vidi dali betahcg se duplira pravilno na sekoj 48 saati




SOLE -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (17.10.2015 17:28:12)

Viktorii, најпрво добредојде и со среќа, со лесно во целата бременост. Баш за таков исцедок има погоре пишувано Kvisko па прочитај, но и јас мислам дека не треба да паничиш штом си примала прогестерон депо добро е, друо нема што да се направи, одмарај, уживај и како е пишано така ке биде. И јас пред некој ден бев испаничена од крварењето ама ги послушав советите од девојките, лежам, одмарам оти друго незнам што да правам, тоа ти е. Во понеделник имам ехо па ке видиме како ќе биде... Ти каде правеше ивф?
Поздрав до сите мешиња




mamamari -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (17.10.2015 18:08:52)

vi blagodaram devojki.....kaj site samo lesninka da ima, so lesno da se pominat mesecite i posle ke se spravuvame so noviot zivot :)




Viktorii -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (18.10.2015 15:23:34)

За една недела сум на уз па ке видиме, се надевам дека се ке биде во ред. Ивф правев во Ремедика кај Петановски.




SOLE -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (19.10.2015 15:39:50)

Девојки, да ви се пофалам, денес бев на ехо кај Петановски и се изненадивме кога рече оп абе ова близнаци и тоа еднојајчени, во едната јајце клетка се поделиле и сега се двечки, дупла среќа моја, инаку рече се си е во ред, гитара мереше нормални биле за осма недела срценцата ги слушнавме на двете. Поздравче до сите, и со лесно нека ни е.[sm=bravo.gif]




Bea -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (19.10.2015 16:19:26)

Soleeeeee [sm=bravo.gif], kolku ubavo iznenaduvanje!
Da si rastete i bidete zdravi!




nadez vera ljubov -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (20.10.2015 9:42:53)

Соле баш се радувам за тебе позз и чувај се




bebea -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (20.10.2015 9:50:11)

Kolku ubava vest Sole , so sreka imaj si lesna bremenost :) [sm=bravo.gif]




LoveableMe RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (20.10.2015 9:59:10)

SOLEEEEEEEEEEEEEEEEE, jeeeeeeeeeeeeeee колку убава вест, со лесно и известувај не[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Kvisko -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (20.10.2015 11:40:45)

Sole супер вест. Гупкајте се и растете. [sm=sloncek.gif][sm=sloncek.gif][sm=sloncek.gif]




wanna be mum -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (20.10.2015 12:15:08)

Соле честитики за двете среќички, нека растат во мешето на мама [sm=sloncek.gif][sm=sloncek.gif]
Прекрасни вести [sm=bravo.gif]




SOLE -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (20.10.2015 13:28:32)

Многу ви благодарам девојки, пресреќна сум, само Вог да ни биде напомош. [sm=bravo.gif] Поздрав до сите




Melanija RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (20.10.2015 14:59:37)

Sole многу убава вест [sm=bravo.gif]




kapina -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (20.10.2015 15:44:59)

Superrrrrr soleee




Страница: <<   < Претходна страница  34 35 [36] 37 38   Следна страница >   >>