Bethany -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (30.10.2014 21:08:48)
|
Здраво труднички. Да се пријавам и тука. Денес бев на преглед, иако порано од што требаше, ама сакав да решам и да изберам матичната, пред да дојде прегледот во 13 недела, па да не ги плаќам брисевите на приватно. Е сега, 7+2 дена сум, бебето одговара според очекувана недела, имаше срцева акција, го видовме срцето како трепка и го слушнавме! Ах, колку е интересно и технологијава е чудо, толку мало како зрно грашок, а да можеш и срцето да му слушнеш. Нешто што ме малку збуни, бидејќи беше збунувачко и пак не разбрав на крај, е што докторката прво спомна хематом, и јас кога ја прашав дали го гледа хематомот, таа ми вика не го гледам, не е исполнета матката се уште (што и да и значеше тоа, мислам дека мислеше не е убаво бебето зацврстено), па не е сигурна, ама не е ништо страшно, таа ќе ми препишала утрогестан само една кутија - превентивно [sm=zmeden.gif] Вика, се е добро, ама немојте вие да се плашите што јас зборувам, нисам сигурна, се уште сте мали, слабо се гледа итн. и на тоа остана. Прегледот следен дури во средината на декември! Значи во 13 недела. Многу далеку е тоа, ама ако , се нека биде во ред, ќе чекам. Јас искоментирав дека е далеку, а таа ми одговара дека тие си имаат некоја рутина со прегледите и дека обично се доаѓа во 9 недела, кога повеќе се гледа, а дека и не е препорачливо да се доаѓа без потреба на ехо, мислам пречесто, па редовен преглед остана за 13 недела. Друго, да е нешто загрижувачки, би ми кажала да дојдам пак за две недели барем, ама таа дури во декември. [sm=zmeden.gif] И ме остави во мисла малку, ама пак се надевам дека се ќе биде во ред. Ми кажаа да пијам само фолна и ништо друго, што и правев. Дури и магнезиумот го баталив, го заборавав да се напијам. Јас со мачнините се уште се расправам. Малку се демек потсмирија, ама пак знаат да ме мачат многу, после навечер, тогаш се случува и да повраќам. Лелее, колкав пост. Ајд чао [sm=smiley36.gif] Пс. ХОупфул, издржи, се ќе биде во ред. [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|