Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (19.10.2014 14:31:38)
|
Само лабаво девојки и одма ќе поминат двете недели [sm=smiley36.gif] Слободно туширајте се, само не долго време, и со млака вода и купка со благ мирис, или без мирис најдобро. Ембрионите не сакаат јаки мириси, како што прочитав. Движење и шетање - да, но не премногу, и секако внимателно со дружење со луѓе и искачање - секакви настинки, вируси и чуда шетаат низ градов и не ви треба сега тоа. Сепак, во потесен круг на луѓе, без многу многу гости и подалеку од гужви, и за време на тие 2 недели, а посебно па и после позитивен тест. Спиењето нема врска, после имплантација на ембрионите не влијае гравитација [sm=smiley36.gif] и на стомак, и на страна, кој како сака, се додека сте наспани, бидејќи тоа е најбитно. Негде прочитав некоја од вас дека чистела по дома - пазете со тоа, не буткајте ствари, не дигајте тежини, не се оптегајте и не се напнувајте. Да не зборам па средствата за чистење колку се интензивни и опасни. Баталете тоа, нема куќата да препукне за две недели! А сопрузите стегнете ги добро, бидејќи во ова мора да сте заедно и двајцата, нивната емотивна и физичка поддршка во оваа состојба е клучна. Јас на мм му кажав - знам дека ќе бидам напната и нерасположена, те молам стрпи се и не ми коментирај ништо, едноставно ќути си. It worked [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|