Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (20.10.2014 12:54:08)
|
profe, разбирам дека го доживуваш ова како товар, но мислам дека самата си создаваш преголем анимозитет без потреба. Токму затоа што повеќето од нас не сакаат да зборуваат со околината заради таков тип притисок и сме на РР, каде што се е поинаку. Во секој случај, тоа е твоја работа, твоја желба. Го споменуваш американскиот форум, зошто мислиш дека е подобар? Како и да е, оставаш впечаток дека се сомневаш во методите на македонските ивф специјалисти, и ајде да речеме дека и тоа е твоја работа, но тоа што така прават во Америка воопшто не значи дека е апсолутно правилен метод. Читав и јас, и баш во Америка се поделени мислењата во однос на физичката активност. Сепак, успехот се гледа во процентите, а нашите проценти се бааги повисоки од оние во Америка или Западна Европа. Во секој случај, ти посакувам среќа! Капина, 12 фоликули се супер, со среќа на пункција! [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|