Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (24.10.2014 17:32:22)
|
Loveable Me, уште не ми се верува... [sm=zmeden.gif] Цел ден размислувам на темата и ми текнуваат работи што сум ги читала во текот на подготовките, па би сакала да ги споделам, може тебе или на друга рингерајка ќе им помогнат. Кога сега отидов на ургентно, ме прашуваа дали примам Фраксипарин и Клексан, и откога им кажав не, ми го препишаа Дабростон како терапија за поддршка при крварењето, со тоа што Аспиринот ми го прекинаа. Претпоставувам дека имаат слична улога. Прочитав дека честа е појавата на хематоми и крварења кај ивф пациенти кои се на антикоагулантна терапија, конкретно Аспирин, не се знае зошто. Иако ја разретчува крвта и ја подобрува циркулацијата, очигледно предизвикува и нешто друго, се уште неразјаснето. Од друга страна пак, кога читав за имунолошки проблеми (кои се најтешки и најмистериозни), најдов дека подобро е да се прима Клексан или Фраксипарин отколку Аспирин, затоа што имале улога при самото прифаќање на ембрионот од страна на телото, односно спречуваат појава на килер клетки кои може да направат проблем, а Аспиринот не се препорачуваше. Очигледно, кај секого е различно, не е црно-бело. Супер е Цвета Динева, ја обожавам и многу ми има помогнато со нејзиниот концепт за исхрана, и пак продолжувам да ја консултирам. Покрај тоа, би ти посоветувала да испиташ алергии и нетолеранции на храна, и исто така да провериш да не имаш некое скриено автоимуно заболување, скраја било. И само да те прашам дали од сегашна перспектива, би направила хистероскопија, бидејќи сама спомна дека некој цервицит може со тоа да се реши? Не знам што прават на таа хистероскопија, ама значително ги зголемувала шансите, па вреди да се размисли... Во однос на прогестеронот, дали редовно примаше инекции прогестерон депо, освен боцкањето пред некој ден? Читав дека тоа е основен, најсигурен и најбезбеден начин за дистрибуција на прогестерон при ивф, а вагиналното аплицирање е повеќе поддршка. Претпоставувам дека ако имаш вагинална резистентност вака би се надминал проблемот... Извинете девојки за долгиот пост, се надевам нешто од ова ќе помогне. Сите сме лаици по темава, но тоа е, мора да истражуваме и да откриваме и сами. Нека не ве обесхрабрува идиопатскиот стерилитет - и јас бев со таа дијагноза долго време, па ете се реши - да не се урочам додуша, дај боже да ми среди хематомот. Порано со мм си викавме - бар да имавме проблем па да знаеме кај да се насочиме, ама не е така - подобро да не си бараме рчки и да бидеме благодарни за тоа што телата ни функционираат како што треба. Јас верувам во тоа дека секој треба да си го најде докторот кој вистински ќе му се посвети и заеднички, со прашања и анализи, да се дојде до решение. Патот е тежок, ама нашите бебиња не очекуваат [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|