LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (24.10.2014 11:16:58)
|
Денес направив домашен тест и беше негативен, очекував бидејќи крварев предвреме последните дена, исто како и за првото ИВФ и очекував дека ќе биде негативен тестот. Купив од Еурофарм, некои Ин-витро тестови продаваат произведени во Турција по лиценца, не се скапи 32 денари е, а многу практичен и веднаш покажува резултат. Се мислев дали да правам преку крв, земав и упат за ГАК, ама исто како и прошли пат знам ќе покаже негативно, џабе да одам и да правам тестови, тоа е што е.... Инаку, кога прокрварев, примив инекција прогестерон и ми рекоа да продолжам со терапијата, до тестот и дека не можат ништо да направат дури не видат резултат. Доста копав по Интернетот и не најдов многу информации за ова што ми се случува во двете ИВФ кога после 9 или 11 ден од трансфер почнувам обилно да крваравм, имам јаки бодежи и болки како за абортус и потоа тестот прво позитивен (за првото ИВФ), па негативен, а за второво не се ни мачев да правам дента кога прокрварев пошто знаев дека нема фајде, но ете чекав до денес да направам тест. Најдов на еден хрватски сајт одговор од доктор декаа во вакви случаеви, можно е да има проблем со апсорпција на прогестеронот, но не пишуваше како се третира тоа, или евентуално хроничен ендоцервицитис, кој се третира со хистероскопија (но обично тој се утврдува преку брисеви, а кај мене врисевите демек се ок) и секако тироидната жлезда (која ја регулирам редовно). Е сега исто што забележав е дека по пиењето на аспирин имам ваква реакција при ИВФ, иако секаде пишува дека нема контраиндикации со еутирокс, јас неколку дена по земање аспирин почувствував движења и како нелагодност во тироидната жлезда, па сега мислам да изигравам сама свој доктор и ќе земам во континуитет Крилово улје (замена за аспирин) и нема да пијам аспирин. Многу можни причини, а одговори скоро никаде, барем досега никој не ми го најде чарето. Во секој случај ќе почнам консултации имаме 5 смрзнати бластоцисти и во следните месеци, прво да осигурам некои работи за матката, па ќе продолжиме со трансфер. Денот ќе дојде, само е прашање на време кога ќе станам [sm=nosecka.gif]
|
|
|
|