Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (24.11.2014 10:52:50)
|
mili4kask, и тоа со јајниците, и тоа со градите се добри знаци, уживај си [sm=smiley1.gif] Не ти го сфаќам прашањето - зошто да правиш тест на 16 ден, или зошто преку крв? Можеш и порано, ако си нестрплива, но не пред 14 ден, а преку крв е затоа што е порелевантно, вредноста на бета хцг е параметар за повеќе нешта, така што се знае многу повеќе отколку со домашен тест. А Pinky30, не знам дали ми е јасно што мислиш со 21 ден. Според долгиот протокол, првиот месец се чека циклус и се почнува со Микрогинон. Денот од кој се почнува го утврдува докторот и тоа е таа шема за која се зборува. Според таа шема, се чека и втор циклус, по завршувањето со Микрогинон, и на одреден датум се почнува со Супрефакт. По одреден број денови боцкање со Супрефакт, се мери естрадиол, па во зависност од вредноста може да се почне со инекции за стимулација, притоа продолжувајќи и со Супрефакт. Ова е само блиц опис на постапката, но не се секирај, се ќе ти објасни докторот - индивидуален е пристапот и зависи од случај до случај. Сега за сега не број денови, туку чекај да добиеш, а после тоа ќе си добиеш шема. [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|