Трудници, што јадевте денес? (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Исхрана за трудници



Порака


lolla RR -> Трудници, што јадевте денес? (23.10.2014 16:03:07)

Женски, баш би сакала да знам што јадевте денес, и да пишете во која недела сте. Супер ми личи за идеи за доручек, ручек, вечера, ужина итн...

Јас денес:

- на станување: чај од коприва, едно ипол јаболко, цеден сок од 1 лимон и портокал, една лажичка семе од коприва со мед, една лажичка таан, една лажичка арганово масло и 4 урми
- доручек: конзерва сардина со рендан морков и кромид и кисели краставички, 1 кришка леб
- какао и ред темно чоколадо
- ужина: пуканки и една калинка
- ручек: се крчкаат полнети ајварски пиперки со интегрален ориз, салца, праз, кромид, пченка, грашок и кари , салата зелка
- ужина: варени коштани
- за вечер планирам кришка леб со кашкавал во микро и таратор ако ми се малку коштаните.

ГН 21+3




Mihaela 2010 -> RE: Трудници, што јадевте денес? (23.10.2014 16:10:43)

Bravo lolla za temava..ova kako koga pisuvame za nasite malisani sto jadele denes..aj i za nas eve tema
Pa vaka
Sabajle edna banana
Dorucek edno vareno jajce so edna kriska briosh leb i puter, sirence i maslinki...cajce od majcina dusicka so med
Kafe
Podocna si iskrsiv orevcinja i si potkasnav malku povekje
Supa
Sega ke rucame pire i stekce
Podocna ke varam ili pecam tikva
Za vecer me teraat palacinki pa edna bi lapnala[sm=smiley36.gif]
14 + 1




Hopeful RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (23.10.2014 16:26:58)

Добра идеја е темава, таман да се инспирираме [sm=smiley1.gif]

Јас сум 9+1, и досега изедов:

на гладно цеден сок од 1 лимон
1 јаболко
две гранчиња грозје
7-8 суви сливи
1 банана
еден тон вода
1 кришка леб од Пастел со црвена пченица (мммм!)
1 Јогобела овошно јогуртче

Сега го чекам мм да направи супа од тикви, плус печени благи компири и марула салата. Ќе пукнам по кисели феферонки, ги изедов сите и немам нови! За вечера којзнае, зависи од апетитот [sm=smiley36.gif]




blond -> RE: Трудници, што јадевте денес? (24.10.2014 10:30:47)

Јас вчера дека кај мајка ми бев на гости, од сабајлето млекце и житарици плус лажица мед, за ручек компири со месо имаше спремено, ама некако не ме бендисаа и малку апнав, за вечера ништо, мачнини имав и си легнав со неколку изгризани бисквити. Вчера цел ден ништо од овошје.
Утрово една мала кришка еурокрем, па сега банана е на ред. До вечер не се знае што ќе биде :)




Bethany -> RE: Трудници, што јадевте денес? (24.10.2014 22:17:40)

Јас денес:
Банана, па нес кафе со повеќе млеко:)
Пола ѓеврек и чаша јогурт
Мандарина
Кришка леб со кашкавал и маслинки
Шпагети болоњезе
Зелка салата
Мандарина
И тоа последното во 5 часот, оттогаш ништо, страв ме да ставам нешто в уста.
Грицкам соленки и пијуцкам ладно млеко, ете тоа :)

Морам да спомнам дека водата не ми прија, ми се гади и од неа, а толку многу ја пиев. Чаеви исто така, посебно нана чај кој наводно помагал при мачнини, јас ако се напијам ко камен да сум изедела.
Вчера пиев кока кола, која не ја пијам скоро никогаш, ама ете прочитав некому помагала па пробав. Не вреди. Пробав и со кисела вода, не помага. Тоа е - што е.
Се уште не открив што ми одговара а што не.желудникот ми се собрал (што и не е така лошо [sm=smiley36.gif]), па неколку залаци и веќе ми станува тешко.




lolla RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (25.10.2014 10:51:45)

Бетани, пиј 3 на ден Б6, могу помага. и чај од ѓумбир.

Мене вчерашното мени ми беше:

- на станување: чај од коприва, едно ипол јаболко, пола кива, пола банана, цеден сок од 1 лимон, една лажичка семе од коприва со мед, една лажичка таан, една лажичка арганово масло и 4 урми
- доручек: пола пастрамајлија, пола кифла со кашкавал и чашка јогурт
- какао, шака ореви и лешници со мед
- ужина: пуканки и една калинка
- ручек: една ајварска пиперка со интегрален ориз, салца, праз, кромид, пченка, грашок и кари , салата зелка
- ужина:чаша јогурт со смоки

Денес: КАЛОРИСКА БОМБА

- на станување: чај од коприва, едно јаболко, салата од пола авокадо, пола банана и лажица кокосово масло, цеден сок од 1 лимон, една лажичка семе од коприва со мед, една лажичка таан
- сега: јаболко
- за доручек и ручек: домашна направена пица со зеленчук и интегрално брашно
- во текот на денот, какао и салатка од марула




Mihaela 2010 -> RE: Трудници, што јадевте денес? (25.10.2014 11:06:10)

Edna banana
Dorucek dve prepeceni lepcinja so puter, sirence, malku ajvarce, pavlaka..odcse po malku si apnav sto imase na masa
Nes kafe
Ke iskacame niz Ramstor mi se uvrtel vekje mesec dena klub sendvic pa toa ke si rucam[sm=smiley36.gif]
Popladne tikva za uzina za vecera neznam nemam plan




Hopeful RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (25.10.2014 11:52:54)

Вчера сабајлето јадев овошје, за ужина лепче со сирење, а за ручек гравче со печени пиперки и зелка салата - мајка ми направи, а мм отиде да земе. За вечера грицкав семки од тиква и сончоглед, и печена тиква со мед.
Денес, на станување изедов две јаболки и 3-4 суви сливи, а сега завршив со супа од тиква и една кришка леб. За ручек се понуди свеки, мм да отиде да донесе, па ќе видиме со што ќе изненади [sm=smiley1.gif] Овие два дена ручек на готово!




lolla RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (25.10.2014 13:43:25)

Houpful, дај пиши рецепта за таа супата од тиква и дали стои 2 дена на ладно?




Hopeful RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (25.10.2014 14:04:03)

Стои, оваа ја правеше мм завчера [sm=smiley36.gif]
Ние немаме осет за количина тиква, и ја правиме од око. Овојпат имавме големо парче тиква од пазар, како џиновска кришка. Се сецнува на помали парчиња од околу 7-8см и се пече како за јадење. На страна се запржуваат две поголеми главици кромид и лук по желба, и се додава излупената тиква, исецкана поситно. Се пропржува малце и се додава врела вода. На тоа се додава коцка за супа (бројот на коцки зависи од количината вода) и зачини - бибер и ѓумбир. Се вари додека не проврие, се блендира и се остава да крчка уште некое време. Ако е густа, се додава вода, и тоа е тоа. На крај може да се пропржат семки од тиква и сончоглед и да се стават одозгора, ептен добар момент даваат. Јас додавам и балсамико, да отвори малце со киселото [sm=smiley36.gif]




lolla RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (25.10.2014 14:17:40)

Фала ти хоупфул, ме настрви ептен сум по тиквите, ја правам неделава. А кажи ми после ја грееш пред јадење утредента пример, или добра е и ладна?




Hopeful RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (25.10.2014 15:47:27)

Ја греам, обично не сакам ладни јадења [sm=smiley36.gif] штознам, може и ладна е добра. Јас па ич не јадев тиква додека мм не ми направи супа и пројадев, ептен е добра! Ако сакаш, можеш да и додадеш павлака. Направи ја и те чекам да ми пишеш! [sm=smiley1.gif]




lolla RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (27.10.2014 11:33:18)

Вчера:

- смуди од аронија, боровинки, банана и урми
- 1 јаболко
- доручек: пржени јајца со лепче, ајварче, маслинки и салата од варена брокула
- ужина: зелен чај, 2 јапонски јаболки, 1 калинка
- ручек: манџа телешко мевце со боранија и моркови
- ужина: 2 јапонски јаболки, 1 калинка
- чај од нане
- вечера: две крики лепче со вајкрем, сиренце и јогурт

Денес:

- чај од коприва, семе од коприва, 2 јаболки, 1 круша, 1 банана
- геврек
- какао
- пак нешто тесто за до крај на работно време
- ручек: исто од вчера и некоја салата ке биде

Оваа недела ке тежнеам да јадам повеќе зеленчук.





Hopeful RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (27.10.2014 12:43:31)

lolla, ептен ме инспирираш со идеиве [sm=bravo.gif]
Гледам дека имаме ист концепт за доручек, смути од овошје и чуда, со тоа што сега откога спомна аронија, ме фати грижа на совест дека сум ја подзаборавила - ми стои цело кило смрзнато, а не ги јадам... [sm=smiley36.gif]

Вчера не знам точно што се изедов, знам дека сабајлето многу овошје, и овес со вода, суво овошје, мед и семки, а за ручек крем супа од зеленчук, макарони со чери патлиџанчиња, лук и козјо сирење, заедно со марула/рукола салата. Вечерта грицкав плазма бисквити [sm=smiley1.gif]

Денес, досега изедов банана и две јаболки, и сега две кришки леб со јогурт (си направив попара, како баба некоја), а за ручек планираме печени компири со салата.




lolla RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (28.10.2014 14:25:43)

Синоќа вечера: лепче со сиренце и јогурт и унгарска салата од марула, тенки кришки од кисело јаболко, ореви, мед и оцет.

Денес:

- на станување: чај од коприва, лажица семе од коприва, цеден сок од лимон и портокал
- по 1 саат: 2 јаболки, круша и банана
- доручек: сендвич со млечни работи, кисели краставички и маслинки од дома
- ужина: какао, овошно јогуртче и 1 калинка
- ручек: крем супа од брокула, праз, компир и морков
- за вечер планирам полнети печурки и зелка салата а ужинка чајче и јапонско јаболко

Ми личи ја најмногу кркам од сеите што пишуваат тука [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Трудници, што јадевте денес? (28.10.2014 14:33:52)

haah iskreno da ti kazam lolla vaka koga gledam mnogu bre krkas[sm=smiley36.gif]

jas denes- caj od kamilica
pa edna banana,imav sostanok,pa okolu 11 jadev domasni banicki (napraeni od mama[sm=smiley1.gif] so jogurtce)
podocna eden portokal
sega kakao
doma nemam rucek pa najverojatno ke krknam edna eva sardina so kromidce i salatice nekoe
za vecera sto ke mi se prijade




Hopeful RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (28.10.2014 20:39:16)

lolla, ти само кркај си, ионака гледам дека се што јадеш е здраво, а очигледно не внесуваш џанк десерти, така што ти само продолжи [sm=smiley36.gif]

Јас сабајлево го почнав со мандарини, цеден лимон, две јаболки и банана, а потоа и овес со урми и семки од тиква, сончоглед, лен и чиа, попарени со врела вода. Секако, и тон вода и чај од брусница. За ручек не сакав ништо готвено или манџесто, и јадев супа од тиква (lolla, овојпат беше и со додаток на путер и лук, и беше уште подобра [sm=smiley1.gif]), две кришки потпепечено лепче, плус салата од марула, рукола, ротквици, млад кромид и две варени јајца. Сега каснав и три мандарини, ја гледам и четвртата, кај да е ќе отиде, а ако огладнам подоцна, планирам ацидофилно јогуртче со суво грозје и семки. Има и еден чоколокум што ме предизвикува, ама мислам дека денес не ми се јаде толку благо [sm=smiley36.gif]




lolla RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (30.10.2014 8:50:02)

Ајде да ја активираме темава:

Вчера:

- на станување, цеден лимон, лажица семе од коприва, салата од пола авокадо, банана, лажичка кокосово масло и чај од коприва
- доручек: пециво со кашкавал и јогурт
- ужина: еден портокал и шака бадеми, ореви, лешници и суво грозје
- ручек: лосос на грил тава, малку печурки и рестован компир со блитва
- какао
- вечера: шоља јогурт и зелка салата со маслинки
- пред спиење: калинка

Денес:

- на станување, цеден лимон и портокал, лажица семе од коприва, 4-5 урми свежи, малку ореви и чај од коприва
- сега мцкам јаболки
- доручек од дома сендвич со интегрално лепче ке биде, а за ручек микс од зелена и црвена леќа манџа со салата зелка и цвекло




Mihaela 2010 -> RE: Трудници, што јадевте денес? (30.10.2014 12:07:05)

caj od nane
banana
dve mali tostcinja
kafe
za posle imam domasni od pcenica kolacinja
doma gravce so marula salata
za vecera ke vidime

mnogu voda,doma od ovosje uste nesto,kalinka,jabolce....




lolla RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (31.10.2014 15:17:28)

Денес:

-на станување, цеден лимон со портокал и мандарина, лажица семе од коприва, салата од пола авокадо, банана, лажичка кокосово масло, ореви, 1 јапонско јаболко и чај од коприва
- доручек: кифла со кашкавал и ич не беше убава
- кафе турско
- ужина: 2 мандарини, 1 калинка и 1 јаболко
- ручек: печени благи компири со сусам со салата марула и рукола
- вечер, ке видиме, зависи од апетит




Hopeful RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (31.10.2014 16:28:06)

На станување, цеден сок од лимон и две јаболки. По некое време, овес со семки, суво грозје и урми потопен во вода.
За ручек гравче и зелка салата, а за вечера уште не ми ни паѓа на памет бидејќи на сред ручек ми се подзгади (иако гравчето беше прекрасно) и некако немам апетит сега [sm=smiley1.gif]




blond -> RE: Трудници, што јадевте денес? (31.10.2014 16:53:29)

Сабајле дека се маткав по град неколку саати, јогурт и лиснато јадев, дома спањак со ориз, па пудинг правев, па нешто овошје кркнав, за вечера тарана. Нешто имам одбивност кон овошјето, со зор го јадам....




Hopeful RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (31.10.2014 16:59:41)

А се рачуна и тоа што сме го сонувале? [sm=smiley36.gif]

Јас ноќеска сонував како мм ми купил симит погача, ама не ме оставил одма да ја јадам со логика - немој, дома ќе јадеме тава од цвекло и ориз! [sm=zmeden.gif] А јас мразам ориз!!! И во сон дури ми се згади...
Мислам дека знам утре што ќе јадам [sm=smiley36.gif]




blond -> RE: Трудници, што јадевте денес? (31.10.2014 17:13:21)

Е луда си хахахахахахахаха. Тава од цвекло и ориз? Жити се, дај рецепт ахахахаха




Hopeful RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (31.10.2014 17:19:45)

Ќути, се надевам никогаш нема да го дознаам рецептот, а ни вкусот!
Златна симит погача [sm=smiley27.gif]




Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>