Hopeful RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (8.1.2015 14:00:35)
|
Гледам сите скромно сме си поминале за празниците, никој не се исповеда [sm=smiley36.gif] Еве да почнам - иако вегетаријанец, забегав деновиве, посебно со млечни производи и благо, тоа што најмалку ми годи. За дочекот на Нова Година јадев компир салата, кифлички, сирење, кашкавал, свежа и туршија салата, ајвари, чоколади... што се не. Следните денови дојадуваме по дома што имаме, плус по гости на ручеци, кај што претежно истите работи ги јадев. Се трудев да јадам многу свежа салата и овошје одсабајле, и барем да пијам многу вода, ама на вага не се качувам [sm=smiley1.gif] Бадник ми е омилен баш дека е посен - правев 'ржан леб со мелени бадеми и семки, и секако со паричка, и ок излезе. Покрај тоа, правев и фелафел (кој излезе ептен добар), имавме и гравче, риба (тоа за мм, јас дека не јадам), свежи салати и туршија, и за благо правев raw бомбици од урми и бадеми, ги знаете. Од денес се враќам во нормала - сабајлево убаво си почнав со масло од лен, банана, јаболко и чај од коприва, а потоа и овес со семки, суво и јаткасто овошје. За ручек си направив фелафел бургер - две фелафелчиња во чиабата лепче, со зелка салата и свеж патлиџан, и излезе ептен добро. Сега мскам манчмелоу на биро, ме фати стрв [sm=smiley1.gif], а дома којзнае, веројатно ќе го дојадеме гравчето и фелафелот.
|
|
|
|