RE: Трудници, што јадевте денес? (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Исхрана за трудници



Порака


kokicekokice -> RE: Трудници, што јадевте денес? (19.11.2014 14:36:12)

Za ruchek si napraviv musaka, a sea si mezam pohovan karfiol, mnogu mi e vkusen dodeka e topol




Aleksx2Leon -> RE: Трудници, што јадевте денес? (19.11.2014 15:22:46)


ИЗВОРНА ПОРАКА: kokicekokice

Za ruchek si napraviv musaka, a sea si mezam pohovan karfiol, mnogu mi e vkusen dodeka e topol

mh, ligi mi napravi so karfiolov [sm=smiley36.gif] daj ziti se kazi kako go spremas i kakov karfiol,svez ili od tursija?




Hopeful RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (19.11.2014 15:42:37)

Денес почнав со банана, па кога се вратив од лекар и едно јаболко и една круша, со пола литар увин чај и 1 литар вода успат. Имав работа, па за ручек наједноставно ми беше да ја стоплам домашната пита на мајка ми со праз и сирење, заедно со две варени јајца, пиперка и патлиџан. И еве, одма ми се приспа [sm=smiley36.gif]
За вечер најверојатно јогурт со семки.




kokicekokice -> RE: Трудници, што јадевте денес? (19.11.2014 16:02:29)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Aleksx2Leon


ИЗВОРНА ПОРАКА: kokicekokice

Za ruchek si napraviv musaka, a sea si mezam pohovan karfiol, mnogu mi e vkusen dodeka e topol

mh, ligi mi napravi so karfiolov [sm=smiley36.gif] daj ziti se kazi kako go spremas i kakov karfiol,svez ili od tursija?

Svez karfiol go secham na parchenca so golemina okolu 6-7sm.Gi mijam ubavo I gi varam vo voda so vegeta. Posle gi proceduvam, pa sekoe parchence go valkam prvo vo brasno pa vo jajce.Ovojpat gi zachiniv I so lukche vo prav za da mi se povkusnI, pa potoa gi przam.




lolla RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (19.11.2014 16:32:06)

Денес добро е досега:

- сабајле: чајче од коприва, семе од коприва, јаболко, банана
- доручек: парче проја
- портокал и мандарина
- кафе турско, па ми падна криво да не сум го вознемирила внатре [sm=smiley13.gif]
- шака ореви, јапонско јаболко
- ручек: печена пастрмка со морков и печурки, и прилог рестован компир со блитва прелиени со лимон
- вечер здравје, ке видиме, се надевам нешто хранливо а не ајвар.

Некој горе пиша дека го јаде овесот со млечни работи, па чувствувам должност да си кажам дека е погрешно. Овесот е пребогат со железо кое ако се измеша со млеко не се апсорбира. Наместо тоа може вода со мед и овес и разни тракатанци во него. Ова нели ако некој внимава на вакви работи.




kokicekokice -> RE: Трудници, што јадевте денес? (19.11.2014 18:09:39)

Lolla, jas od Vitalia imam kupeno Granola-meleni ovesni snegulki za podgotovka na ovesna kasha.Vo upatstvoto za podgotovka pisuva da se potopi so toplo mleko.Sega ova shto pisha za zelezovo me zamisli[sm=zmeden.gif]Pa podobro da ne ja jadam...a so voda mislam deka nema da ja sakam da ja jadam, edvaj vaka se nakaniv




Ki4iko -> RE: Трудници, што јадевте денес? (19.11.2014 18:27:35)

Денешно мени , утрото леб со путер,јогурт и една виршла. Ручек моето омилено тестенини со многу спанаќ лук и павлака.Па тиква, суво овошје.Сега 2 реда црно чоколадо и за вечера ориз со многу лимон ,њам њам [sm=smiley36.gif]




lolla RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (19.11.2014 18:35:33)

kokice јас така знам, ај пробај со вода и мед лажица, ке видиш дека е многу вкусно така, самиот овес има посебен вкус кој си е убав. Пробај па кажи. Ако не бива, па има бадемово, оризово, итн млеко кое нема лактоза. А ако не ти пречи за железотот, овесот е преполн и со други хранливи материи, а железото надополнувај си го на друг начин.




gina -> RE: Трудници, што јадевте денес? (19.11.2014 21:28:19)

o pa i jas ovesot go jadam so mleko[sm=zmeden.gif]




Hopeful RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (20.11.2014 10:15:40)

Овесот е најдобар со врела вода, и евентуално додатоци од типот - мед, суво овошје, свежо овошје, семки, и слично. Сигурно дека е повкусно со млеко, но тоа не е добра комбинација, потполно се слагам со lolla. Дајте му шанса неколку пати, ќе се навикнете, има преубав оревест вкус сам по себе. Попарен треба да отстои некои 10-15 мин, и после тоа додадете мед или свежо овошје, додека пак сувите овошја и семките одат пред да се попари.

И уште нешто - изричито не препорачувам производи од Виталиа, воопшто не се така здрави и природни како што викаат. Тие гранолите и муслите им се преполни со шеќер и конзерванси, и се бетер џанк од чоколадо. Најдобро земете си чист овес од Веро или од Кам. Јас го јадам тој од Кам - ем е најевтин, ем е единствен без глутен (овесот сам по себе нема глутен, но се контаминира при процесот на садење и одгледување).




Aleksx2Leon -> RE: Трудници, што јадевте денес? (20.11.2014 12:27:38)



ИЗВОРНА ПОРАКА: kokicekokice

Svez karfiol go secham na parchenca so golemina okolu 6-7sm.Gi mijam ubavo I gi varam vo voda so vegeta. Posle gi proceduvam, pa sekoe parchence go valkam prvo vo brasno pa vo jajce.Ovojpat gi zachiniv I so lukche vo prav za da mi se povkusnI, pa potoa gi przam.


ti blagodaram, posle ke go isprobam receptot [sm=smiley1.gif]




gina -> RE: Трудници, што јадевте денес? (20.11.2014 13:44:02)

Hopeful jas go jadam toj od kam a musli od vitalia no kaj nas nema vero ni tinex i najmnogu izbor imame od vitalia
fala na sovetot ce probam i so voda [sm=smiley1.gif]




Anuska14 -> RE: Трудници, што јадевте денес? (20.11.2014 14:06:57)

банана, кафе, лиснато геврече, протеинско чоколадно барче, мандарина и сега одам да лупам јаболче...ајде кој е ЗА




lolla RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (21.11.2014 9:12:12)

Женски, ве нема да пишете дали ве бендиса овесот со вода?

Јас вчера:

- сабајлето: чајче, семе од коприва, 2 киви, јапонско јаболко, цеден жолт цитрон и лажичка арганово масло
- овес со вода, овесни трици, 2 сецкани јаболки и 2 шаки микс од сончоглед, сусам, лен, семки од тиква, ореви, лешници и брусница (многу беше вкусно)
- посел пола баничка со месо и се покајав, многу ми беше неубаво од неа
- какао
- ручек: интегрални макарони во сос од многу праз, домата и овчи кашкавал (исто беше ептен вкусно)
- чајче
- кисело млекце со лажичка чиа за вечера

Денес:

- смуди од банана, аронија, боровинка, урма, капина
- овошје; 2 јаболки, портокал, мандарина
- доручек ке биде геврек, за ручек имам телешко мевце манџа со боранија
- итн....




Hopeful RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (21.11.2014 11:13:53)

Вчера за доручек банана, јаболко, круша, на работа каснав некое пециво од Пастел со ЛГГ јогурт, а дома за доцен ручек јадев салата од розев патлиџан, авокадо, козјо сирење и варени јајца, со лепчиња во тостер. После тоа каснав малце еурокрем [sm=smiley36.gif], а вечерта уште една банана. Паралелно со тоа и чаеви (коприва, увин) и вода.

Денес сум малце за карање - пијам чај од коприва, а овошјето ми дреме во кеса, чека да го исецкам во салата. Си носам јаболко, круша, ананас и киви. За ручек немам поима, искрено... Може некои тестенини да си направам по дома.




gina -> RE: Трудници, што јадевте денес? (21.11.2014 19:38:57)

jas uste ne probav ovesot so voda
denes jabolko, banana, tuna riba so edna kriska leb, caj od kamilica, urmi edna kiva
rucek leka, i makalo so suvi crveni piperki so praz
caj od sipinka,edna kalinka
a vecera sigurno ovosje preku den kako poslabo da go jadam ovie denovi
aj ce odam da kasnam nesto




lolla RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (22.11.2014 21:31:03)

gina, јас пак да ти заматам раат. Туната не се препорачува за бремени заради живата што ја содржи во неа. Не дека нешто ке биде, ама што поретко да се јаде во 1 триместар. Јас еднаш само каснав малку ама шубе ми беше. Подобра варијанта е сардината и лоссосот, не сум сигурна за скушата.

Јас денес мераклиски:

- сабајле: јаболко, чај, цеден лимон и портокал, кокосова вода и четвртина кокосов орев
- доручек: 2 јајца варени, кришка леб и пинџур, маслинки и кисело млекце
- па после шетање, едно варено јајце, 1 јапонско јаболко, 3-4 суви сливи, какао - комбинација ипол
- па во тренд: пица рустикана со моцарела, кашкавал и домати, многу беше добра и плус земав од на мм салатата
- па дома чај од камилица, 2 портокали, мандарина и сега пуканки и доста е

Исто не се препорачува да се јаде свеежи млади сирења, моцарела и урда, може термички обработени ама свежи не.




Felly RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (22.11.2014 22:12:07)

Малку да ви се замешам во темата[sm=nosecka.gif] Сите рецепти кои ги пишувате нека одат во темата Да готвиме заедно, па може да ги пробаме и ние што не сме[sm=nosecka.gif] А општите информации за исхраната може да одат во темата Што треба да избегнувате, или Хранливи материи препорачливи во бременоста.




Hopeful RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (23.11.2014 3:15:39)

Денес:
- почнав со јаболко и овес со семки и суво грозје, чај од коприва, чај од брусница
- после за ужина си каснав едно лепче со козјо сиренце и свежа црвена пиперка, една од омилените комбинации ми е [sm=smiley1.gif]
- за ручек бевме кај моите, на посно тавче гравче со две салати - зелка и патлиџан, пиперка, кромид, феферонки и маслинки
- веројатно ужина му доаѓа, кафе и едно благо од Пастел (кроасан со крем и јаболко), мнооогу добро
- за вечера 4 мандарини
- сега доцна мала чашка збрегов ацидофилен јогурт
- вода во текот на целиот ден
[sm=smiley1.gif]

Си купив од Веро благи компири и уште од сега им се токмам за утре [sm=smiley36.gif]




Melanija RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (23.11.2014 10:04:36)

Има тема и за туната [sm=smiley1.gif] Конзервирана туна-забранета за трудници




Ki4iko -> RE: Трудници, што јадевте денес? (23.11.2014 20:36:25)

Денес бев на гости, за појадок кори со сирење и јогурт, за ручек чорба со плескавици, за вечера компирчиња ,њам [sm=smiley36.gif]




Hopeful RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (23.11.2014 20:51:47)

Денес добра сум, не забегав [sm=smiley36.gif]

- на станување две јаболки
- за појадок овес со семки и суво грозје, чај од коприва
- измеѓу оброци кафе и две мандарини
- за ручек печени благи компири со тон зачини, прекрасни ми излегоа, заедно со салата од марула и рукола
- за ужина овошен тарт од Пастел
- сега се мислам да каснам домашна пита со зелје и урда, веројатно со јогурт [sm=smiley1.gif]




ana mari -> RE: Трудници, што јадевте денес? (23.11.2014 22:38:36)

a jas preterav so blagovo sekoja nok vikam od utre nema i ete stanuvam pravo za nesto blago se fakam[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif].... ke se napravam kako[sm=sloncek.gif][sm=sloncek.gif] ako prodolzam vaka [sm=smiley13.gif][sm=smiley13.gif]




lolla RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (25.11.2014 11:22:15)

Женски, ја заборавивме темава. Јас вчера па и денес ке биде: ориз интегрален со зеленчук, какао, цеден лимон, семе од коприва, некое јаболко, портокал, чајче, печена тиква и правев хумус кој испадна супер.

Хумусот демек е нели многу здрав за трудници содржи тон протеини, витамини и минерали а низок број калории па може да се крка, има и низок гликемиски индекс.

Оставив да отстои наут во вода, го сварив потоа, па го изблендирав заедно со сок од 2 лимона, 1 лажичка лут буковец, маслиново масло 4-5-6 лажици, хималајска сол, 3 големи лажици интегрален таан, 2 лажици сусам и од водичката што се вареше наутот. Се става и лук, ама не е пожелно ако го јадеш додека си на работа. Е сега состојките се од тепка, значи си пробував на вкус да го натаманам ама убаво испадна, имам уште малку за вечер. Го јадев сабајле со интегрално лепче, маслинки и карфиол од туршија.

Некоја пиша за макало со праз, ај рецепта ако може.




Hopeful RR -> RE: Трудници, што јадевте денес? (25.11.2014 11:56:15)

Хумус јадев секој ден додека го правев ивф-то, и тоа толку многу што ми се смачи [sm=smiley36.gif] Ама може сега пак да си направам, по ист рецепт го правам и јас и прекрасен е! Lolla, пробај стави му и кумин, многу добар шмек му дава, баш арапски. Инаку наут обожавам - најчесто го спремам така што откако ќе откисне една ноќ, го запржувам со кромид и домати, му додавам вода да се крчка додека не се редуцира, и со зачини, излегува супер густа манџичка.

Инаку, вчера на работа не можев да си го фатам редот. За доцен појадок изедов само две банани, а после каснав две варени гевречиња и два розеви домати. Дома вечерта јадев две варени јајца со салата од авокадо, домати и пиперки, со интегрално лепче од Јонташи (омилени ми се нивните лепчиња) со малце кашкавал, потпечено во рерна. Добро де, и едно мало еурокремче изедов, од оние во градинка што ги даваат [sm=smiley1.gif]

За денес, почнав со јаболко, банана, две мандарини, и имам тука три киви. Ќе видам што ќе каснам уште на работа, а дома планирам компир салата со свежа салата.




Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>