Bea -> RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. до 40. недела [chat] (28.1.2016 8:44:42)
|
Еве ме и мене 36+3. Ги направив сите брисеви плус стрептокока и листерија (не знам зошто и листерија, прв пат слушнав дека и тоа се проверува), се е ок. Единствено во урината имам мала количина enterococcus 50000/ml, ама за секој случај добив ампицилин антибиотик и вагиналети кои ќе ги ставам 5 дена. Јбг, ич не ми се пие антибиотик, ама па пред породување не сакам со бактерии да се занимавам. За сите идни мами и за железото, сакам да препорачам секој ден по една лажица семе од коприва (во мед, сок или смути) и 40ml гроздов слад растворен во чаша вода. Мене ми го спаси хемоглобинпт и железото без хемија. А да :) Бевме и на прво на цтг, син на мајка најде тогаш да се успие, па дури откако се свртев на страна почна да мрда. Наредно цтг во понеделник. Морам да кажам дека возбудата расте :) Се средуваме дома, уште козметика ни остана да купиме и некоо ситници и се надевам ќе го намолам мм да ги залепи детските тапети наскоро :)))
|
|
|
|