Bea -> RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. до 40. недела [chat] (3.1.2016 9:37:57)
|
Хелоу, еве ме и мене :) Периодов пред нова година ми беше баш зафатен со трчање по лекари бидејќи контролата за димерите ми се паѓаше баш на 30-31ви, па се плашев дали се ќе успеам да завршам и да бидам покриена со терапија за празнициве. Прво бев на контрола на гинеколог, докторката рече дека постелката одлично се повратила и нема нови калцификати, плодовата вода исто се вратила во нормала, грлото е 42 мм. Бебуш е супер, се свртел наопаку, со главата горе, па ќе видиме со тоа што ќе се случува. Инаку е 10 понапреден, долго, крупно бебе (на мм) па се мислев дали да направам скриен шеќер иако докторкава ме убедува дека нема индикации и дека стомачето не е поголемо. На трансфузиологија ХАОС! Димерите ми се намалени на околу 900, но протромбинските времиња повторно ми се скратени, 21. И не добив извештај како минатиот пат со терапија, а на резултатите ми пишуваше дијагноза КРВАРЕЊЕ ВО РАНА БРЕМЕНОСТ! Среќа се договоривме со докторкава да паузирам со клексанот за празнициве, на 8-ми сум на контрола, па тогаш веројатно ќе продолжам. И така :)
|
|
|
|