Martins mom -> RE: Колку мажите навистина помагаат? (1.7.2011 12:18:31)
|
Многу сум разочарана по ова прашање, ама тотално[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] Мм нема земено слободен ден кој знае од кога, многу работи и ептен е уморен, ама гледам дека е и незаинтересиран за семејството[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] Ај шо не помага ништо дома, не помага, таков си е и го прифатив тоа без да му пререкувам било што-го сфаќам уморен е, ама ете пред два дена Мартин крена многу висока Т, нејќеше да пие сируп, не даваше да го преслечам, бладаше и плачеше цела ноќ, па продолжи и преку ден, ми беше тешко и физички, а многу повеќе психички оти си го гледам детето во таква состојба. Го замолив да ми помогне, а тој рече дека не можел да стане оти утре бил на работа.ОК! Велам утре после работа да го однесиме на лекар, исто ме одби.Да сум го однесела сама.ОК! Го однесов, зедовме лекови, а тој ниту ми се јави да праша ни ништо. Си дојде сношти касно од работа, се најаде, се истушира и си легна без да праша дали имам потреба од него, а јас цел ден немав ни до веце појдено ни јадено.ОК! Ноќеска Мартин стануваше на интервал од два саати и плачеше по саат и пол без престан, едвај го смирував, душата ми излегуваше и го замолив да се менуваме, да поспијам барем малку оти веќе немам снага, а тој да си земе слободен ден од работа, таман и ќе одмори малку, ама и тоа не сакаше.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] Како да постапам, му кажав дека ми е тешко и ми е потребен покрај мене, а тој успешно го изигнорира цел муабет[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]
|
|
|
|