Martins mom -> RE: Колку мажите навистина помагаат? (2.6.2012 15:13:09)
|
Епа кога не одев на работа-не смеев ни да писнам дека ми треба помош, пошто мм оди на работа и е уморен. Ми рече дека кога ќе се вработам ќе биде поинаку. И тоа се случи и сега е бетер[sm=hudicek1.gif] За да се истуширам, да јадам, а не дај боже да си искубам веѓи или да се издепилирам...па тоа е луксуз, си идам од работа и одма малиот ми се беси на врат.А кога тато си иди од работа, тој треба да се искапи, да јаде, да одмори, да погледа телевизија, да поседи на нет, па да си одбере добро филмче за да си го гледа вечерта. Бљак! Кога сум втора смена, може и да си излезе на прошетка, онака да се види со другари, а јас каснам 15 мин од работа и одма потера по мене. ЗОШТО каснам, детето плачело...ма даааај! Знам дека има мажи што помагаат, ги гледам насекаде околу мене и блазе им на жените, а за себе си знам дека тој филм не го гледам.
|
|
|
|