RE: Опстипација кај бебињата (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


Mammy -> RE: Опстипација кај бебињата (29.1.2010 14:04:22)


ИЗВОРНА ПОРАКА: big_mama817

а да пробаш со сирупот ос сливи и смокви се дава кај бебињља од 6 месеци па нагоре пробај ефикасен е јас на син ми дадов пред неколку дена и се нормализираше


Да, да испробано и кај нас. Супер е.




Еца -> RE: Опстипација кај бебињата (29.1.2010 14:07:34)

Не смеам од тој сируп бидејќи смоквата може да предизвика алергијата, бидејќи Мартина беше голема кога доби опстипација, а докторката од имунологија не ми дозволи да и дадам ваков сируп. Не смеам круша до среда, ќе прима вакцини, ние сме посебни, нели,не смееме ова, не смееме она [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]почна да ме фаќа нервоза.




Mammy -> RE: Опстипација кај бебињата (29.1.2010 14:11:33)

Јака ти душа Еца. Ајде се ќе се среди, само трпение. Како велат старите Трпение Спасение.




mis. -> RE: Опстипација кај бебињата (29.1.2010 16:33:04)

КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ ДАЛИ БЕБЕТО ИМА ЗАПЕК Изгледот на столицата на бебето е често под инспекција на неговите родители. Тоа не е без причина. Од изгледот на столицата често пати може да се позне дали бебето има некои здравствени проблеми. Запекот е еден од нив. Запекот е редок кај мали бебиња. Особено е редок кај оние бебиња кои се доени. Најчесто може да се јави проблем кога бебето ќе попорасне и ќе почне да јаде и тврда храна. Во првите недели од животот доените бебиња какаат по неколку пати дневно. Понекогаш дури и после секое доење. Понекогаш пак може да се случи да го направат тоа само еднаш или два пати во цела седмица. Дури и во таков случај, ако столицата е ретка, нема потреба за загриженост. Бебињата кои се хранети со вештачки формули на млеко најчесто какаат само еднаш дневно, а понекогаш може да се случи да го направат тоа еднаш во 3-4 дена. Ова не мора да биде проблем, ако столицата не е тврда. Но бебињата хранети со вештачко млеко имаат поголеми изгледи да добијат запек и кај нив е потребна поголема внимателност. Вистинскиот запек значи дека изметот се задржува во цревата и станува се посув и потврд. СИМПТОМИ НА ЗАПЕК КАЈ БЕБЕТО Речиси сите бебиња кога вршат нужда се грчат и стенкаат, но доколку бебето плаче или приметувате дека има проблеми додека врши нужда, кажете му го тоа на неговиот лекар. Запекот кој се јавува кога бебето ќе почне да јаде тврда храна најчесто ги има следните симптоми:
  • Болка или нелагодност во стомакот.
  • Цврст стомак.
  • Болка во стомакот, која се намалува по извршената нужда.
  • Цврста столица.
ПРИЧИНИ ЗА ЗАПЕК КАЈ БЕБЕТО Најчесто запек може да се јави ако бебето не прима доволно течности. Но ако проблемот продолжи, ќе биде потребно да се испита и да се исклучи некое заболување. ШТО ДА НАПРАВИТЕ АКО ВАШЕТО БЕБЕ ИМА ЗАПЕК
  • Кога Вашето бебе е на тврда храна и пати од запек, консултирајте се со неговиот лекар дали да додадете неколку чајни лажички пасирани модри сливи во неговиот оброк од житарици или пак 2 чајни лажички сок од модри сливи.
  • Давајте му повеќе течности.
  • Намалете ја количината на храна која го поттикнува запекот нпр. банани, ориз, житарки и сл.
  • Може да му помогне ако нежно ги движите ноџињата како да вози велосипед. Тоа ќе направи полесно да се разработат цревата на бебето.




Snowhite RR -> RE: Опстипација кај бебињата (3.3.2010 22:51:58)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mammy

Е тоа за топломер, една сестра од Јане Сандански ми кажа, кај машки деца да не се мери температира со топломер во газето, ниту пак да се прави провокација за какање..Не знам зошто [sm=zmeden.gif]
Тоа само кај девојчиња..
А инаку ставивме и чепче специјално за деца од Фитофарм.


Зошто кај машки деца да не се мери во газето температура? А како да се мери? Јатрва ми на внукот кога беше бебе така му мереше температура и така го провоцираше да се искака




mami -> RE: Опстипација кај бебињата (4.3.2010 8:13:43)

НИкогаш, никогаш му немам ставено топломер во газето..температура мериме со топломер под пазуви или оној за на чело..а за какање решававме со кревање ноџиња и притисок на стомачето..Тоа со топломерот ми е толку одвратна работа- извинете ама никогаш не би можела тоа да му го направам




Палешка РР -> RE: Опстипација кај бебињата (9.3.2010 18:20:27)

Не е баш опстипација, ама се случува и три дена да не се искака, еднаш дури и 1/4 чепче и ставив. Докторката ми рече дека кај бебиња што цицаат нормално е и пет дена да не се искака, ама па тежина е тоа [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Опстипација кај бебињата (9.3.2010 18:22:32)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Често пати кај доенчињата кои само цицаат се случува поретко да се празнат, дури и еднаш неделно, бидејќи мајчиното млеко целосно се вари, па и самата столица е многу оскудна и најчесто е неапсорбирани протеини, цревен секрет(слуз) и многу гасови.
Додека доенчињата кои се на адаптирано малеко имаат повеќе остатоци во цревата и вистинската опстипација кај нив е многу почеста.

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] Сега малку се смирив[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]



Ооо, сега ова го прочитав..и јас малку се смирив [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




haley -> RE: Опстипација кај бебињата (9.3.2010 18:40:45)

Јас имам луда среќа да чукнам во дрво што само еднаш еден ден имаше констипација и немав потреба ништо да превземам.
Поради тоа што собирав информации плус имам две три ептен сериозни книги за бебиња да кажам само дека овдека се препорачува на бебето да му се даде  малку вода која е многу богата со магнезиум. (некоја вода флаширана на која јасно е прикажано колку има магнезиум)
требаат 10мл за бебе до 3-4месеци а и подоцна дали 15-20мл  што стварно не е тешко да се даде ..  ова се смета за многу подобро и поефикасно нешто против констипацијата наспроти тоа со чепче и сл. кое се смета за агресивно и од механичка природа и кое не смее дас е прави повеќе од 1-2 месечно. (барем така овие кажуваат)




mis. -> RE: Опстипација кај бебињата (25.4.2010 16:00:42)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Djana

здраво на сите...  андреј ми има 2 месеца и веќе две недели по ред нема редовна столица и има голема мака поради тоа па мораме со чепчиња да го решаваме проблемот! он цица и плус го дохранувам ама само еднас во денот т.е. само навечер му давам аптамил... ве молам за помос 




Leonida -> RE: Опстипација кај бебињата (3.5.2010 10:34:13)

Абе да не си раат! Таман едно си решил одма доаѓа друг проблем[image]http://www.tiptopglobe.com/skin/smile/s12633.gif[/image]
Веќе трет ден како не ги има наполето пелените, само си мочка. Се сеќавам дека и претходно имавме ваков проблем и најверојатно и е од Нан-от, па сега не знам што да и правам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Да и го смеам млекото нема шанси, едвај и ова го прифативме. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley24.gif[/image]
Можно е да и е од оризот? 3 дена веќе и давам по многу малку ориз ( поешано со млеко )?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




big_mama817 -> RE: Опстипација кај бебињата (3.5.2010 10:37:01)

леонида да пробаш да и дадеш сок од јаболко или пак чај од бекутан оној за бебиња бидејќи содржи ансон а тој помага кај запек и сигурно ти е од вештачкото млеко тоа е нормална појава бидејќи и син ми има обично му давам и сирупот од сливи и смокви но мислам дека е за бебиња од 6 месеци а твојата бебушка е мала[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




elle -> RE: Опстипација кај бебињата (3.5.2010 11:40:30)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]
од први сабајлето ги нема наполнето пелените само мочка но ние не сме на адаптирано на доење сме вчера и давав јаболко, денес кашичка- јаболко и круша на hipp и пак ништо[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




elle -> RE: Опстипација кај бебињата (3.5.2010 11:45:17)

ова ни се случува прв пат а овде прочитав дека се почнува со воведување цврста храна[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]а јас и давам јаболка и круша од кои се омекнува столицата




matushka -> RE: Опстипација кај бебињата (3.5.2010 11:53:32)

A da probas so kasishkite od sliva na Hipp?




Палешка РР -> RE: Опстипација кај бебињата (3.5.2010 12:01:07)

А зошто воопшто купувате готови кашички? Па сето овошје го има, јаболка, банани, круши, дури видов и грчки сливи во Тинекс. Само сварете, ставете во блендер и готово. Миа веќе 2 седмици јаде овошје, па не добила запек..еве 2-3 дена јаде и ориз, немаме проблем.
@Леонида, во краен случај ставете чепче Glycerolax, почекај ја до 5 дена, мене така ме советуваа.




elle -> RE: Опстипација кај бебињата (3.5.2010 12:13:29)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

А зошто воопшто купувате готови кашички? Па сето овошје го има, јаболка, банани, круши, дури видов и грчки сливи во Тинекс. Само сварете, ставете во блендер и готово. Миа веќе 2 седмици јаде овошје, па не добила запек..еве 2-3 дена јаде и ориз, немаме проблем.

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] немаме купено блендер а пасирано не сака плука и се дави а готовите каши ги крка[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
сега читав во темата за блендери и незнам каков да купиме[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Опстипација кај бебињата (3.5.2010 12:29:56)

Па може и во соковник elle, не мора блендер




elle -> RE: Опстипација кај бебињата (3.5.2010 14:10:29)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image]
СЕ ИСКАКАВМЕ[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




elle -> RE: Опстипација кај бебињата (3.5.2010 14:12:16)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Па може и во соковник elle, не мора блендер
Со соковникот е многу течно а не сака да пие од шише баш мора со лажиче




Leonida -> RE: Опстипација кај бебињата (3.5.2010 14:28:59)

ИЗВОРНА ПОРАКА: elle

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image]
СЕ ИСКАКАВМЕ[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]



[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] и ние [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Maca25 -> RE: Опстипација кај бебињата (3.5.2010 14:39:23)

На Нина многу и помогна кашичката од сливи на Бебивита!!! Испробано! Откако ќе ја изедеше кашичката после 10 мин какаше. И сега кога ќе и се појави опстипација, одма купувам од таа кашичка. 




ripce -> RE: Опстипација кај бебињата (3.5.2010 15:05:59)

Мојот совет е истиот како и на некои претходни членови, кашички од слива и крушка (барем нам ни помагаше!!!) и масажа на мешето со вашите прсти во насока на стрелките на часовникот, јас ја применував ако не ми какаше во текот на денот, и така му олеснував, да се искака и да заспие, а да не се плашам да не го фатат грчеви во текот на ноќта...




jovanka -> RE: Опстипација кај бебињата (3.5.2010 15:08:39)

patlidzan rendan ako e pomalo i niz gaza proceden




Палешка РР -> RE: Опстипација кај бебињата (19.5.2010 13:05:08)

Аххххх, Миа доби опстипација од бананата и тоа колку малку и ставив во крушата [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] 




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>