RE: Опстипација кај бебињата (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


big_mama817 -> RE: Опстипација кај бебињата (19.5.2010 13:51:17)

Палешка пробај да и дадеш тола вода ,кашичка од сливи,круша и јаболко исто и масирање[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Опстипација кај бебињата (19.5.2010 15:01:37)

Ја масирав на стомачето и и` дадов кашичка од круша и се покака [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]





Snowhite RR -> RE: Опстипација кај бебињата (19.5.2010 16:30:54)

Кашичка од слива мислам е најдобар лек против опстипација кај бебината, односно и кај поголемите




Палешка РР -> RE: Опстипација кај бебињата (19.5.2010 17:29:35)

Незнам дали слива се дава на скоро 5 месечно бебе [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Баш сега бев во Тинекс и се думав дали да купам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Snowhite RR -> RE: Опстипација кај бебињата (19.5.2010 20:22:27)

Хм..не знам што да ти речам,на нив што пишува?Да ја прашаш др или на аптека, некаде пишува дека во шестиот месец се дава слива, а тоа јас го сфаќам кога ќе наполни 5 веќе е во 6ти ме




melody -> RE: Опстипација кај бебињата (19.5.2010 21:53:54)

I kaj kerka mi se sluci istovo koga vovedovme cvrsta hrana ,no jas go resiv so davanje malku kompot od kajsija.Isto i kivito pomaga za bebeto da dobie meka stolica.




Палешка РР -> RE: Опстипација кај бебињата (19.5.2010 22:30:21)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Хм..не знам што да ти речам,на нив што пишува?Да ја прашаш др или на аптека, некаде пишува дека во шестиот месец се дава слива, а тоа јас го сфаќам кога ќе наполни 5 веќе е во 6ти ме


На кашичките од слива пишуваше од 4 месеци, но јас ги разгледував свежите сливи [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Сега ќе прочепкам по нет, па ќе ве известам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Pregnant -> RE: Опстипација кај бебињата (10.6.2010 23:52:18)

Jas sum nova, ama si imame maka, pa ako nekoj znae nekoj nacin da mi dade sugestija. Nie sme 4 nedeli stari i nikako da se iskakame (po priroden pat). Otkako si dojdovme od bolnica samo 2-3 pati se pokaka i kraj. Jas ottogas dvapati so toplomer aj predizvikav i sega pak nema pojma. Inace sme samo na doenje i ubavo si napreduva, spie, ne place za da e gladna, si mocka ubavo. Stvarno ne znam sto bi mozela da i dadam na ovaa vozrast. Please help! 




Snowhite RR -> RE: Опстипација кај бебињата (11.6.2010 0:21:21)

Не се секирај, ако е само на цицање, може неколку дена да не се кака, зошто мајчиното млеко целосно се преработува, ако не плаче, тогаш нема мака




big_mama817 -> RE: Опстипација кај бебињата (11.6.2010 9:29:41)

јас мислам дека можеш да и дадеш Палешка веќе е голема Миа




Slagjana -> RE: Опстипација кај бебињата (11.6.2010 9:46:12)

Истиот проблем го имаше и моја другарка. И до 4 месеци бебето само со топломер во газето какаше. После почнаа со кашички и се среди. Пред тоа не и препорачаа ништо освен мајчино млеко и чај.




Maca25 -> RE: Опстипација кај бебињата (11.6.2010 10:19:29)

јас мислам дека не треба да се претерува со топломерот. Pregnant пробај ти да пиеш повеќе сокови од кајсија, компоти од слива и сл. и ќе видиш дека тоа ќе делува и кај бебето (но и кај тебе). 




Тања РР -> RE: Опстипација кај бебињата (11.6.2010 15:43:24)

Топломерот никако не се препорачува да се употребува често.

Детето на брат ми го имаше истиот проблем и педијатарот им препорача да му даваат превриена зашеќерена вода и сега кака секој ден.




Slagjana -> RE: Опстипација кај бебињата (11.6.2010 16:23:49)

А Тања колку шеќер ставаат и во колку вода? 




Палешка РР -> RE: Опстипација кај бебињата (11.6.2010 17:15:41)

Едно лажиче шеќер, на 100 мл вода.

Јас само во екстремни случаи (опстипација од 5 дена) сум користела 1/4 Факту чепче.





Martins mom -> RE: Опстипација кај бебињата (17.6.2010 14:31:01)

Дали од Легоферот бојата на столицата затемнува?? Мартин од ко почна да го пие сирупот поретко кака и столицата му е погуста и со потемна боја..[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Дали некоја мама ќе може да ми одговори??




big_mama817 -> RE: Опстипација кај бебињата (17.6.2010 14:46:54)

да тоа е нормално бидејќи тоа е сируп за железо и нормално да е потемна столицата [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




elle -> RE: Опстипација кај бебињата (17.6.2010 14:54:54)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

Дали од Легоферот бојата на столицата затемнува?? Мартин од ко почна да го пие сирупот поретко кака и столицата му е погуста и со потемна боја..[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Дали некоја мама ќе може да ми одговори??

и на ќерка ми и давам легофер и истото ни се случува, но незнаев дека е од легоферот, јас мислев дека е од храната,редовно кака но само столицата е потврда




Maca25 -> RE: Опстипација кај бебињата (17.6.2010 14:57:42)

Сигурно е од легоферот. Кај ќерка ми освен што и се затемни столцата, уште и по 4-5 дена не какаше, маки мачевме додека го пиеше. 




Anushka -> RE: Опстипација кај бебињата (17.6.2010 15:21:51)

сите препарати и продукти кои содржат железо (темно чоколадо, какао, чоколадо, легофер и сл) прават опстипација. Давајте им да дечињата наутро на гладно да јадат што повеќе овошје (особено сливи, кајсии, киви, смокви) и компоти. Имам бебе од 11 месеци, а секое утро доручкува само овошна кашичка. 




Martins mom -> RE: Опстипација кај бебињата (17.6.2010 17:21:16)

само на мајчино млеко сме, па затоа сигурно е од легоферот, нема од што друго да е...




Ana Dani -> RE: Опстипација кај бебињата (23.6.2010 17:09:02)

Zdravo mamicki! Clen sum podolgo vreme, no prv pat pisuvam.  Moeto bebule Filip ima 36 dena i veke go fatija grcevite.  Probavme so mnogu nesta, no najmnogu mu pomagaat Espumisan L kapkite.  Gi vovedovme poslednive nekolku dena i veke ima podobruvanje.  No imame drug problem.  Ne moze redovno da kaka. Inaku e na doenje i plus dohrana so adaptirano mleko.  Posle hranenje se uspiva vo race dodeka go drzime da podrigne i stom go stavime vo krevetce, po 2-3 minutki pocnuva silno da se naprega kako za kakanje, da se vcrvuva vo liceto, da pravi grimasi, da preta so racinjata, da gi vitka gore-dole nozinjata i ke pocne da place.  Ispusta gasovi, ne moze da se pokaka, no obavezno ke vrati na nekolku pati od haranata ili pak ke povrati od samoto napreganje.  Ne e kakan 3 dena i e spien samo koga lezi vrz stomak kaj mene ili kaj mm. Ne znam dali toa se normalni reakcii i grimasi koga ima zapek i ne znam dali toa reagiranje e vo red?  Go gledam deka se maci, tolku macni grimasi pravi i ispusta cudni zvuci, a ne znam kako da mu pomognam.  Ve molam pisete mi vo red li e taka da reagira na toa sto ne e kakan ili pak e toa posledica na drugo nesto? 




Тања РР -> RE: Опстипација кај бебињата (24.6.2010 14:16:10)

Ана Дани бебиња стари колку твоето може да не какаат и до пет дена и тоа не се смета за страшно, но ако детето навистина се напрега и плаче можеби ќе треба да се превземе нешто за да му се втечни столицата.
Не знам какво АД млеко му даваш, можеби би било добро да го промениш за да видиш дали тоа е причината за опстипацијата. Јас би ти препорачала Хипп пробиотско (розевото).
Веќе пишав погоре, моето внуче имаше ист проблем и го решија со давање провриена засладена вода (1 лажиче шеќер на 100 мл вода).
Пробај исто со кружни движења околу папчето да му го масираш стомачето.




biljana16 -> RE: Опстипација кај бебињата (24.6.2010 17:04:46)

Ana Dani potpolno istoto go imavme i nie donekade 90 dena a posle toa se smiri. Sin mi do krajot na 3 mesec ne sakase ni minuta da lezi sam tuku samo spiese na necije ramo. Po celo vreme se vitkase i placese i mnogu mi bese zal no za zal ne postoiese nekoe drugo resenie osven toa so saati da go drzime vo race za da spie.  Bidejki jas bev golema panicarka koga nemozese da se kaka mu stavav cepce i posle toa bese podobro. Moeto dete vo toj period isto taka bese na doenje i na adaptirano mleko. Ne se sekiraj se ke se sredi




NenaG -> RE: Опстипација кај бебињата (25.6.2010 10:05:35)

Здраво, имам синче веќе месец и пол. Вчера имавме проблем со столицата, имено има болни столици, многу поретки, навечер дури ни една. Формата на столицата е сменета, еднолична маса како паста за заби, но бојата е се уште жолта. Исхраната се сведува на мајчино млеко, со тоа што по препорака на педијатар го дохрануваме со Аптамил неколку дена. Доколку имате слично искуство би ве молела за предлог, јас сум со намера да го исклучам аптамилот и да продолжам исклучиво со доење. Се прашувам дали може опстипацијата да биде предизвикана од намален хемоглобин (100). Јас пијам легофер со цел да го покачиме железото, значи Виктор не конзумира директно железо и можеби резултатот поради тоа е и побавен. Ве молам за совет.




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>