Pregnant -> RE: Опстипација кај бебињата (21.8.2010 18:50:00)
|
Здраво popiks, и моето бебе е 3 месеци, но кај нас проблемите со какањето почнаа веднаш по враќање од болницата. Педијатарот ми рече остави го само, но откако поминаа 10 дена веќе немаше смисла и му ставив чепче, па се олесна. Потоа ќе се искакаше само следниот пат, и пак ништо нема 7 дена. И така првите два месеци бевме. Потоа почна само од себе да кака, но на 3-4 дена, важно е дека само кога ќе му дојди, без провокации. Инаку и кај мене беше многу мирно, без плачење, без нервози, добро си спиеше. Најверојатно е период кој поминува за месец-два, зашто и поголемото кога ми беше бебе го имавме истиот проблем - прво убаво какаше, па еден период воопшто не, па потоа се нормализира. Инаку и двете ми беа само на доење, претпоставувам дека и кај тебе е така, зашто обично тие бебиња што се само на мајчино млеко какаат поретко од другите. Не се секирај, ќе помине, јас ги чував и до 10 дена без какање.
|
|
|
|