Hopeful RR
|
Девојки, не сте сами, може само така ви се чини дека овој бран на ивф нема многу во постапка, но без гајле, тука сме, има и многу што само читаат Пепапа, зошто сама да се боцкаш со прегнил? Што не си отидеш на дежурен да те боцнат? А ако веќе си решила, еве butterfly 00 супер ти објасни, не е толку тешко колку што изгледа, само храбро Среќичка, јас не сум фан на домашни тестови, се изнагледав негативни, а моментот на 5 мин чекање ме убива. Ти советувам да си провериш квантитативна бета преку крв, ем точно ќе се знае што е и како е, ем помал е стресот. Откако ја добив бетата му викам на мм сега ќе идам дома и ќе се измочам на сто домашни тестови, за конечно да ја видам фамозната втора линија, но решив дека нема зошто, тоа е скроз небитно. Ајде со среќа, те мислам! Пинки30, петок е денот, а? Ми се гледа малку рано 12 ден, но правеле и други, и кога има, има. Ајде со среќа и дај боже што повисока бета! Ме потсети со твојот муабет јас кога требаше да правам, се уфилмав дека ако правам каде било на друго место бета ќе биде ниска, а ако правам во Систина ќе биде висока. Свашта, што да ти кажам, во Систина е изгор бетата. И му кажувам на мм, му викам скроз ирационално е, ама мора таму да направиме инаку џабе. И ме гледа мм ненорнална, и ми вика ајде, ако до толку дошло, ќе идеме во Систина! Фала богу се излезе ок
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|