Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VIII дел (24.4.2016 10:44:43)
|
Pinky30, тек сега те читам, ме расплака... [sm=smiley13.gif] Многу ми е жал, премногу, и ептен сочувствувам со тебе. Не знам што да кажам освен како што и пишав и на Нина - во вакви ситуации јас верувам дека има некаква причина зошто ова се случува, или хромозомски не бил ок ембрионот, и покрај испитувањата, сепак не може да се предвиди рекомбинација на гени, или нешто сосема трето, но што и да е, верувам дека не е рандом и дека така требало да биде. Ептен знам како ти е, мене исто вака ми беше со биохемиската, и моментот кога осеќаш како излегува од тебе е страшен, цело време во глава си викам не е можно не е можно... Моментот со крварењето ми е познат, веќе кога сме на темата, да пробам да те утешам и орасположам - при обичен циклус ми има течено по нозе преку сукња, па во автобус на столче, по коли... језа, а со биохемиска не можев да мрднам од кревет и мислам дека два дена преседав во тоалет ради крварењето, хорор е. Да бидеме оптимисти сепак, ако еднаш се фатило, ќе се фати пак, и следниот пат ќе биде се како што треба, еве јас сум пример за тоа. Додуша имав хематом со близнаците и лежев, ама се заврши ок. Надежта не ја губиме и силно верувам дека секој ден си се поблиску до твоето бебуле, или бебулиња [sm=smiley31.gif] Инаку, повеќе од прогестеронска терапија не можат да направат во болница, едноставно тоа е, а ако не е ок и подобро да се исфрли, сепак на самото тело приоритет му е здравјето на мајката. За ризиците од ехо исто читав на времето, и нема опасност - сега сепак, не одиме секој ден на ехо, а знам и пример за некоја холивудска ѕвезда што сакала секој ден да си го гледа бебето па си купила ехо за по дома и немало никаков проблем. Мислам дека не е ехото причината за спонтани, не си ги замарајте мислите со тоа. И исто така, процентот на спонтани е подеднаков и кај природни, и кај IUI или IVF бремености, само кога е со IVF се изгледа потешко затоа што знаеме дека не остануваме тек така бремени... другарка ми имаше три спонтани, еден ран/биохемиска и два доцни, и сва среќа што лесно останува природно бремена, инаку хоророт е каде каде поголем.
|
|
|
|