Belo_Oblache -> RE: Отеченост во бременоста (5.5.2010 13:10:51)
|
Да го споделам и јас моето искуство со отоци, може на некој ќе му се најде за корисно. Сега сум 7,5 месеци, а отоците прпат почнаа да ми се појавуваат во 5-от месец од бременоста, и тоа како што опиша една друга мајка, имав отоци само на рацете, поточно на дланките. Од она што читав и што се консултирав со двајца лекари, многу е важно да се разликуваат отоците, а не да се занемаруваат во стилот: „Па сите бремени жени имаат отоци“. Ако имате отоци на рацете, а посебно на нозете, и тоа во вечерните часови, или при крајот на денот, и во поодмината бременост, од 7-ми месец па натаму, тогаш нема многу причини за загриженост. Според некои истражувања дури 90% од бремените жени отекуваат во некој период од бременоста. Потребно е редовно да се следи притисокот, ако е покачен и ако отоците се преголеми, тогаш консултирајте се со вашиот лекар и избегнувајте солена и зачинета храна, внесувајте повеќе млеко и млечни производи и одморајте. Но, ако отоците почнат да се појавуваат порано во бременоста, како во мојот случај, и не исчезнуваат после одмор, или спиење, туку напротив за време на спиењето се влошуваат, тогаш многу е важно да се испита причината за таквата појава. И тоа, најважно е да се испита вкупниот број на протеини во крвта. Ако тој број е под нормалната граница, и ако диетата богата со протеини (месо, риба, млеко и млечни преработки, јајца...) не дава резултати, можеби ќе биде потребно да се зема крвна плазма, преработка од крв, која е богата со протеини. Се разбира, единствено по препорака на вашиот матичен гинеколог. Јас уште немам примено крвна плазма, иако сум кандидат од пред 1 месец. Уште се обидувам да ги регулирам протеините со храна, но ако ситуацијата не се подобри, ќе мора да се примени и другата опција.
|
|
|
|