Neurotoxin RR -> RE: Отеченост во бременоста (27.2.2015 11:08:08)
|
не пиев ништо, по пораѓајот сами спаднаа во рок од две недели намалив 14 кила и тоа се беше оток, само на нозете се задржаа подолго и наеднаш кога станав едно сабајле и си ги видов после толку време слаби, се прерадував. а овие таблети ги има подолго време ама мене не ми беа познати тогаш, сега нешто ги активираа. Јас се што правев беше масажа на нозете со креме за вени додека бев трудна, ама не помогна многу, можеби ако не ги мачкав ќе беа многу повеќе попуштени сега, ама незнам, за отокот не помогна. Си одев така деформирана и мм ме викаше слонче, замислете човек од 48 кила кога останав бремена да отече и има плус 20 кила на себе, едноставно не личев на себе. Устата не си ја осеќав на сабајле, немоѓев да дишам од што ми беше носот отечен, матичниот се плашеше кога ќе ме видеше, ама ништо не ми даде, само испитував д-димери на трансфузиологија и тоа беше во ред, и таму кога ме видоа, ми рекоа само нагоре нозее да одмарам, солено не, течности да пијам, го правев сето тоа, ама не помогна. Мислам дека има разлика од организам до организам. Се што треба е да се следи само отокот да не доаѓа од притисокот, димерите, и срцето. Ако се тоа е во ред тогаш едноставно ќе се трпи зашто и тоа е дел од бременоста.
|
|
|
|