RE: Отеченост во бременоста (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Melanija RR -> RE: Отеченост во бременоста (4.5.2013 9:59:38)

Последниве 10 дена и ова ми е проблематика [sm=smiley36.gif]
Си седам на нет нозете поткачени и пак прстите на нозете и горниот дел од стапалото отечени.Не користав дополнително сол освен што има во јадењата ама овие денови и ич зошто постам.Притисок немам.Веќе 2 дена пијам по 2 пати на ден калциум по препорака на матичната за трнењето на рацето но без ефект, па што знам да не има плус влијание.
Вчера посебно отечени ама никаков замор и седам со подигнати нозе и лежам и пак оток.24 недела [sm=smiley1.gif]




masa -> RE: Отеченост во бременоста (4.5.2013 11:44:42)

Во првата бременост и јас отекував,почна во 8ми,а константно беше во 9ти месец.Отпосле дознав дека освен солта и водата има врска со отеченоста.Пробај наутро да пиеш колку можеш повеќе вода пред појадок и после оброк два часа немој да пиеш вода.Незнам во пракса дали делува,но има смисла да пробаш.




temjanuska2 -> RE: Отеченост во бременоста (25.5.2013 10:12:36)

Jas sum veke cel mesec otecena vo nozete,nikako ne splasnuva otokot,a ako stojam premnogu mi otekuvaat se do kolkovite i uzasno me nervira[sm=hudicek1.gif] Koga ke se poglednam licam kako 100 kg vo nozete,ama ajde se tesam uste 2 ned i kraj na otocite.Malku mi se namaleni proteinite vo krvta pa zatoa i oni imaat udel vo otocite ama nemozam da se zorle butam so proteinska hrana




Snow Queen -> RE: Отеченост во бременоста (11.6.2013 22:31:23)

По поголемо пешачење и стоење на нозе ми отекуваат...вака по дома или ако сум доволно одморена не.




Snow Queen -> RE: Отеченост во бременоста (9.7.2013 12:09:24)

Во последниве 10тина дена, пола саат на нозе, и стопалата одма како квасец...[sm=smiley13.gif]
Се издржува пешачењето сеуште,ама сепак боли.




AnnaMolly RR -> RE: Отеченост во бременоста (9.7.2013 13:09:46)

Snow Queen, следниот пат кога ќе ти отечат нозете, легни на кревет, а нозете качи ги на 2-3 перници. Ако по 10 минути не ти спадне целосно отокот, обавезно кажи му на гинекологот. НЕ ДАЈ БОЖЕ да станува збор за прееклампсија, да се знае на време.
Мене ми отекуваа многу нозете и докторот ниеднаш не ми рече дека можеби се работи за тоа, не ме прегледуваше асално, викаше дека е нормално да отекуваат нозете во бременоста. На крај излезе дека имам прееклампсија.
Не сакам да те плашам, таа не се јавува многу често, ама сепак направи го овој тест да си бидеш на сигурно.




Snow Queen -> RE: Отеченост во бременоста (9.7.2013 14:27:28)

Баш ќе пробам, инаку вака кога ќе се испружам за брзо време ми се олабавуваат нозете.
А кажи ми, тоа само да и спомнам на матичната, или треба неде на ГАК да идам за тој тест?




Melanija RR -> RE: Отеченост во бременоста (9.7.2013 14:41:43)

Рано е за отекување ,пиј доволно течности и исфрлај,не носи потпетици ниту скрос рамни обувки, топлото време допринесува па избегнувањ шетање на топло-само сабајле и навечер,крвната слика и мокрачата ќе покажат ако не е во ред.
Ако тоа трае подолго/денови тогаш се испитува калциум и протеини.




lady_05 -> RE: Отеченост во бременоста (15.7.2013 22:12:50)

Jas od vcera otekov vo nozete, stapalata mi se ko naduvan balon [sm=smiley36.gif] sega sum 35n, pritisokot mi e gore-dole ok osven sto ovie dva dena niskiot mi e malce pokacen 90 e, dali otocite ima sansa da se od toa sto vcera cel den sreduvavme po doma cistenje, krecenje i cel den na noze ama i eve i denes imam pak otoci gi staviv vo ladna voda so morska sol ama nisto, ima mesto za panika ili da pocekam uste dva dena pa i taka si imam pregled kaj maticnata i treba i krvna slika da pravam ili itno da odam da vidam sto e rab a inace si jadam zacineto, znam deka mozebi mi e od toa ama nekoe dr iskustvo ne e visok




Melanija RR -> RE: Отеченост во бременоста (23.7.2013 11:08:51)

Точно дента 35 недела пак ми отекоа стапалата ,изгледа до неделата е [sm=smiley36.gif]

Одмарај за да спадне оток,а од друга страна шетај на крај на бременост,епа како и двете [sm=smiley36.gif]
ај ај со лесно да ни е




lady_05 -> RE: Отеченост во бременоста (24.7.2013 21:11:13)

e ajde de fati im go krajot, ama uste malce ni ostana i se za nasite [sm=duda.gif], mene doktorkava mi rece koga ke napravam kontrolna krvna slika (koja si ja pravam sekoj mesec ) da ispitam albumin mislam deka se vikase i vkupen br. proteini.Toa albuminot bese ok nemav proteini vo urina i vkupinot br. bese ok i ja prasav za care i mi se smee i mi vika epa 9m si de bidi srekjna sto sega otekuvas, si kontroliram pritisok sekoj den duri i pritisokot pocna da mi se namaluva denes duri 100\80 mi bese a jas nit glavobolka nit nisto, znam deka od solenoto se kacuva pritisokot ama i otocite taka da [sm=zmeden.gif] epten zabavno mi e, maz mi sekoj den po nekolku pati mi gi masira so ruska voda i nekako ko podobro mi doagja pa probajte moze ke pomogne




Melanija RR -> RE: Отеченост во бременоста (24.7.2013 21:43:16)

Јас испитав јонизиран калциум,албумини и протеини на Клиничка биохемија и само јонизираниот калциум ми беше намален и треба редовно да пијам калциум вита Ц ама не го пијам.
И кога не го пиев немав оток сега пак пијам а имам оток,притисок немам,солено посебно немам така да според докторски кажувања немам ништо а отекувам така што се испитува по шема а отокот мора да го има[sm=smiley1.gif]




lady_05 -> RE: Отеченост во бременоста (24.7.2013 22:03:53)

ajde uste malce ni ostana ke izdrzime, jas dodusa ne sum isfrlila sol celosno si jadam solenko ama stom ispituvanjata mi se ok i kvnata slika mi e ok a otocite si postojat togas do nedelata ke da e [sm=smiley36.gif] ili mosecot za poroduvanje [sm=smiley36.gif]




Melanija RR -> RE: Отеченост во бременоста (24.7.2013 22:18:45)

или ти така треба да е [sm=smiley36.gif]
Ете зошто сакав во лето да сум трудна да живеат апостолките ,замисли во зима ужас ќе беше [sm=smiley36.gif]




miana -> RE: Отеченост во бременоста (25.7.2013 9:08:21)

Melanija srcka,vo zima i moze nemase da bides tolku otecena. Na toploto vreme site otekuvame,a kamoli trudnicite. Izbegnuvajte solena hrana. Ve guskam i so lesno da si pominete [sm=smiley31.gif]




Melanija RR -> RE: Отеченост во бременоста (25.7.2013 14:14:58)

Фала miana[sm=smiley31.gif] секој збор е утеха
Еве од сабајле шетав и ми е отечена но не колку кога сум дома по убаво го чуствувам стапалото,убаво реков кога шетам ми е најубаво [sm=smiley36.gif]
Да не биде од улица во болница [sm=smiley36.gif]




Lacrymosa -> RE: Отеченост во бременоста (27.7.2013 20:39:46)

Ноџињата деновиве ми се како трупчиња... Од сабајле кога станувам се осеќам ко цела ноќ да сум била на штикли и малку топло да ме фати одма стануваат огромни




Melanija RR -> RE: Отеченост во бременоста (26.2.2015 13:10:07)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Друга работа што ме загрижува е тоа што - ај ок, отоци на стапалата и глуждовите, него зошто на левата нога е поголем отокот? На лекар сум следниот петок, и искрено не ми се оди порано, ми се смачи од лекари, но ако се влоши, секако ќе одам.


Целосно отфрли солена храна, многу од со нозе на подигнато и проверувај да не ти се качува притисокот..Ако не спласнува малку тогаш може да те пратат на испитувања

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Јас испитав јонизиран калциум,албумини и протеини на Клиничка биохемија и само јонизираниот калциум ми беше намален и треба редовно да пијам калциум вита Ц ама не го пијам.



Ако добро памтам на крај излезе дека нетреба упат од интернист туку од матичен гинеколог




Hopeful RR -> RE: Отеченост во бременоста (26.2.2015 13:23:51)

Фала ти Melanija RR, баш ќе се консултирам и со матичната, и во Систина, на контрола сум следниот петок. Кај мене знам дека се е поинтензивно и побрзо дека близначка бременост, друга е тежината и оптеретувањето, а и склона сум на собирање течности. Сол гледам да јадам што помалку, и се движам, и одмарам, а дома обавезно ми се нозете подигнати. Дури и на работа гледам да ми се подигнати под биро. Кога ќе легнам и ќе ги подигнам над ниво на карлица ми се прибираат отоците, не скроз, но се намалуваат. Ме за интересира ова што го имаш пишано со калциумот, не сум приметила кај себе, но ќе припазам, а ако треба ќе ги испитам и овие другите фактори.




Melanija RR -> RE: Отеченост во бременоста (26.2.2015 13:54:31)

Тоа задршка на течности , вака лаични но со солидно медицинско знаење , може да помогнат тие апчињата за исфрлање на течности (за мокрење) не ми текнува како се викаа. Најважно да не се качува притисокот другото што одмараш колку толку ќе се повлекува дневно




lukajana RR -> RE: Отеченост во бременоста (26.2.2015 14:55:05)

Баш имав дома апчиња за мокрење се викаат Хидрохлоротиазид ама пишува дека не се дозволени во бременост Hopeful мислам дека смееш да пиеш чај од магдонос ама најубаво китка магдонос да ја свариш и да ја пиеш течноста тоа симнува оток пробај ако можеш јас пробав еднаш ама ми беше гадно и неможев а мајка ми го пие место вода и вика дека и е убав




Melanija RR -> RE: Отеченост во бременоста (26.2.2015 15:14:27)

lukajana на тие мислев,но супер што пиша да знаеме дека во бременост не се дозвлени.Мора да има и природно начина




Neurotoxin RR -> RE: Отеченост во бременоста (26.2.2015 20:18:32)

Сега во последно време и гинеколозите ги препишуваат Aquaflow природни се и баш пишува на нив дека се наменети и кај отоци во бременост, така да со консултација со гинекологот слободно спомнете ги




Hopeful RR -> RE: Отеченост во бременоста (26.2.2015 21:41:13)

Фала ви девојки, ќе проверам и ќе пробам. Хидрохлоротиазид ги пиев редовно кога задржував течности на лето, ама сега не смеам, да. Чај од магдонос е секако добра идеја, скроз природно, така што ќе пробам со тоа, а ќе видам и за Aquaflow. Инаку еве денес, сабајле станав со отоци, едвај облеков чизми, но вечерва пешачев од Козле до Центар и после тоа имав сосема мали отоци, а денес не дека не јадев солено... Веројатно треба добра комбинација на одмор со умерена активност [sm=smiley1.gif]




Neurotoxin RR -> RE: Отеченост во бременоста (26.2.2015 22:06:01)

Јас кога бев бремена со ќерка ми бев 20 кила поправена, од кои 15 беа оток, кој по пораѓајот исчезнаа за две недели, а на нозете остана можеби уште еден месец. Тогаш ми рекоа да не пијам магденос, дополнително го намалувал притисокот, се правев и нозе у вис и не јадев солено, едноставно се дував како балон, ма не д-димери, не какви се испитувања, со отоци си отидов дома со неа. Носев кломпи три броја поголеми, во фаца бев непрепознатлива. Од сето ова ми останаа проширени вени и варикозна вена на десната нога, ама ок, вредеше [sm=smiley1.gif] Тогаш не работев и не би беа познати овие aquaflow ама еве сега интензивно ги препишуваат лекариве.




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4] 5   Следна страница >   >>