talisman -> RE: Широко повивање (29.8.2010 12:50:21)
|
Не ја повивав со широко повивање, вчера бевме на ортопед и фала Богу се е во ред со колкчињата, дури не пофали дека сме вежбале. За да не ми држи „ паметни „ предавања го излажав ортопедот дека ја повивам ноќе бидејќи е претопло, а тој со цел памет дека тоа нема врска до 6 месеци сум морала да ја повивам сеедно какво е времето. Не сакав да се расправам, само помислив половина планета, ако не и повеќе, не практикува широко повивање па ене ги сите здрави и прави. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Плус ми коментираше како на запад не користат широко повивање, не пијат капки, во некои земји имаат помалку сонце и пак немаат дисплазија на колковите како кај нас, хммм[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Се мислам некој и мене да ми ги укочи цел ден во онаква положба и мене би ми било тешко потоа да ги мрдам ножињата и да ги исправам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Кој како сака но јас сум од оние кои се против широкото повивање како превентивна мерка, доколку нешто не дај Боже не е во ред, тогаш ОК, во спротивно никогаш не би го практикувала со ниедно мое дете...
|
|
|
|