haley -> RE: Широко повивање (10.3.2010 18:46:40)
|
Јас веќе се имам изјаснето на темава , дека широкиот повој за мене е апсурден , дека насекаде ортопедите,педијатрите го баталиле и само балканските тврди глави се држат за него ко за сламка. Докажано е дека широкиот повој не може да служи како превентива но кај нас и понатаму се турка таа идеја.. За евентуалната луксација на колкот педијатрите и не знаат нешто многу тоа не е баш нивен домен , ортопедите се тие кои ја успоставуваат теоријата а педијатријата ги следи нив. Има педијатри кои имаат одено на семинари низ европа и сл. и имаат увидено дека оваа “превентивна техника“ е безврска и развиениве земји не ја практикуваат.. па потоа самите тие индивидуално препорачуваат или не , широк повој , значи не се држат до воспоставената теорија (од ортопедијата) Сега скоро како малото спие по некој саат попладне а јас сум поодморена земав да читам некои книги енциклопедии за бебе-здравје и си викам дај да споделам со вас она што прочитав кажано во книгагта на еден респектабилен традиционален педијатар Aldo Naouri во врска со колковите. Тој објаснува како во 50тите и 60тите забележано е дека од некои краеви во Франција имаат повеќе проблеми со колковите (женската популација е во главно со овој проблем) истовремено и во Шведска од некој крај имале слично нешто и како ефикасно се сметало тоа да се рашират нозете на бебето за да таа една коска влезе во тоа јадрото. На начин како да земеш со прст и стиснеш врз парче путер ќе направиш дупка на тоа место . :) Тогаш во лапс од некои добри 10год верувале педијатрите и орт. дека е пронајдена солуција за проблемот со колкови зошто и да е сосема нормална коската и јадрото не смета ништо ваквото носење. Арно ама , се покажало дека оваа техника произвела доста проблеми кај бебиња со кои воопшто немале ваков проблем. (кој пред се е од генетска природа) Го цитирам др.Наори , вика “ Оваа техника кај одредени бебиња кои го немаат овој проблем има покажано дека коската која влегува во јадрото може да притиска премногу кон фемурната глава и прави одредено непотребно триење кое може да испровоцира проблеми со циркулацијата и некрози на фемурната глава.“ ( да нагласам дека проблем имаат 1% бебиња од оваа техника ) Но затоа е и исфрлена од употреба во сите западни земји, затоа што згора на се, се покажало дека кога и на бебиња кои ја имаат предиспозицијата за оваков колк широкиот повој не е ефикасен туку се става картонска пелена и др.техники. Имам прочитано од наши педијатри како го оправдуваат ова носењево тродупли пелени само не ми е јасно што аргументи истите би извадиле ако биле лице во лице со некои педијатри и стручњаци од герм,франц,шведска,англија,америка, кои исто така ја знаат техникава (некои и ја практикувале во дамнешните 60ти) и утврдиле дека е неефикасна и не ја препорачуваат! Единствено останува да веруваме дека нашиве балкански лекари се попаметни од останатите, хм.. не знам што да мислам . http://img638.imageshack.us/img638/7181/numrisation0001y.jpg
|
|
|
|