Neurotoxin RR -> RE: Фази кај децата (25.6.2015 10:47:18)
|
Можеби сме имале некои фази, ама ете поминувале неккао, ми изгледале нормални. Оваа недела, веќе и од градинка ми кажаа дека го прави истото. Сака сама да се соблече за мочкање/каккање, и сама го прави тоа, ја оставам, некогаш пробува и сама да се брише и облекува, ја оставам, па псоле досредувам јас како што треба. Ама во градинка почнала сега да им се соблекува кај ќе стигне, дома само навечер ми го прави тоа, ќе ја легнам во креветче, си ќути и по некое време слушам ме вика, идам и ја гледам гола лежи за да ја станам и се мочкало демек. И мораш да ја седнеш, веќе е спремна она. И вчера кога ми кажаа и во градинка дека правела вакви глупости, и раскажав една приказна за едно девојче кое без срам се соблекувало пред другите и како тие ја испоштипале и како осите и пчелките ја искасале и како после тоа се соблекувала исклучиво пред нокширчето и само пред мамам и тато. Па дури и ми побара уште еднаш да и ја прераскажам. Несакам така да ја преплашувам и лоши филмови да и правам, ама морам инстант да го решам ова, таква гола ќе испоседне насекаде, а реално се бориме со некои проблеми, де цистити, де инфекции, не е во голема мера, ама носот и тој дел и се слаби точки. Фазата на скржавост и гласна вриштава реакција за нешто што ќе и биде „одземено“, се постојани фази. Зборувам, пробувам, луѓе, ништо не дава. Нас да, ама со деца, нема шанси, се кара како некоја баба, оди си го зема, и си го прибира пред себе, ако е нејзино само, за туѓото, знае да го земе сама, ако не и го даваат или ако и го земат, не прави проблем, али своето нема шанси и ако некој успее да го земе, иде си го граба и вришти и вика мое е, дај ми го.
|
|
|
|