anedespo -> RE: Рецепт за зголемување на можноста за забремнување! (27.10.2011 12:15:53)
|
Околи 40% од случаите неплодна е жената, во 40 % мажот, а преостанатите 20 % и двајцата партнери. Околу 15 до 20 % од паровите се неплодни (не можат да зачнат и по една година незаштитени односи, додека само 1 до 2 % се стерилни. Од оние кои бараат помош, половина зачнуваат природно или со медицинска помош. За полесно зачнување, можете да се обидете и со алтернативните методи акупунктура, акупресура и хомеопатија. Техниките за опуштање можат да го намалат стресот кој понекогаш придонесува за неплодност. Масажа, јога и медитација, исто така можат да помогнат. Микронутриенти Цинкот e важен за плодност кај двата партнера (додаток од 15 мг на ден). Со него земајте и бакар. Недостаток на цинк влијае на лош квалитет на спермата. Цинкот го има во спанаќ, мешункасти растенија, џигерот, млекото, говедско месо, сирење, сардина, морков и сувите сливи. Витамин Ц се покажал добар кај машките, бидејќи ја зголемува количината на спермата. Витамин Б6 се покажал како добар борец против неплодност. Најмногу го има во спанаќ, мешункасти плодови, бананите, тиквата, кељ и брокула. Фолна киселина се препорачува на жените кои сакаат да останат бремени во првото тромесечје од бременоста. Ја има во посно месо, риба, мешункаст зеленчук, овошјето и интегралните житарки. Аргинин им помага на мажите со мал број на сперматозоиди. Најдобар извор е сончогледот. Останати извори се кикирики, бадеми, леќа. Лековити растенија Мацина трева (очајница) е лековито растение со кое жените традиционално се лекуваат од неплодност. Од оваа трева се подготвува чај, три пати дневно по една чаша во време кога сака да забремени. Не смее да се пие за време на менструација. Шведска горчливка – се прави чај и се пие редовно повеќе од месец дена. Честославица – една мала чајна лажичка од честославица се потопува со врела вода и се остава 5 минути. За жени. Имела (сок) – наутро на празен желудник се зема 25 до 30 капки сок од имела. Исто толку капки се земаат и навечер пред спиење. Сокот може да се купи во аптека, но поделотворен е свеж. За жени. Ѓумбир - значајно го зголемува бројот на сперматозоидите и винотот движење. Може да се зема во облик на чај или како додаток, зачин во храната. Малина – чајот од листовите на малината се препорачуваат за поголема плодност, а и на трудниците за смирување од иритација на матката. Причина за секој втор спонтан абортус е неможноста плодот да се развие. Најважен знак по абортусот (до 3 месеци) е крварењето. Знаци на абортус кој настанува подоцна (од 3 до 7 месец) се слични како породување. Вркута – на жените кои им се заканува абортус или веќе го имале треба да пијат дневно 4 до 6 чаши чај од вркута. Мајчина душица – дневно да се пијат 2 чаши голтка по голтка. Америчка удиковина – 20 капки на ден. Доколку се појави благо крварење се зема на секое два часа, додека крварењето не престане. Чајна мешавина – добро промешајте подееднакво делови од столисник (ајдучка трева) и вркута. Дневно пијте по 2 до 3 чаши од овој чај, голтка по голтка. Чајна мешавина – 1 лажица маточина и иван – цвет, и пола лажица малина и коприва да проврие во половина литар вода.Да се пие во текот на денот, не повеќе од три чаши.[image]http://illiweb.com/fa/empty.gif[/image] [image]http://illiweb.com/fa/empty.gif[/image][image]http://illiweb.com/fa/empty.gif[/image]
|
|
|
|