Еца -> RE: Секс за време на бременоста (11.6.2009 15:29:17)
|
Секс пози за бремени жени Замислете дека треба да се откажете од секс цели 9 месеци. -Страшно!!! Но, не е така црно во реалниот свет. Периодот на бременоста не значи дека не треба сексот да доаѓа во предвид, напротив, тоа е периодот кога жените најмногу го очекуваат. Во статијата ќе обработиме 6 пози за одличен секс за време на бременоста. На почеток да разјасниме некои работи. Сексот за време на бременоста е перфектно безбеден како за жената така и за бебето. Не препорачуваме лудување и нагли движења, но останатите работи се прифатливи. Исто така, периодот е одличен за примена на нови пози. Поза 1: Жената над мажот Навалете се над партнерот свртени кон неговото лице или неговите стапала. Кај многу жени брадивиците во овој период стануваат екстра сензибилни. Затоа навалете се и оставете го партнерот да ги бакнува, но, не да ги трие грубо. Поза 2: Нова мисионерска поза Класичната “мисионерка“ не функционира со трудно стомаче, но новата наоѓа своја примена. Жената нека легне на грб со кренати и повлечени колена. Стапалата треба да се постават на градите на партнерот или пак со исправени нозе, кренати во воздух и потпрени на рамената на партнерот (практична во првите месеци на бременост). Употребата на перница под карлицата може да направи поголем комфор. Позиција 3: Странично Двајцата партнери треба да легнат во странична позиција, свртени еден кон друг. Слободно можете својата нога да ја префрли на телото на партнерот. Оваа поза не е практична во периодот од 7 до 9 месец на бременоста поради зголемената оддалеченост на вашите тела. Позиција 4: Спирала Легнете на страна со нозете стуткани кон телото (како при спиење). Долната нога треба да биде малку подисправена. Партнерот нека се намести со едното колено помеѓу двете ваши нозе, а со другото од надворешната страна на вашиот заден дел. После зафаќањето на соодветната позиција, мажот треба да ја превземе иницијативата со нежни движења и средно длабока пенетрација (одбегнувајте длабока пенетрација). Оваа поза е одлична за време на доцната бременост. Поза 5: Од позади Вие треба да се поставите во кучешка поза (со двете раце и нозе потпрени на подлогата), а партнерот треба да пријде од позади и да биде потпрен на коленици. Или пак, пробајте ја позата каде вие треба да се поставите на ист начин но на крајот на креветот, а партнерот стоечки да влегува од позади. Медицински, позата е наречена “позиција за максимална пенетрација“. Но, сепак кажете му на партнерот ако чувствувате болки и непријатност. Поза 6: Седење Во оваа поза бремената жена треба да се намести над партнерот кој седи на цврста и стабилна столица или на работ на креветот. Добра варијација на оваа поза е вашето седење на столица, со раширени нозе. Додека парнерот на коленици ви приоѓа, прицврстете ги нозете околу неговото тело. Ако сепак стравот за безбедноста на плодот ви преовладува, а не би требало (нема причина), можете да примените и други начини на задоволување. Оралниот секс, взаемна мастурбација, масирање или било која друга еротска техника која не опфаќа директен однос може да биде солидна замена, барем во последните месеци од бременоста. Статијата е преземена од нет, инаку се со цел да бидат задоволни и мажите и трудниците[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
|
|
|
|