Azzura -> RE: Спонтан абортус (25.2.2014 21:38:52)
|
Ни јас не мислев дека некогаш ќе пишувам на оваа тема...Еве една недела помина од загубената бременост...Последниот месец баш се чувавме со момчето, бидејќи јас пиев претходно антибиотик, а ставав и канестен, па кога мислев дека ми е овулација, бевме заштитени. Стварно не знам како се фати, но со оглед на тоа дека ми е точен циклусот, овојпат ми доцнеше 3 дена и направив 3 теста а потоа отидов кај докторот и ете се израдував...Докторот ми рече дека не му се допаѓа ситуацијата, зашто ништо не беше убаво оформено, сметаше дека баш онака се фатило многу доцна (со последниот воз) и веднаш ме стави на прогестерон инекции 1 неделно и утрогестан вагинални. Ми беше стресно многу тие недели бидејќи секој втор ден одев на ехо да се види како се одвива се, и секој пат докторот различно ми кажуваше - еднаш ќе го биде, еднаш ништо немаше да ми каже. Но, многу се радував во себе, бев мирна и среќна и секој ден му зборев да издржи. На сите блиски што им кажав многу се радуваа. Колку и да бев во бунило, длабоко се надевав дека ќе успее. По 2 недели измачување, кога требаше да ми го затворат и боловањето, докторот, за кој стварно немам замерка, ме седна и ми кажа - не ми се допаѓа ова како се развива, има срце, но ќе мора да измериме БХЦГ во крвта. Ми земаа крв во Адриалаб и резултатите беа ок, но не беа задоволувачки...После 3 дена пак на ехо, и тогаш се се оформи (според д-рот) добро и ајде да провериме уште еднаш ХЦГ. За 2 саати ШОК! Бетата почна да се намалува, и според д-рот бебето не се храни. Многу плачев. Следниот ден отидов кај Боби Лазаревски во Систина. Ми го потврди истото, па дури и дека срценцето му престанало :( По препорака на докторите, плодот треба да се однесе во МАНУ на испитување, а според д-р лазаревски големи се шансите да биде со аномалии, и добро е што телото само го отфрла. Во понеделникот со мојот матичен се договоривме интервенцијата да ја направам во Систина, зашто таму си сигурен дека вистински доктор ќе ја прави, а не како на Клиника, што после анестезијата им викале на стажаните да сработат они!...ОК, договорив кај д-р палчевски во систина, кој е прекрасен д-р и коректен и човечен. Пред да ме заспијат се сеќавам дека погледнав во саатот на ѕидот, после тоа се разбудив во соба (нормално како во хотел) и почнав да плачам и плачам. Главната сестра ме галеше и ми рече дека е се во ред. Многу ми се лошеше од анестезијата, ми дадоа антибиотици и ерготил капки, и циклопрогинова хормони за обнова на матката. Дома кога дојдовме со дечко ми, повратив и после заспав. Од Систина ми го дадоа плодот во стерилна чашка завиткан во хартијата и во кеса да го однесам следниот ден во МАНУ (ако го однесат они, наплаќаат 6000 денари)...Денеска поминува една недела и крварењето веќе се смирува. Но, 4 дена по интевенцијата почна силно да ме боли матката. Отидов кај мојот матичен и рече дека имам згрутчена крв, ја извади и ми стави инекција ерготил и матката е стегаше и болеше цела вечер. Се смири следниот ден, се смирува веќе се, но не и болката во душата. За една недела треба да одам на контрола кај палчевски...сакам времето брзо да одлета за да помине се и да престанам да тажам. Извинете ме за вака долгиот пост, но ми требаше да објаснам што се случува за време на киретажата. За тагата и не би требало да зборувам...Би сакала наскоро сите ние од оваа рубрика да се преместиме во онаа со [sm=duda.gif] Поздрав до сите вас
|
|
|
|