Еца -> RE: Спонтан абортус (14.6.2009 21:18:58)
|
Причини за спонтан абортус има многу, можат да потекнуваат како од мајката така и од овулумот (зачетокот), а честопати причината може да остане и непозната. Причините од страна на мајката за спонтан абортус можат да потекнуваат од утерусот (матката) при нејзина недоволна развиеност (хипоплазија) и при инсуфициенција - слабост на мускулатурата од стегачот на грлото на матката (во овој случај се прави подврзување-серклаж). Други причини се разни хронични заболувања кај жената како воспаление на бубрези, покачен крвен притисок, шеќерна болест, неусогласеност со Рх-факторот на крвните групи од партнерите, хронични труења - ако жената работи или е во контакт со жива, олово, тутун, фосфор, пушење цигари, инфекции на гениталните органи и присуство на паразити од токсоплазмоза или цитомегало вирус во крвта на жената. Понекогаш причина може да биде и недостиг од хормонот прогестерон, кој игра важна улога во зачувувањето и износувањето на бременоста. Причини од страна на овулумот (зачетокот) за спонтан абортус се најчесто генетички нарушувања или хромозомски аномалии. Најчесто настануваат во првите три месеци од бременоста и завршуваат со угинување на плодот. Од многуте причини за спонтан абортус треба да се споменат и механички трауми, како удар, дигање товар, пад. И, на крајот, да не ги заборавиме и психичките трауми, кои и тоа како можат да влијаат негативно на текот на бременоста.
|
|
|
|