baby_bump -> RE: Ортопед (4.5.2011 14:25:20)
|
Пепелашка можеш да му правиш вежби за полесно свртување на грб и обратно сама, во лежечка положба на грб, раката стави му ја до телото и сврти го ти сама на таа страна, па потоа дозволи му да се врати во претходната положба и слични вежбички, ги има многу такви видеа по нет, пронајди ги. И мојата е многу мрзелива не се свртуваше сама, па така вежбавме и сега е супер. А во исхраната мислам дека има доволно од сите хранливи состојки и не треба да додаваш ништо, (мислам ако пиете Ад млеко и јадете овошје, зеленчук и житарици, што читам на другите теми дека го храниш, тоа е доволно), бидејќи според мене не треба да се претерува со витамини и додатоци. А сега нашата приказна: Ортопед..... бевме пред некој ден на преглед на 6 месечна возраст и докторот рече, јадренцата се супер оформени, може да седи сама, да седи во дубалка по неколку минути дневно, но зглобовите на карлицата ни биле малку лабави[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif]! Што значи тоа го прашав, но не знаеше да ми објасни!!!! Вели следен преглед кога ќе прооди, па ќе видиме!!! Што ќе видиме??? Се е супер, само.............фали малку зелка, а? И после кога ќе кажеш дека докторите од јавното здравство не си ја тераат работата убаво, сите те гледаат попреку. Поглупав муабет со некој доктор не сум имала. Надвор пред врата илјада луѓе чекаат, прегледот траше 5 секунди. Го прашувам за вежби соодветни за возраста, ми вели оние вежби за колкови доволни се, а кои се тие вежби, види на интернет вели. Капките продолжете ги како до сега, потоа му велам сега повеќе е на сонце иде лето дали да ги прекинеме за време на летните месеци ад капките, ми вика е па што знам? прекинете ги.... И што сега јас да правам? да гледам на интернет вежби и ако сакам да ги прекинам капките? Епа зошто бевме на доктор??
|
|
|
|