sandriana RR -> RE: Ортопед (8.8.2012 11:10:25)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Andriance ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања РР ИЗВОРНА ПОРАКА: Леон Ние првиот пат на Ортопед бевме во Неуромедика во Влае, таму ни препорачаа бидејки и во Неуромедика ни е педијатарот.Задоволна сум од услугата но не и од цената - 900 денари со плави картони, додека на др место сум слушала дека е и бесплатно или нешто симболично. Би ве замолила да ми кажите кај др.Видоевски колку се наплака и каде се наога исто и за Мајчин дом.Ви благодарам. Во Мајчин дом за деца до една година е бесплатно а за поголеми деца се плаќа нешто многу ситно. Можеби нема да добиеш тинтрење како во приватна ординација, прегледот ќе трае пократко, но дека детето ти го прегледале компетентни лица можеш да бидеш сигурна. Ако е се во ред со детето можеби ќе имаш чувство дека те откачиле пребрзо но верувај ако има некој проблем ќе добиете соодветен третман и доволно внимание. Ни да ми платат мислам дека нема да идам во мајчин дом..до сега еден не излегол со позитивен извештај од таму ( зборам од тие што ги знам - освен sandriana)..се некои ременчиња даваат, колкови неразвиени на 6 месеци, па 6 тетра пелени да се ставаат...фури од сите страни, чекаат еден куп и здрави и болни и деца и возрасни, и прегледот траве ВКУПНО 2 мин....воопшто не се работи за тоа што е безпари...и букурешт е безпари па до сега не сум чула никој да се пожали... Како што вели Тања (за Мајчин дом), не е третманот циле миле, и не обрнуваат посебно внимание ако е се во ред со детето-но што и да си прашаш ќе ти одговорат. Андрианче е во право во однос на тоа дека е хаос орагнизација,и има промаја од сите страни, а просторот за чекање е претесен. Ние бевме завчера на контрола, сега дури по 4 месеци, откако стабилно ќе прооди. Ме чуди само што во Мајчин дом некако пречести се контролите до проодување-на секои 3 месеци, а се е во ред со наодите. Последниов пат беше без ехо, само да ја ѕирне докторката.. Како и да е, сите имаме право на избор, важно е детето да биде стручно и правилно оценето за развојот[sm=smiley1.gif]
|
|
|
|