RE: Ортопед (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


Calypso -> RE: Ортопед (10.4.2012 23:01:26)

И ние сакавме да ги земеме гумените коцки, ама ни рекоа дека многу мирисале (кинески се претежно). Затоа јас си послав подебело ќебе на земја, дупло свиткано, и одозгора детско шарено тенко јорганче. И ни заврши работа исто како коцките. Малиот на тоа ќебе се научи убаво да седи сам, да се превртува и лази, стабилно да стои и без држење. Важно е за стимулација на движењата да има играчки расфрлани наоколу, што пошарени тоа подобро[sm=smiley1.gif]




Andriance -> RE: Ортопед (10.4.2012 23:12:16)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Calypso

И ние сакавме да ги земеме гумените коцки, ама ни рекоа дека многу мирисале (кинески се претежно). Затоа јас си послав подебело ќебе на земја, дупло свиткано, и одозгора детско шарено тенко јорганче. И ни заврши работа исто како коцките. Малиот на тоа ќебе се научи убаво да седи сам, да се превртува и лази, стабилно да стои и без држење. Важно е за стимулација на движењата да има играчки расфрлани наоколу, што пошарени тоа подобро[sm=smiley1.gif]


Potpolno isto....so toa shto i jas gi otpakuvav kockite i koga me udri edna kineska smrdea [sm=smiley36.gif] taka da bas kako sto pisa calypso kebence igralna so ede kup igracki i top




Viktori -> RE: Ортопед (10.4.2012 23:16:39)

Имате и сунѓер. 2 сантиметри дебелина е 120 денари, околу 2 квадрати.
Можете само да го однесете да ви го обложат со вештачка кожа. Лесно е за бришење + ќе ви остане и за вежбање подоцна [sm=smiley36.gif]




Natuska85 -> RE: Ортопед (10.4.2012 23:18:59)

Нашите не мирисаа искрено,со тоа што не купив од тие со букви, бројки,туку од тие поскапите[sm=jezicek.gif]




Beatris -> RE: Ортопед (16.5.2012 9:49:47)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Zdravo i od mene...ubav soncev den denes,poarno raspolozenie..
Nie vcera M ja nosevme na ortoped,ni rekoa koga ke proodi,detevo vise trci nie nikako da ja odneseme,srekja se e vo red..





ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris RR

Не бе таман сте ја однеле, на ортопед не се носи кога ќе прооди, туку (како што вика Видоевски), кога ќе почне да се качува по лустери [sm=smiley36.gif] Тогаш поубаво може да ги прегледаат и ако има нешто да воочат, кај штотуку проодено дете не може да се види





Mihaela 2010 -> RE: Ортопед (16.5.2012 9:56:01)

I iskoci na raceto,na desnoto palce nekakov izrastok,se isplasivme mislevme da ne go skrsila,ama nitu placese nitu se zalese,a koga ja banjav i se povlekuvase i i bese normalno.Iskoci deka e tetiva i ni preporaca masaza sekoj den,moze so tek na vreme da se povlece,dokolku i smeta koga ke porasne moze hirurski da se sredi...taka da najvekje za toa otidov




Beatris -> RE: Ортопед (16.5.2012 9:59:59)

Штом не е ништо страшно, нема гајле, најверојатно и само ќе се повлече како што ќе и расте рачето




Junona -> RE: Ортопед (16.5.2012 10:50:26)

Кој бил во ре -медика во скоро време кај Др.Иванка,да ми каже колку кошта сега прегледот и по колку дена ви закажуваат?




Џесика -> RE: Ортопед (16.5.2012 11:32:38)

Женски сега се сетив дека должам прераскажување од посетата на Видоески... човекот многу убаво не седна ко психијатар, детето го остави да си игра, а нас ни одржа предавање за предрасудите во врска со широк повој, Д-витамин, седење, ортопедски чевли итн... Како првенствена грешка кај нас родителите ја нагласи употребата на Д-витаминот, што го даваме само во првите 2-3 години, што е апсолутно грешно, рече дека се дава се додека малиот не стане физички возрасен колку нас, т.е до пубертет... се додека растат коските, се дава Д витамин [sm=smiley1.gif], за ортопедските чевли беше најголемата дискусија... го виде Борјан дека нозете му се во Х и рече само „ах, добри се... штом се во Х се добри, само да не се во О... е тогаш ќе треба да се интервенира“ и исто како што пиша некој погоре, до 7 годишна возраст детето има фора да му се исправат нозете, а тоа се поттикнува исклучиво со редовна физичка активност. Најизразено во овој период (3 години) е подигањето на прсти, што треба да го поттикнуваме, зошто со самото подигнување на прсти, мускулите на потколеницата се јачаат а со тоа и сводот на стапалото си ја добива формата, и навистина ми го покажа тоа, го зема син ми во скут, му ги свитка прстињата како да се поткрева и сводот сам се обликува правилно... Во врска со физичката активност, за оваа возраст, т.е од 4 години е најдобро да се запише да некоја боречка вештина или тенис, кајшто има многу скокање, трчање... за понатаму препорачливо е играорна како најдобар спорт за оформување на стапалото... препорача чевли меки кај прстите, за полесно одење, ни покажа како ортопедските чевли со нивната крутост го искривуваат движењето и држењето на нозете, а за домашни вежби рече да си набавиме вакви за одење.
[img]http://i01.i.aliimg.com/photo/v1/359660807/foot_massage_ball_semicircle_foot_massage_ball.jpg[/img]
[img]http://i01.i.aliimg.com/img/pb/854/194/410/410194854_951.JPG[/img]




Mihaela 2010 -> RE: Ортопед (16.5.2012 11:45:52)

Da da i nas ortopedov ni rece sto povekje na prsti da odi,demek kako balerina da odi,i site onie roditeli sto bile zagrizeni deka decata im odele na prsti da bile presrekjni zaradi toa...kondurcinjata da bile meki da mozat da se svitkaat,vo slucajov gi vide nasite rece deka se dobri




JovanaJ -> RE: Ортопед (16.5.2012 11:51:21)

Dzesika za kolku vreme vi rece na kontrola? Na 7 godini?




Џесика -> RE: Ортопед (16.5.2012 12:05:51)

Да, на 7 години на контрола, а до тогаш Д-витамин, физичка активност, одење на тие топките, и никако седење на компјутер (за ова посебно ми се напраи меракот, заради мм [sm=smiley1.gif])




JovanaJ -> RE: Ортопед (16.5.2012 12:12:30)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР

Да, на 7 години на контрола, а до тогаш Д-витамин, физичка активност, одење на тие топките, и никако седење на компјутер (за ова посебно ми се напраи меракот, заради мм [sm=smiley1.gif])

fala za odgovorot [sm=smiley1.gif]
A kakov vitamin D, vo forma na ribino maslo ili nekoj poseben vi preporaca?




Џесика -> RE: Ортопед (16.5.2012 12:15:47)

Ти пишав во пп ама ќе пишам и тука [sm=smiley36.gif] Д витамин во вид на гумени бомбони имало, за во случај да не сакаат децата рибино масло, ама не знам кај ги има, не го прашав за нив, сигурно во аптеки ги има, ако дознаам ќе пишам обавезно, ама тоа од септември здравје, сега за сега летово не му давам...




Beatris -> RE: Ортопед (16.5.2012 12:47:42)

Етеее [sm=bravo.gif] Тој "некој" што пиша погоре сум јас, и ептен ми е мило што тогаш баш видов дека се спремате да зимате ортопедски и што ти кажав да не зимаш. Б си е супер, барем сега и тебе ти е мирна главата да не се мислиш што како...




Andriance -> RE: Ортопед (16.5.2012 12:51:25)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР

Женски сега се сетив дека должам прераскажување од посетата на Видоески... човекот многу убаво не седна ко психијатар, детето го остави да си игра, а нас ни одржа предавање за предрасудите во врска со широк повој, Д-витамин, седење, ортопедски чевли итн... Како првенствена грешка кај нас родителите ја нагласи употребата на Д-витаминот, што го даваме само во првите 2-3 години, што е апсолутно грешно, рече дека се дава се додека малиот не стане физички возрасен колку нас, т.е до пубертет... се додека растат коските, се дава Д витамин [sm=smiley1.gif], за ортопедските чевли беше најголемата дискусија... го виде Борјан дека нозете му се во Х и рече само „ах, добри се... штом се во Х се добри, само да не се во О... е тогаш ќе треба да се интервенира“ и исто како што пиша некој погоре, до 7 годишна возраст детето има фора да му се исправат нозете, а тоа се поттикнува исклучиво со редовна физичка активност. Најизразено во овој период (3 години) е подигањето на прсти, што треба да го поттикнуваме, зошто со самото подигнување на прсти, мускулите на потколеницата се јачаат а со тоа и сводот на стапалото си ја добива формата, и навистина ми го покажа тоа, го зема син ми во скут, му ги свитка прстињата како да се поткрева и сводот сам се обликува правилно... Во врска со физичката активност, за оваа возраст, т.е од 4 години е најдобро да се запише да некоја боречка вештина или тенис, кајшто има многу скокање, трчање... за понатаму препорачливо е играорна како најдобар спорт за оформување на стапалото... препорача чевли меки кај прстите, за полесно одење, ни покажа како ортопедските чевли со нивната крутост го искривуваат движењето и држењето на нозете, а за домашни вежби рече да си набавиме вакви за одење.
[img]http://i01.i.aliimg.com/photo/v1/359660807/foot_massage_ball_semicircle_foot_massage_ball.jpg[/img]
[img]http://i01.i.aliimg.com/img/pb/854/194/410/410194854_951.JPG[/img]


[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]

bravo be dusho...ete vidis znacho kolku se isplatese toa shto site ti pisavme bas mi e milo....sega uzivajte

p.s. a od kaj da zememe vakvi bockalcinja [sm=smiley36.gif]




Natasa981 -> RE: Ортопед (16.5.2012 12:58:56)

Nie imame od tie mekite,gumeni kako da gi narecam puzzle kocki za pod ,od Jumbo gi zemavme,so Miki Maus i prekrasni se,ne mirisaat voopsto. Malava mnogu gi saka,obozava da si igra i lezi na niv :)




Џесика -> RE: Ортопед (16.5.2012 13:20:43)

Овие рече дека сега ги има во Медикус, не знам која цена се, и не сум побарала уште, знам во една фамилија кајшто чував деца имаа 4 такви топчиња, најверојатно треба повеќе да се има, за да буквално оди на нив...




sladjana ms -> RE: Ортопед (19.5.2012 11:53:41)

Mamicki edno prasanje do vas.Dali znaete dr.Orce koj raboti vo Bukurest dali seuste e tamu ili e otiden vo penzija i dali ima tel. za kontakt za zakazuvanje?Imeno do sega odevme vo Majcin dom i ne sum zadovolna od tretmanot tamu pa mi go pofalija ovoj dr. i sakam da se prefrlime tamu.E sega moeto since ima 7 meseci i 10 dena glavceto malku go drzi navaleno na leva strana,a pri site pregledi rekoa deka e se vo red i da go masiram samo za vratceto.Eve veke pominaa nekolku nedeli i nema nekoj rezultat.Dali nekoja od vas imala nekoj slicen problem i kako go resila?Pozz




Џесика -> RE: Ортопед (19.5.2012 12:06:21)

orce uste e vo bukurest ama sega e I upravitel na bolnicata pa so pacienti raboti mnogu malku, po 2-3 saati I se zakazuva prvo




Hunny -> RE: Ортопед (19.5.2012 20:55:25)

РР ви благодарам за информациите кои ги давате на форумот. Тука прочитав за Видоевски и веданаш по раѓањето на ќеркичката закажавме кај него. Бидејќи се породив на ГАК, а таму [sm=duda.gif] не ги прегледувал ортопед, ни рекоа да одиме кога малата ќе има 1 месец. . Бевме , но во зградата ја исклучиле струјата, па не препратија кај д-р Весна. Се разочарав, бидејќи сакав Видоевски да ја прегледа, но кога видов каков пристап има докторката и колку убаво се ни објани воопшто не ми е жал. Прегледот помина супер, се е во ред. Ни рекоа дека нема потреба од широк повој, што ми беше најважно и ни закажаа за 2 месеци. Ако може да ми кажете на колку време се оди на преглед кај ортопед, Значи бевме сега на 1 месец и ни закажаа на 3 месеци. Дали и на вториот преглед се прави ехо?




elenak -> RE: Ортопед (19.5.2012 22:58:34)

Женски а се чека ли пак кај Видоевски и ако имаш закажано? Ние имаме закажано за две недели, на 4 јуни, па сакам да знам како да го планирам времето на [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] за спиење, јадење, оти и пат си имаме. 




Andriance -> RE: Ортопед (19.5.2012 23:11:31)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hunny

Дали и на вториот преглед се прави ехо?


hunny i na vtoriot bi trebalo da vi pravi eho...kaj pravese ama toa bese na 6m koga gledase dali se oformeni jadrenca




Andriance -> RE: Ортопед (19.5.2012 23:14:14)


ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

Женски а се чека ли пак кај Видоевски и ако имаш закажано? Ние имаме закажано за две недели, на 4 јуни, па сакам да знам како да го планирам времето на [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] за спиење, јадење, оти и пат си имаме. 


ne se ceka [sm=smiley36.gif]




amateuress -> RE: Ортопед (20.5.2012 0:51:55)

моето бебе накај 3-4 месеци го имаше овој проблем, се вика тортиколис, и со редовно масирање му помина. јас како што сум паничар многу се загрижив, зашто исто не му помина многу брзо, а и ептен сакаше главчето да го држи само на една страна, па финти му правев за да се врти на другата :)
значи редовно масирај, 2-3 пати дневно, земи малку кремче или млеко за тело (зависи што користиш) и измасирај му го вратчето. ако нема подобрување повторно консултирај доктор
ИЗВОРНА ПОРАКА: sladjana ms

Mamicki edno prasanje do vas.Dali znaete dr.Orce koj raboti vo Bukurest dali seuste e tamu ili e otiden vo penzija i dali ima tel. za kontakt za zakazuvanje?Imeno do sega odevme vo Majcin dom i ne sum zadovolna od tretmanot tamu pa mi go pofalija ovoj dr. i sakam da se prefrlime tamu.E sega moeto since ima 7 meseci i 10 dena glavceto malku go drzi navaleno na leva strana,a pri site pregledi rekoa deka e se vo red i da go masiram samo za vratceto.Eve veke pominaa nekolku nedeli i nema nekoj rezultat.Dali nekoja od vas imala nekoj slicen problem i kako go resila?Pozz





Страница: <<   < Претходна страница  22 23 [24] 25 26   Следна страница >   >>