kikicka -> RE: Менструација по породувањето (17.9.2011 11:05:48)
|
мамии еве најдов нешто али сепак оди на гинеколиг немора да значи ова.чисто онака да знаеш на што си. Лактозна аменореја Доењето предизвикува негативна повратна врска на ненадејното лачење гонадотропен ослободувачки хормон (GnRH) и лутеинизирачки хормон (LH). Зависно од јачината на негативната повратна врска, жените кои дојат можат да искусат целосно отсуство на развојот на фоликулите, може развојот на фоликулите да се случи, но да нема овулација, или пак може да си имаат нормални менструални циклуси. Поголема е веројатноста да се случи целосно отсуство на овулација доколку доењето е почесто. Лачењето пролактин како одговор на доењето е важно за да се одржи лактозната аменореја. Во просек, жените кои исклучиво ги хранат нивните новороденчиња со доење и чии што новороденчиња често цицаат доживуваат враќање на менструацијата 14 и пол месеци постнатално. Но сепак има многу видови реакции на жените кои дојат, некои го доживуваат враќањето на менструацијата на два месеци постнатално, додека некои остануваат аменореични и до 42 месеци постнатално.
|
|
|
|