Ikana -> RE: Породилни болки (2.5.2012 16:40:14)
|
Ананија, болките се јавуваат се почесто и почесто, прво на пола саат па на крај треба да дојдат на растојание од 10 минути, и на крај на 2 или 3 минути. Тогаш веќе се пораѓаш. Мене болките ме фатија во 4 или 5 наутро, за да се засилат во 10 часот, на ЦТГ одеа до 100 контракциите на 3 минути, се отворив 4 прста, и после тоа од паника ги изгубив и чекав 4 дена за на крај со царски да ме породат бидејќи не се отварав. Значи споредбата со јака менструација е точна, како и болка која се движи од половината кон јајниците значи од назад кон напред и нагон за туркање (како за по голема нужда, да ми извиниш). За мене не беа воопшто неподносливи, спиев, јадев, шетав, се нормално.
|
|
|
|