gorda2 -> RE: Породилни болки (28.8.2012 17:29:28)
|
Драги сегашни и идни мајки, прв пат ви пишувам иако ве следам повеќе време.. Сакам да прашам колку време пред вистинските болки можат да се јават лажните, денови или недели можат да бидат во прашање? Пред некоја ноќ имав лажни болки - болки во половината и стегање ниско долу, преседов или прешетав 4 саати, мерев да видам дали се во правилен интервал, кога видов дека нема некој ритам, си легнав и едвај заспав, а од тогаш само повремено ме боли карлицата, а болки немам... вцера бев на ЦТГ и ми рекоа абер сум немала иако сум 39 недели [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/nosecka.gif[/image], па сега не знам да да очекувам наскоро да бидне нешто или..? [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Инаку прв пат ги очекувам породилните болки, па затоа не знам, првото дете со царски ми го породија, итно беше, а сега, као, нормално си е се и нема индикации за царски... И така си чекам болки и читам ваши искуства :)
|
|
|
|