Џесика -> RE: Педијатар (5.4.2012 17:19:23)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mimushka а дали некој слушнал за ДР Златко Апостолски кај центар за странски јазици? Јас се лечам кај Златко и син ми исто. Не е педијатар, општ лекар е. Лично за мене не ми мења, пошто од дете се лечам во таа амбуланта. За син ми можеби нема ист настап како педијатар, меѓутоа во работата е темелен, работи со факти и докази, никогаш не ни препишал антибиотик без да испита убаво. Е сеа некогаш се случува, како што кажа Сандрич дека е ко изгубен, некогаш е онака краток и отсечен, а некогаш до сабајле муабет ќе ти прави, ама тоа не го прави воопшто непрофесионален и нестручен. На мобилен го добивам секогаш, празник, викенд, навечер, буквално во било кое време. Единствено што ми шкрипи е што сега ми е далеку откако се преселив, и дека не е педијатар.
|
|
|
|