Viktori -> RE: Педијатар (17.3.2012 0:11:03)
|
Јас Б го носам кај Славица Тодоровска. Има поделени мислења за неа, не за стручноста, туку за односот. Читав некаде постови демек ладна била, не и се објаснувало многу. Мене искрено не ми ни треба некоја да ми тупи 3 саати. Добро, можеби за бебиња треба да се има помек став, ама па јас Б го префрлив кај неа откако наполни 2 години, баш затоа што никој не знаеше што му е, а и таа само се сомневаше дека има шанса да е алергија. Неа ми ја препорача доктор Јани Враготеров од Систина. Славица ми е супер. Жената работела на клиника, ама си излегла, сите испитувања на клиника ги прави, ти не се малтретираш, знае точно кај кого да те прати и кога, ако има потреба нели. Од 100 пати на лекар, 0 антибиотици препишала. Се инхалира, па се тапка, па се преслушува и така 100 пати ако треба. Јас сум презадоволна.
|
|
|
|