blue_blue -> RE: Педијатар (18.10.2011 14:15:09)
|
Тасиа, детето би требало да има матичен педијатар. Ова не значи дека мора, Значи ако сакаш се приватно да плаќаш не ти треба да имаш матичен педијатар. Ако сакаш да одиш со сини картони ќе ти треба матичен доктор. Тој не мора да е педијатар, може да е општ лекар. Мој совет ти е сепак да биде педијатар. Има на страната на ФЗО список на педијатри кои имаат слкучено договор со фондот. Треба само да одиш кај избраниот да однесеш книшка (здравствена легитимација) од детето и тој/таа ќе ти отворат картон. Преглед кај матичниот педијатар не се наплаќа. Тој/таа ти дава упати за било ко специјалист и за во лабораторија. За кај педијатарот не ти треба упат/закажување, одиш кога е на смена и чекаш да ти дојде редот. Има педијатри кои имаат некое одредено време кога прегледуваат здрави деца (ако одиш само на некоја редовна конторола со бебе, да го измери, да види дал напрадува ко што треба). Педијатарот ти препипува рецепти за со плави картони. Попознати педијатри - Смоковска Нада (не работи со плави картони, само приватно - преглед е 600 денари), Радица Маџоска (во поликлиника Горче Петров), Давчева во Идадија, ПЗУ Пантелејмон - Славица (не знам како се презиваше) - кај Градска болница има ординација, работи со плави картони....На преглед начелно треба да оди бебето еднаш месечно, ама јас тоа не го практикував - во зима да го влечам по доктори за да го измери - не ми беше логично, ако си е здраво и добро напредува лично не мислам дека треба да иде на педијатар за „редовен“ преглед
|
|
|
|