RE: Детски колички (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Детска опрема



Порака


Melanija RR -> RE: Детски колички (10.6.2014 14:20:17)

Dilina лесна количка под 7 кила нема и секоја ќе ти е тешка без лифт,биди сигурна.Ок е транспортер но по 6 месеци е друго.На сите што сте без лифт во згради ќе треба или да зивисите од некој или како е мирно да го оставите дома а симнете количка,исто и за нагоре.Ете така цела пролет ја поминавме па за 30мин прошетка е непрактично [sm=smiley13.gif]
Инаку целите се поефтини низ градовите но кога ќе одиш до таму за некои колички ќе ти излезе исто .А за сличен модел ако не патиш од тоа да е од оваа сезона секогаш барај модел од минатата или предмината сезона многу ралика во цена по 3 илјади и ете ти облека гратис.
Бирај практично не естетски [sm=smiley1.gif] мој совет




Dilina -> RE: Детски колички (10.6.2014 20:37:03)

Си знам јас дека не сум сама за најгоре без лифт, хаха.....

Не дека гледам да биде естетски убава, за убава мене сите ми се убави :) кога станува збор за детско нешто, неможе да ми биде грдо :)
прва работа што гледавме е да биде лесна, да имам транспортер, а корпата не ми е толку битна.,

А за дигање нагоре-надоле ќе си патиме. Јас планирам конструкцијата (пошто на оваа се се вади, да ја закачувам на ограда, кај шо си закачува точак еден комшија, корпата/транспортерот дома да си го носам (ова во одредени ситуации кога ќе морам)....






princessa -> RE: Детски колички (11.6.2014 9:53:57)

Јас колица чувам во ходник од зграда не ми е ниту заклучена и да не се урочам никој не ми ја украл, иако овде кај живеам се крадат коли и точаци многууу. Еве 3 години сум така. Немаме лифт и неможам нон стоп нагоре надолу по скали а ми треба секојдневно. А Дилина идејата ти е добра, само конструкцијата да си ја заклучуваш а и така нема да ти ја украдат, што ќе им заврши една конструкција работа. Па корпа ќе си ја земаш. Незнам каков совет да ти дадам за колица зашто немам искуство за во мкд, нема исти колици како тука во Германија. Мојата е Zekiwa alu spider германска марка многу стара ама сум задоволна зашто е лесна има алуминиумска конструкција и имаше удобна пластична корпа со душек ама сега бебчо е голем и ја извадивме корпата и го монтиравме делот за седење. Ама како што можам да видам производителите во светот се копираат меѓусебно и колиците наликуваат многу слично. Таков модел како мојот има и чиполино и чико и мн. други.




Dilina -> RE: Детски колички (13.6.2014 10:34:12)

Дефинитивно се копираат и мн е глупаво тоа што неможеш секој транспортер да го монтираш со секоја количка... барем ако е поскапа да пасуваат повеќе модели ама тоа е што е сепак си имаат и они политика.

Туку ај и ова да ве прашам. Количкава денес ке ја земеме, само ме двоуми тоа што делот за ноџињата не се крева туку стои како подсвиткан малце, ама целото седиште се наслонува и има 4 позиции... а и до 13 кг е количкава... е до колку години би било тоа? До 2? колку време обично ги користевте вие количките?




Felly RR -> RE: Детски колички (13.6.2014 12:00:15)

Ние ја користивме до 2 и пол години (толкава возраст имаше летото) а сум видела и поголемки дечиња што ги возат во количка, но мене некако не ми е веќе таа возраст за во количка. А тоа за тежината зависи како ќе ти напредува [sm=duda.gif] М на 18 месеци имаше 12 кг, а на 2 год. 13. Сепак и да е поголемко детенце, сигурно издржува 2-3 килца плус, не се секирај. СУм видела и по две деца ги возат, а не па за едно. [sm=smiley36.gif] Кога ќе биде поголемко секако ќе си шетка само, а количката ќе ја користите кога ќе се измори, така да нема да биде во количка цело време.




Melanija RR -> RE: Детски колички (13.6.2014 18:09:03)

И јас знам дека во принцип детските колички се за до 3 год ,но зависи од детето и од кг.
Dilina внукми има 3,5 години а има 12 кг така што [sm=jezicek.gif]
Чекаме слика да видиме што си одбрала [sm=smiley1.gif]




Dilina -> RE: Детски колички (14.6.2014 9:00:59)

Мамички немоѓам да се снајдам со сликиве, изгледа или не копчам или нешто не е ок. Читав и како да поставите слика ама не ми успева.

Инаку ја земавме Free On spring, ептен е убава, во 3 дела, кафеава крем и чим успеам со сликиве ќе ви ја покажам, сеа ептен ми е криво.... [sm=smiley13.gif]

А да, за килограмите немав претстава дете од 2 год колку кила може да има. Затоа прашав, да не земам количка што е за до 1 г. мада не ми се верува дека има такви хаха :D
Многу ми помогнавте, и фала ви ептен [sm=smiley1.gif]




Dilina -> RE: Детски колички (14.6.2014 18:15:37)

[img]http://www.ready.rs/uploads/products/5187/i/1/spring%20trio.jpg[/img]

Успеав слика да ставам [sm=bravo.gif] за мене [sm=smiley36.gif]

Ова ни е количката, вратена ни е у пакет, ама чим излезе цуце, ќе ви кажам како е :) Празна е мн лесна :D




Defne90 RR -> RE: Детски колички (14.6.2014 19:30:29)

Многу е убава дилина со здравје да си ја возите со бебушот. [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Детски колички (14.6.2014 22:31:18)

Dilina баш е убава и модерна количката [sm=bravo.gif] здравје со убаво да се вози и шета бебчето[sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Детски колички (15.6.2014 10:11:16)

Со здравје да си ја користие Дилина, уживајте во прошетките!!!




Dilina -> RE: Детски колички (15.6.2014 12:32:05)

Фала ви многу и на помошта, 90 % ми помогнавте со одлуката, читајки ги постовите :) да си купите мн поубави работи :)




princessa -> RE: Детски колички (17.6.2014 9:23:57)

со здравје да си ја користите дилина, преубава е, и што е најбитно ми изгледа дека е компактна. И бојата е полн погодок ем за машко ем за женско[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Melanija RR -> RE: Детски колички (18.6.2014 14:10:26)

Пред 1 недела си купивме летна количка од Џамбо имаше од 900 и 1.200 ден,ја земавме по скапата некако по цврста и повисока ми изгледаше а и со настрешница кога кон назад се превиткува ако нетреба, и е околу 3кг,чадор систем, имаше црно со портокалово и црно со црвено јас сакав вторава варијанта [sm=smiley1.gif] така сакав и зимска ама излезе таа сина[sm=jezicek.gif]
За од 2 спрат полн погодок ,останува уште да не отслужи цело лето [sm=smiley1.gif]




Dilina -> RE: Детски колички (18.6.2014 15:22:29)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Пред 1 недела си купивме летна количка од Џамбо имаше од 900 и 1.200 ден,ја земавме по скапата некако по цврста и повисока ми изгледаше а и со настрешница кога кон назад се превиткува ако нетреба, и е околу 3кг,чадор систем, имаше црно со портокалово и црно со црвено јас сакав вторава варијанта [sm=smiley1.gif] така сакав и зимска ама излезе таа сина[sm=jezicek.gif]
За од 2 спрат полн погодок ,останува уште да не отслужи цело лето [sm=smiley1.gif]


И јас ги гледав деновиве тие :) ептен се убави лесни, со здравје да си се служиште Меланија, па кажи ни како издржува, да знаеме за понатаму и ние :)




Defne90 RR -> RE: Детски колички (18.6.2014 16:03:35)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Пред 1 недела си купивме летна количка од Џамбо имаше од 900 и 1.200 ден,ја земавме по скапата некако по цврста и повисока ми изгледаше а и со настрешница кога кон назад се превиткува ако нетреба, и е околу 3кг,чадор систем, имаше црно со портокалово и црно со црвено јас сакав вторава варијанта [sm=smiley1.gif] така сакав и зимска ама излезе таа сина[sm=jezicek.gif]
За од 2 спрат полн погодок ,останува уште да не отслужи цело лето [sm=smiley1.gif]

Меланија со здравје да си се служите со количката и да уживате во долгите прошетки со бебчо.[sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Детски колички (18.6.2014 23:39:51)

Фала ви [sm=smiley1.gif] ќе пишам рапорт во септември




princessa -> RE: Детски колички (23.6.2014 15:11:02)

[img]http://images.hauck.de/fileadmin/images/produkte/web_large/01-13257.part02.Roma_Rainbow-Petrol.jpg[/img]

Еве и јас решив летна количка да си земам зашто претходната летна не ја бива веќе. Па да ја пробам, се надевам дека ќе ми заврши работи за патување и сл.




Dilina -> RE: Детски колички (23.6.2014 16:29:12)

princesa мноогу е убава, и јас ја гледав тука слична ваква на хаук и стварно се мн убави... Со здравје да си се возикате [sm=bravo.gif]




princessa -> RE: Детски колички (23.6.2014 16:31:24)

Да се надевам дека ќе се погоди. Цел викенд барав количка и се двоумев каква да земам и на крај се одлучив за ова. Лесна е, има 7кг и се склопува како чадор. И битно ми беше дете да може да дремне некогаш во неа[sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: Детски колички (23.6.2014 21:07:09)

Со здравје да си ги користите Принцесса и Меланија!!! Здравје и нас кога ќе ни треба количка повторно, ќе си купам таква летна. Некако многу полесни и попрактични ми изгледаат.




princessa -> RE: Детски колички (24.6.2014 10:13:20)

За средени и рамни улици се многу добри[sm=smiley36.gif]. Поради малите тркалца не се за неасфалтирани улици и калдрми. Ама за во град, низ продавници да се шуткаш, за патување, по аеродроми, за во багажник се супер. Мојата летна количка претходно што ја имав беше од тие најобичните, немаше ни натсрешница и неможеше да се спие во неа, беше под агол од 90 степени. Ама и ја извадивме маста за тие пари. Ептен беше ефтина а и уште функционира ама многу и се изамортизираа тркалата. Затоа купив нова иако со тешко срце зашто верувајте ова ми е 4та под ред[sm=zmeden.gif]. Она големата зимска што ја имав за ќерка ми е во мкд и е многу топ количка и незнам што да и правам, да ја продадам или да ја чувам на спрат.Многу е нова. Едвај две години ја користев и тоа не секој ден. Летото бевме со летната. За син ми купував нова и ја користам многу. И плус летна сега. Ајде нека е само за помош, да ми го олеснува секојдневието.




Mila mamicka -> RE: Детски колички (5.11.2014 11:31:41)

Како возбудени родители во исчекување на своето прво дете, со мм поминавме 2 месеци барајќи ја идеалната количка за нашето бебенце. Кога и да наидевме на некоја убава количка, секогаш едниот и наоѓаше некоја маана. Почнавме да бараме низ нет и да гледаме кои марки ги задоволуваат стандардите на квалитет и така ја пронајдовме нашата количка. Купивме количка Maxi Cosi Mura во црвена боја заедно со транспортер. Ги купивме од Енци Менци (како и сета останата опрема) и чинеа 40.000 денари. И тоа што можам со сигурност да го кажам-вредат за секој потрошен денар. Значи, конструкцијата на количката е алуминиумска, количката е со три тркала, гумите се како гуми од кола што се пумпаат, а не пластични. Рачката се прилагодува на висина (што ни беше многу важно, затоа што и двајцата со мм сме високи). Количката се врти и на двете страни, транспортерот е ептен безбеден како седиште во автомобил. Пробана е на плажа, на снег, по дожд. Значи, немам ниту една забелешка за неа. Син ми е дете кое многу сакаше да си седи во количка, па максимално ја искористивме полни 2 години. А да ја видите количката, па и транспортерот, изгледаат како сега да сме ги донеле од продавница. И тврдам дека уште 5 деца може слободно да ја искористат количката. Извинете на долгиот пост, ама морав да им посочам на некои идни мамички, доколку се во можност, да си купат количка на Maxi Cosi, не мора Mura, било која од оваа марка, нема да згрешат.




Snowhite RR -> RE: Детски колички (5.11.2014 18:33:53)

Мила мамичка, јас кола си купив за тие пари хехе
Како и да е, секој си ги знае можностите и на што ќе ги троши парите. Јас лично и да имам не би давала толку пари за нешто што може да го купам и да ми ја заврши истата работа а за помалку пари.
Не судам никого значи, само си го искажувам својот став




Dilina -> RE: Детски колички (5.11.2014 19:04:15)

[img]http://www.ready.rs/uploads/products/5187/i/1/spring%20trio.jpg[/img]

13900 ја земавме од Битола. Значи ја утепавме од возење, ни крц ни мрц не направи... мноооогу е лесна со песна ја качувам по скали на 5ти, транспортерот и корпата ги користиме сега, за некој месец и количката ќе ја извадиме. Со драго срце ја препорачувам, во СК е поскапа за 5000 ... јас никогаш не би дала повеќе од 15000 за количка, и да ми е длабок џебот. Гледам други мајки што возат чиполино итн некои скапи марки се чудам како толкуи крцкаат како расклатени, а ова нашава не е мрдната... ептен сум задоволна...




Страница: <<   < Претходна страница  13 14 [15] 16 17   Следна страница >   >>