RE: Детски колички (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Детска опрема



Порака


Melanija RR -> RE: Детски колички (5.11.2014 21:19:34)

Несакам да заречам туку искоментирам.За активно возење на детска количка низ Ск подобро нескапа количка [sm=zmeden.gif]Летнава од Џамбо за 1.200 што се не преживеа од јуни навака и ете уште тера,крцка нешто кај едното тркало при отварање но нема зима[sm=smiley36.gif]




Mila mamicka -> RE: Детски колички (6.11.2014 8:16:55)

Сноувајт, и нас ни велеа подобро купете му кола на бебето и нека стои паркирана во двор за кога ќе порасне. Не ми е којзнае колку длабок џебот, меѓутоа кога ја видовме количката навистина тоа беше љубов на прв поглед. Потоа, пак размислувавме, ама на крајот сепак се решивме да ја земеме. И навистина, не се покајавме.




Melanija RR -> RE: Детски колички (8.11.2014 12:25:31)

Lolla ova e kolickata [sm=smiley1.gif]

[img]http://www4.slikomat.com/13/1108/8wr-111111.jpg[/img]
[img]http://www4.slikomat.com/13/1108/7ut-3.jpg[/img]
[img]http://www4.slikomat.com/13/1108/eqb-4.jpg[/img][img]http://www4.slikomat.com/13/1108/jss-5.jpg[/img]
[img]http://www4.slikomat.com/13/1108/ltq-6.jpg[/img][img]http://www4.slikomat.com/13/1108/i8c-7.jpg[/img]




lolla RR -> RE: Детски колички (8.11.2014 13:31:44)

Да таа е! Многу е добра. Ако имал некој количка од Хаук може и да сподели искуства!




Vedrana2015 -> RE: Детски колички (26.12.2014 9:54:29)

Меланија, дали ќе сакаш да споделиш колку чини количката Hauck која е прикажана на сликата? и од каде ја купи?




Melanija RR -> RE: Детски колички (26.12.2014 13:05:08)

Vedrana2015 јас ја немам таа колицка, туку lolla ја има гледано.Ќе пише на темава цена




Hopeful RR -> RE: Детски колички (11.1.2015 18:12:05)

Ај и овде да си пишам [sm=smiley36.gif]
Колку голем и убав избор има за колички, човек да се побудали. Арно ама, истото не важи и за близнаци, за жал. Досега видов само 4 модели близначки колички и сите се која од која поникакви, искрено, а единствената што е симпатична е цело богатство.

Не сакам тандем, сакам да седат едно до друго, и секам да има и транспортери со количката, и по можност да не чини сето тоа колку кола на старо [sm=smiley36.gif] Сакаме да видиме што има и во Солун, онлајн гледав многу добри модели за не многу пари, а исто и во Софија, макар што таму се поскапи, но стои можноста за враќање данок. Дали имате идеја кај има повеќе близначки колички кај нас?




LoveableMe RR -> RE: Детски колички (11.1.2015 20:27:22)

Хопефул, не знаеш каков убав избор на близначки колички има во Лидл Германија и ептен евтини...само не знам дали имаш некој да ти купи или пушти го мажле со евтиниве летови на еден ден, да изнакупи све[sm=bravo.gif][sm=duda.gif]




nataly86 -> RE: Детски колички (12.1.2015 22:36:02)

Мојата болна тема[sm=smiley36.gif] па се изнагледав колички и на крај сфатив дека таа што ми се допага чини исто колку кола на старо со се регистрација и јас имав желба со транспортери но ништо[sm=smiley13.gif] ја добив на поклон од Словенија супер е засега, едно до друго се и битно има добра амортизација (бидејки улиците ни се хаос)
Од тука на пазарот што се нуди не се нешто квалитетно, имаше една на хаук мислам дека беше 16000 таа ми личеше поквалитетна другото како што имам низ град видено е брзо расиплива роба...
За во Солун прво прашај на граница да не ти удрат и царина [sm=smiley36.gif] се е можно [sm=smiley36.gif]




Melanija RR -> RE: Детски колички (13.1.2015 0:44:39)

Поефтини колички има во Бугарија и Србија ова сериозно ,ѕирнете на нивни сајтови.Hopeful едно до друго тешко само две оделни со спојка имаше порано убави.Ќе прашам една познаничка која има исто двајца дечки од каде ја имаат




FlowersEP -> RE: Детски колички (16.1.2015 14:48:29)

Здраво женски, ке ве замолам да ми каже некоја од вас каде ги има количките FREEON во Скопје, каде може да ги видам?




FlowersEP -> RE: Детски колички (17.1.2015 11:45:49)

LoveableMe RR се јавив на бројот што ми го прати од веб страната но никој не ми се јави, ајде здравје во Вторник ке вртам пак, мозе не работат денес па споен викен е [sm=smiley36.gif], женски во меѓувреме доколку ставрно некој знае нека ми помогне каде да ги видам колицките на FREEON




Malecka23 -> RE: Детски колички (17.1.2015 12:14:08)

FeeOn kolicki ima vo TIARA My market vo n.ILinden.Imaat i fb stranica mozes da vidis




FlowersEP -> RE: Детски колички (17.1.2015 13:25:43)

Фала ти многу Malecka23 [sm=bravo.gif]




blue_blue -> RE: Детски колички (18.1.2015 18:35:49)

Јас и моите пријателки кои имаа близнаци имавме колички од Mothercare во Ramestore што е. Количката е Meclaren англиска фирма и беше 24000 мкд. Вредеше за сите пари. Децата можат да лежат во неа од 0 месеци и се склопуваше како чадорче. Лесна и издржлива и многу лесно се вози. Мојата ја подарив на пријатели но другарка ми ја продава својата мислам за 11000 МКД. Нова е и во одлична состојба. Ако сакаш пиши ми во Пп да ти дадам нејзин број. Транспортери види ако може да ти даде некој или да купиш на старо. Јас и тие ги подарив.




Hopeful RR -> RE: Детски колички (19.1.2015 13:26:52)

Фала ти, blue_blue, ги гледав количките и добри се. Ние сакавме со големи тркала, но и немаме нешто многу избор. Да видиме што има надвор од Мк, па ако се одлучиме за таа варијанта, секако ќе ти пишам за контакт [sm=smiley1.gif]




martina88 -> RE: Детски колички (6.3.2015 18:03:37)

Zdravo mamicki jas sum vo potraga za kolicka [sm=smiley36.gif] dali ima nekoj sto ja ima chipolino pooky ,deckoto od loco croko epten ni ja falese pa ako ima nekoj iskustvo ve molam da mi pisete[sm=bravo.gif]




Hopeful RR -> RE: Детски колички (23.3.2015 13:35:09)

И јас со истото прашање - дали некој има какво било искуство со Chipolino количка?
Гледам има убави близначки модели, со пристапна цена, но вака кога ја видов ми се видоа толку тесни лежиштата, што не знам дали до 6 месеци ќе бидат доволни... ај тоа, него општо ме интересира колку мислите дека се квалитетни, стварно не сакам да купувам две.

Тој дечкото од Loco Croco инаку, ќе му ја пукнев главата!!! [sm=smiley36.gif] Толку напорен и толку досаден, не не остави ни да видиме, ни да пробаме сами, туку збореше глупости - ни шиткаше единечни колички и модели од други продавници...




Melanija RR -> RE: Детски колички (23.3.2015 13:52:44)

Застапници за Чиполино се Андреиј компани од Штип,велат таму е поефтино.Видете на фб еве гледам некаков попуст имаат на
Kolicka NEVA 2/1
Kolicka PUKI VIP 2/1
Kolicka TRIA 3/1
Kolicka TRIA 2/1

Мене ми се допаѓат Чиполино,а ретко се наоѓаат упатени продавачи кои знаат да објаснат за количките .Во Енци Менци порано имаа добри претставници




Sani_28 -> RE: Детски колички (27.4.2015 11:12:41)

Zdravo

Sakam da prasam dali znae nekoj kade mozam da kupam vo Skopje navlaka za kolicka koja stiti od veter i da odgovara za site vrsti kolicki

Pozdrav




Malecka23 -> RE: Детски колички (27.4.2015 11:39:13)

Vo Loco Croco imase vidi proveri tamu




Hopeful RR -> RE: Детски колички (27.4.2015 14:30:13)

Конечно наидов на разбирање за количката што ми треба, Андреј Компани се супер, и со оглед на изборот во Скопје, наскоро ќе нарачам од кај нив, плус прават испорака. Хаук нема шанси да ја најдам близначката, ама оваа на Чиполино ептен мис е свиѓа, башка и поевтина е.

Инаку, имам едно прашање - од кај излезе дека мора да се има комплет за во количка?!!

Кога барав корпа во Анжи (плик корпа било тоа, ете, научив нешто ново), која на дното е само картон, ми рекоа дека имаат комплети за во количка, кои одат во корпата, а после и во количка - има нешто како подлога, перниче и такво за покривање, ама цената машала - 1500 ден! Јас мислев дека бебето си лежи така во количка, или не? Ај за во корпата ќе ставам обично ќебенце, ионака е за до кола, ама за количката сум прашалници. На сајтот на Чиполино пак гледам имаат душече за во количка, и уште толку се збунив. Како правите вие, ставате нешто под бебето, и што?

Исто, да ве прашам - што друго ми треба за со количката, како најитно и најосновно - чадорче, мрежа за комарци, ...?




lukajana RR -> RE: Детски колички (27.4.2015 23:49:59)

Hopeful rr комплет за во количка ти се џабе фрлени пари,можеш да ставиш било што кебе,прекривка чаршавче зависи од времето,нешто што ке има у друга намена,а и не мора ништо да ставаш ако не сакаш,како ке си одлучиш така.
Чадорче не ти треба ако се ротираат рачките па ке ги вртиш на спротивна страна од сонцето,а мрежа може ке ги штити и од комарци и од муви или оси.




Hopeful RR -> RE: Детски колички (28.4.2015 9:57:05)

Фала ти, lukajana RR, и јас мислам дека се џабе фрлени пари. Па претеруваат стварно, а ти ги претставуваат ко да се неопходни, се осетив ко неспособна пошто не знаев дека воопшто постојат [sm=smiley36.gif] Башка знам дека за новороденче не треба перница, а овие се баш такви. Мрежа и мене ми се гледа дека треба, само ќе импровизирам, бидејќи сите се за единечни колички, па ќе смислам нешто за дуплата [sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Детски колички (28.4.2015 11:54:37)

Што се не ќе измислат [sm=smiley36.gif] Хоупфул, па и јас не сум знаела дека постојат такви работи. Ние поминавме без дополнителна опрема за количка. Како што вика лукајана, дека рачките се вртеа, па ако и сметаше сонцето, ја вртев на другата страна, а за мрежа, дека М ми беше зимско бебе, воопшто и не ми затреба. Сега, со летни бебиња, и плус дека мали, може ќе се најде.




Страница: <<   < Претходна страница  14 15 [16] 17 18   Следна страница >   >>