RE: Детски колички (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Детска опрема



Порака


Hopeful RR -> RE: Детски колички (29.4.2015 14:14:59)

Стигна количката, едно гајле помалце [sm=smiley36.gif] Близнаците, здравје, ќе се возат во Чиполино Твикс, слика во прилог [sm=smiley1.gif]

Ја нарачав од Андреј Компани вчера, денес ја испорачаа со брза пошта, 16.250 ден., и сум презадоволна - многу е добро направена, алуминиумска, со големи тркала, соодветна за новороденчиња, лесна за склопување, супер се вози и бојата (атмосфера) е топ! Е сега малце е тешкичка, ама сите близначки се, ама барем е доволно комотна и голема и за кога ќе пораснат.

Чадорче не нарачав, тек сега видов дека рачката не се врти, ама ќе земам од тука, а плус настрешниците се огромни, може и нема да има потреба. Мрежа за комарци ќе побарам тука, се надевам ќе најдам дупла, ако не ќе импровизирам нешто сама, ќе шие мајка ми [sm=smiley36.gif]

[img]http://www.pakostnik.com/media/catalog/product/cache/1/image/9df78eab33525d08d6e5fb8d27136e95/c/h/chipolino-twix-bejava.jpg[/img]




Kvisko -> RE: Детски колички (29.4.2015 17:10:19)

Ептен ви е убава. Со здравје да се возите.




lukajana RR -> RE: Детски колички (29.4.2015 23:16:23)

Hopeful rr многу ми се допаѓа ,ке уживаат бебушките во неа




Melanija RR -> RE: Детски колички (29.4.2015 23:55:26)

Hopeful RR супер избор [sm=smiley20.gif] убави шеткања да имате[sm=duda.gif][sm=duda.gif]




Snowhite RR -> RE: Детски колички (30.4.2015 0:04:14)

Пρеубава е κоличκата со здρавје да си ја

возите




Hopeful RR -> RE: Детски колички (30.4.2015 0:06:09)

Фала ви девојки, се надевам ќе биде максимално искористена [sm=smiley36.gif]




Malecka23 -> RE: Детски колички (30.4.2015 7:33:21)

Preubava vi e kolickata.So zdravje da si ja vozite.Inaku na Cipolino se sto sum zemala sum epten zadovolna taka da mislam deka super izbor za kvalitet si napravila




fresh -> RE: Детски колички (9.7.2015 23:39:26)

Мамички може ли некоја од вас да ми каже по која цена се движат летните колички во џамбо? Многу ми е важно да е лесна и да се подесува за во лежечка позиција, бидејќи бебуш уште не седи па затоа




fresh -> RE: Детски колички (14.7.2015 17:00:28)


ИЗВОРНА ПОРАКА: fresh

Мамички може ли некоја од вас да ми каже по која цена се движат летните колички во џамбо? Многу ми е важно да е лесна и да се подесува за во лежечка позиција, бидејќи бебуш уште не седи па затоа





sandriana RR -> RE: Детски колички (15.7.2015 9:50:20)

fresh,
најобичните летни колички се околу 1200 денари во Џамбо, но немаат опции за подесување на нивоа, односно за лежечка позиција.
За други варијанти не сум запознаена, но мислам дека воопшто летните колички со чадор систем немаат опција за спуштање.




fresh -> RE: Детски колички (15.7.2015 12:21:46)

Sandriana моја пријателка купи количка од џамбо пред околу 2 години, ја купила 1200 ден со лежечка позиција. Сепак тоа беше пред две години затоа сакав да прашам дали сега имаат такви и многу ми е важно да е лесна бидејќи живеам во зграда. Сепак ти благодарам




nataly86 -> RE: Детски колички (15.7.2015 17:23:03)

Од Jumbo не се спуштаат и воопшто не се квалитетни...Јас бидејки со близначтата никаде не не бери а ни во кола не ни ја собира си купив две летни колички од Бертони намалени до 4600 на 2800 денари..супер конструкција со стреа и со неколку позиции на спуштање.. задоволна сум за парите супер си се количките




Hopeful RR -> RE: Детски колички (15.7.2015 17:34:07)

Баш го мислев ова... близначка летна количка нема, така? Како се снаоѓаш со две поединечни, Nataly86? Секој бутка по една?




fresh -> RE: Детски колички (16.7.2015 2:07:58)


ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86

Од Jumbo не се спуштаат и воопшто не се квалитетни...Јас бидејки со близначтата никаде не не бери а ни во кола не ни ја собира си купив две летни колички од Бертони намалени до 4600 на 2800 денари..супер конструкција со стреа и со неколку позиции на спуштање.. задоволна сум за парите супер си се количките

Можеш ли да ми кажеш дали во скоро време ги купи и како можам да нарачам преку интернет, дали вршат достава и сл.




vezilka RR -> RE: Детски колички (16.7.2015 12:42:17)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Баш го мислев ова... близначка летна количка нема, така? Како се снаоѓаш со две поединечни, Nataly86? Секој бутка по една?


Има држачи кои гио прицврстуваат двете колички една за друга. Не знам од каде се купуваат, ги видов кај ени комшии. Ако ги начекам ќе ги прашам. Значи количките се обични, само со тој држач се прицврстени.




kokicekokice -> RE: Детски колички (16.7.2015 12:53:19)

Dali znaete dali se prodavaat i kade univerzalni dodatoci za kolicka kako-drzac za chasha za majkata,drzac za mobilen?




vezilka RR -> RE: Детски колички (16.7.2015 13:11:24)

Кokicekokice постот го префрлив тука за побрзо да добиеш одговор.




Kvisko -> RE: Детски колички (14.10.2015 15:48:30)

Искусни мамички ми треба помош во одлучување каква количка да купам. Нешто ми се свртело дека сакам да има опција за вртење на седиштето кон мене заради интеракција со бебето додека се вози. Е сега од она што го гледам околу мене има различни опции и има и такви опции. рабоатат е дали ми треба таа специјалната корпа за бебе или не. Терминот ми е во Јануари па нешто се соменавам дека многу ќе шетаме на почеток ама па можеби и да се покаже како добра опција за шетање со заштита од ветер и како потопло од седиштето за количка. Дали реално ми треба/дали некој имал таква. Другото е дали да земам количка со поголеми тркала. Мене се некако натаму ме тера умот со оглед на дупкавиве улици и тротоари ама не сум баш сигурна заради тежината на таквите колички. Не сум отишла уште да разгледувам некако рано ми се гледа ама од она што го гелдам како опции по градов се прашувам што и како ми треба.




lukajana RR -> RE: Детски колички (14.10.2015 23:51:36)

Kvisko опцијата да се врти седиштето ти е добра и за заштита од сонце за да не купуваш чадорче ,а за корпа зависи јас за двете купив нови корпи дека едната сина другата црвена и ги употребив за да ги земеме од болница и во првиот месец да ги носам на ортопед и педијатар иначе не се искористува многу освен ако не купиш од тие корпи што се со опција корпа и релаксатор па така да го искористиш




tincule -> RE: Детски колички (15.10.2015 8:30:22)

Ние земавме количка со транспортер релаксатор што се местеше на количката додека е помала за да биде свртена накај мене да ја гледам инаку седиштето е фиксно. Транспоретрот го користев скоро ич од причини што мојава женска некако како тесен да и беше па не сакаше во него да седи. А количката душата и ја извадивме. Во секој случај подобра опција мислам дека е да може страната да се менува зашто кога се помали сакаш да е свртена накај тебе да ја гледаш а после сама ќе бара да се сврти да може оно да гледа [sm=smiley1.gif].А оние со корпа јас не сакав од причина што многу кратко време ќе го користиш за џабе пошто бебчо брзо расте [sm=smiley36.gif] Ама сепак е знак прашање на вкус.




Hopeful RR -> RE: Детски колички (15.10.2015 11:15:11)

Најдобро е количка што се врти, да, со нејзин транспортер. Корпа не ти треба - од болница не те ни пуштаат без транспортер, така што корпата за џабе, барем според мене.

Во однос на тркалата - и јас сакав големи од истата причина, и задоволна сум. Додуша моите се пластични големи, не онакви што се пумпаат, макар што тие се најдобри за дупки и нерамнини, но потешки за одржување, знаат да се дупнат и треба да се пумпаат. Јас немам проблем со скопските улици од аспект на дупки, само од аспект на простор - мојата дека дупла, често пати не ја собира, но тоа е друга мака [sm=smiley36.gif] За тешка - мојата секако е тешка, но не ради тркалата, туку ради целата конструкција. Провери конкретни модели, не се сите со големи тркала тешки.

И уште нешто - би те советувала да не трошиш многу пари на скапа количка. Да, изгледа каде каде поубаво, има функции, ама сите колички се уништуваат одма, и за година дена ќе видиш дека џабе парите. Најди некој просек и не се замарај многу [sm=smiley1.gif]




bucko mal -> RE: Детски колички (15.10.2015 11:34:18)

I jas ke kazam ne za korpa. Koga veke ke koristish transporter, korpana ic ne ti treba. Barem za mene najkorisno nesto e transporter.

Kolichki gledam so malechi tri trkala mnogu ubavi, funkcionalni I lesni. Jas imam so golemi trkala, so site potrebni dodatoci. Ne e koj znae koja marka ama epten se pokaza. I posle tri godini koristenje kako nova e ama ima edna mana, mnogu e teshka I golema.
[sm=smiley1.gif]




Kvisko -> RE: Детски колички (15.10.2015 12:33:11)

Фала ви на сите на одговорите. За корпата и јас го имав истото некое чувство ама ај си викам да си прапам зашто некако низ град многу ми се видоа мајки со децата во корпи па си викам да не нешто ептен тоа топ работа. Штом не е да не се замарам.
Транспортер ми е обавезна ставка. Нема шанси да возам бебе без транспортер во кола. Така што тоа секако ќе купиме. Едно време се мислев да купиме од тие комбинираните седишта ама знам Hopeful пишуваше дека и покрај тоа купиле транспортери па од страт ќе одиме со транспортер а после друго седиште.




sandriana RR -> RE: Детски колички (15.10.2015 13:10:48)

Kvisko, многу е битно и какво ќе се погоди детето [sm=smiley36.gif]. Дали ќе сака количка или не - ако не сака, каква и да купиш, џабе е [sm=smiley36.gif]
Од мое искуство - ако си ти сама шофер, неохпден ти е транспортер - опција количка со транспортер мислам е најисплатлива. Оние со 3 дела, каде има и корпа плус, мислам не се искористува многу корпата, евентуално првите 2-3 месеци, ама пак бар за мене, истата функција ја извршува и транспортерот, со тоа што истиот е плус и седиште за во кола бар до 6-7 месеци.
Моментот за вртење на рачките е ок -повеќе опции за тебе, да видиш што му одговара на бебето. И така првите месеци е пожелно да биде свртено кон тој што ја турка количката, и транспортерот така и се мести кај грото колички - кон туркачот.
Битно е да има бар 3 позиции наслонот на количката, а за тркала не знам што да кажам. Лично, искрено, повеќе аир видов од слинг марамата дур беа мали бебиња, количка негде после 7-8 месеци почна да ми брка работа, и тоа најискористена ми е обичната летна количка, чадор-систем.


P.s Постов го пишувам од сабајле, веќе стигнале доволно совети и искустав, ама ќе го објавам, да не ми е залуд трудот. [sm=smiley1.gif]




MamaKiki -> RE: Детски колички (22.10.2015 12:46:23)

еве мое искусто
јас ја зедов мура3 количката од maxicosi и сум ептен задоволна има големи тркала и не се пумпаат полни биле [sm=zmeden.gif] ја имам на пелистер по патека за пешаци туркано и гајле немала а има и супер амортизација...
корпа не ти треба за дете кое ке се роди во јануари, транспортер-автоседиште ти брка голема работа се врзува во кола и се сигурно, јас имам корпа и еднаш во кола го ставив зимно време со плус кебе завиткано и ептен ми беше нестабилна детето внатре можеше да се тркала [sm=zmeden.gif] не е за во кола опција корпата во никој случај освен може тие меки корпи па да го држиш цврсто...
тркала големи ДА
опција да се врти седиштето (како кај мене) или рачките ти треба и тоа многу -додека е мало и поголемо ако заспие а надвор знае да си подувни ветре ова многу заштитува...
јас имам земено количка и транспортер кои не одговараат не беа комплет оти така ми идеше многу пари , транспортерот во кола можеш да го користиш и до 7-8 месеци толку ние го користевме ама веке на 6 месеци може слободно да си седи во количка оти сега скоро сите имаат 3 нивоа лежечка, полуседечка и седечка позиција оваа средната е одлична за тој период оти ем не е седнато ем може да си гледа детето и да си ужива... и тука кога ке видиш по месеците и кај тебе скоро да не морално да земаш комплет, јас зедов најефтин транспортер , а количка малку поскапа ама ептен ја користам еве и на 13 месеци нозете не му висат воопшто туку седи како на фотеља дома знаци ек ја користам сигурно до 2 години...
имам и летна количка се собира цела како коцка скоро во ранец се пакува и таа не ефтина ама детето кога го седнав како на асвалт да седеше ич не ме бендиса и кутрото стуткано па ич не ја искористив оваа ми е закон ем заштитено, ем удобно.. зборот ми е да си земеш една убава количка можи подобро ке биде отколку и нормална и летна...
додатоци како торба, и слично нема да ти требаат многу да не се лажиш додека е бебе мало и патуваш со кола ке ти треба поголема торба , а после еден ранец на тебе и ке трчаш низ паркот по детето , јас кога барав количка 2 навидум исто едната со торба комплет беше за 2000 денари поскапа, демек торбата кошта 2000 [sm=zmeden.gif]
на почеток можи да кемка од количката ама кога ке почни да разбира дека ке шетка , ке дреми како кукле [sm=jezicek.gif] бар вака беше со нас




Страница: <<   < Претходна страница  15 16 [17] 18 19   Следна страница >   >>