Hopeful RR -> RE: Детски колички (23.11.2015 23:44:11)
|
Kvisko, да го споделам нашето искуство во однос на седиштето од 0-4 години, и ние купивме две такви. Ги земавме од Солун, на Belleli се, и иако скапи, решивме да не штедиме на безбедност во кола. Исто имаат додатоци за новороденче, со комплетно истото лежење како во транспортер. Ние не планиравме транспортери, со логика дека овие седишта функционираат од сам старт, но не поколеба ортопедот во болница, и дента на излегување мм отрча и купи два транспортери. Не дека бебето не е стабилно и безбедно во самото седиште, апсолутно е, но проблемот е транспортот - како ќе се однесе од кола до дома? Од кола до лекар за преглед или вакцина? Се случуваат сопки, лизгања, камче, вирче, снег... човечки инстинкт е прво себеси да се заштитиш, колку и да внимаваш, ни збореше ортопедот за испитувањата што се направени и за жал, така е. И да ти го цитирам него, и најевтиниот транспортер е побезбеден од држење во раце, тоа е факт. Јес да кратко време ги користевме, по околу 4 месеци почнавме да ги возиме во седиштата, сепак, мислам дека многу ќе ни беше потешко без транспортер. Дури имавме и ситуација кога бевме на преглед во Систина, на влегување во канцеларија едниот транспортер се подизлизга од кај мм во раце и за малце ќе завршеше на под, среќа си ја заврши работата. Не сум негативец и не сакам да кобам, но само сакам да укажам на сите можни ситуации, кои и не се така ретки како што ни се чинат, се надевам дека сум јасна. Мој совет - супер е седиштето, ама за сам почеток сепак најди некаков транспортер, позајми, купи на старо, сеедно, но нека е бебето во него. Не мора да има база, доволно е стабилно со каишите, има повеќе точки на врзување и затегање, башка секако нема да се вози брзо со бебе во кола.
|
|
|
|