|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
9.1.2010 16:43:09   
Mamicka3
И ја би сакала да дојдам и тоа многу,но неможам бидејќи вчера ми беше еден малер ден шо си ја скршив ногата user posted image user posted image user posted image но затоа друг пат на дружба идам 

_____________________________

Децата се најголемо богатство
Марио 31.10.2002
Ана Марија 01.11.2005
Трајче 20.09.2009

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
9.1.2010 16:47:12   
Еца

user posted image

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
9.1.2010 16:50:40   
Еца
Дали некој знае колку ќе чинат влезниците, јас разбрав 300 денари, но да не шпекулирам. Ајде ако некој знае нека пише и од каде можат да се купат.

< Поракaта ја уредил Еца -- 9.1.2010 16:58:52 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
9.1.2010 16:56:41   
Julie1
Јас предлагам да имаме L маички за сите жени а XL за сите мажи, и некој мини маички за дечињата.

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
10.1.2010 17:44:32   
mami
се сложувам, а за влезниците дајте некој нека пише колку се, ич не сум во тек...

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
11.1.2010 9:55:38   
Еца
јас разбрав дека се 300 денари и дека концертот ке почне во 20.00 часот, инаку ајде мамички пријавувајтер се да се соберем повеќе, и ќе се запознаеме, и ќе се дружиме и ќе помогнеме во исполнување на желбата на Тоше

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
11.1.2010 10:01:04   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie

Јас предлагам да имаме L маички за сите жени а XL за сите мажи, и некој мини маички за дечињата.


евентуално М број за жениве???? или??? да не пливам у неа?????user posted image user posted image user posted image се шалам може Л не е битно. а и за децата обавезно мини маичкиuser posted image user posted image user posted image

и сега дефинитивно во салата борис трајковски и 300 ден е влезница???


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
11.1.2010 11:25:56   
Enika
Вака сеа..јас денес ке одам да прашам во Југотон колку пари е карта, вчера фатив реклама дека се продаваат влезници во Југотон и во Продавниците на Together( претпоставувам за Оне се мисли), ке биде во салата Борис Трајковски...е сеа јас ке видам Цени и ке ви пишамuser posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
11.1.2010 11:39:10   
Julie1
Еве нешто што најдов на нет:

И по две и пол години од трагичната смрт на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески, неговата единствена желба - манастирот “Св. Преображение“ да биде комплетно опремен се уште не е исполнета. Токму поради тоа, еден ден пред неговиот роденден, на 24 јануари, ќе се одржи голем хуманитарен концерт, во салата “Борис Трајковски“ во Скопје. Како покровители, зад овој голем хуманитарен концерт, ќе застанат: Влада на РМ, Фондацијата “Тоше Проески“, продукцијата “Аворд“ и “ЕВН“. Во чест на Тоше и на манастирот, ќе пеат пријателите на пејачот, како што се: Тони Цетински, Борис Новковиќ, Нина Бадриќ, Аки Ракимовски, Јелена Томашевиќ, Хари Варешановиќ, Калиопи и Елена Ристеска. За време на концертот ќе се испромовира спотот за песната “Још увек сањам да смо заједно“ од композитор Мирослав Рус. Цената на влезниците за овој хуманитарен концерт ќе биде скромни 300 денари.

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
12.1.2010 10:45:38   
Enika
Еве вака...вчера бев во Југотон и ми рекоа дека картите се 250 ден...се извинувам што дури сеа пишувам мегутоа неам нет дома и така ке биде најверојатно цела недела user posted image па еве се гребам од кај мајка ми на работаuser posted image

Како ке се организираме сеа?секој посебно ке си купи карта претпоставувам, ама да се чекаме за заедно да влеземе нели со маичкитеuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
12.1.2010 10:48:20   
bojanas
Јас не можам да дојдам на секој концерт се утепувам од плачење и на крај завршувам со температура. Верувам дека убаво ќе си поминете и да раскажете како било.

_____________________________

Кајче мама тато дада јас и бато секој среќен пее дури ветре вее

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
12.1.2010 10:49:38   
mami
Ухууу супер, има уште карти? што ти рекоа?утре одам за мене и мм- најверојатно нешто ми мрчнуваше пред некој ден па ке видимеuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот bojanas)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
12.1.2010 11:12:28   
Enika
Има Имаuser posted image И Лука рече моѓе ке дошол не е сигурен полагал на 27 па ако можел ке дојде...ама нема шанси маилка да стаиuser posted image Ја купувам после евентуално

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
12.1.2010 11:12:32   
profesorica
јас мислам да си земеме карти и да се чекаме поделиме маички и влеземе заедно.




_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
12.1.2010 11:14:41   
mami
Ајде да видиме кој доаѓа, да се собереме што повеќе

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
12.1.2010 11:16:25   
Enika
Претпоставувам тие што се најавија ке доагаат...ајде вака...сите шо ке купат карти овие денови нека се прави список за да се знае точна броја...јас после ке идам најверојатно...и ако купам ке пишам од негде...или смс на некого бидејки неам дома нетuser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
12.1.2010 11:18:54   
Julie1
Најдобро секој да купи карта посебно а тука веднаш да пријави дека тоа го сторил user posted image До 20 ти Јануари ќе го собираме списокот за број на маички, после тоа списокот е затворен и маичкит епочнуваат да се изработуваат. На 24 - ти малку порано може да се чекаме да се изнасликаме како си ги делиме маичките и да влеземе заедно, внатре ги облекуваме и сме цело време заедо.

Еника ние ке спремиме маичка и за Лука и сигурна сум дека ке дојде и ке ја облече, а овие електрашите секогаш се вадат со колоквиуми и испити user posted image user posted image user posted image

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
13.1.2010 13:15:40   
mami
Хуманитарен концерт "Помогни и ти!"
user posted image
Голем хуманитарен музички спектакл на 28 февруари со почеток во 20 часот Повеќе од 35 изведувачи, спортисти и глумци.

Сите на едно место, со една цел: заедно да собереме средства за да опремиме 102 станови, наменети за ранливи групи граѓани, меѓу кои и за децата без родителска грижа во населбата Ѓорче Петров.

Концертот кој го организира здружението на деца без родителска грижа “Градиме иднина“ е под мотото „Помогни и ти“, а ќе настапат Калиопи Букле, Ламбе Алабакоски, Борис Трајанов, Елена Ристеска, Врчак, Тамара Тодевска, Јован Јованов, Адријан Гаџа, Есма, Ноне Неделковска, Дани Димитровска, „Некст тајм“, Тони Зен, Нокаут, Наум Петрески, Елвир Мекиќ, Гоце Арнаудов, Влатко Илиевски, Ристо Самарџиев, Александра Пилева, Кристина Арнаудова, Бојана Атанасовска и многу други.

Сите можеме да помогнеме и со јавување на бројот 070/075/077 143 999 од сите три оператори и да донираме по 100 денари.

Влезниците по цена од 150, 200 и 500 денари можете да ги најдете на продажните места на Југотон, Тобако Ексклузив, сала “Борис Трајковски“ и Плоштадот “Македонија“.

Уживајте во големиот хуманитарен концерт и бидете хумани.
Помагам јас, ПОМОГНИ И ТИ.


Ова е тоа што го најдов на официјалната веб страна на салата Борис Трајковски

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
13.1.2010 13:37:52   
mami
Драги мои, туку што зборував со Југотон по телефон- карти за седење нема повеќе, има само за стоење- значи побрзајте со купувањето и она што ни е најважно е дека не се нумерирани т.е. секој ке може каде сака да си стои или седи..Ајде да чујам кој купил карти? јас одам попладне по две

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
13.1.2010 13:43:35   
Еца
Леле и јас морам да излезам да купам, ајде дали веќе купил некој?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
13.1.2010 13:47:17   
Enika
Јас ке идам посоле работа...вчера немав време после раб кога

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
13.1.2010 18:10:01   
Anushka
лелееее, а јас па мислев тоа организирано преку РР ќе се купува. Ај, некој нека купи една за мене!!!!!

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
13.1.2010 18:54:33   
Detelinka
Se gledame user posted image

(Одговор на членот Mamicka3)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
13.1.2010 19:12:10   
mami
Ајде Анушке ке земам и за тебе

(Одговор на членот Detelinka)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
14.1.2010 17:00:41   
Еца
Еве да пријавиме дека карти купивме јас, мами и Анушка. Кој не земал нека побрза бидејќи веќе се распродадени. Ние земавме за стоење - 250 денари.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?