Maca25 -> RE: први чекори (29.3.2010 0:10:45)
|
Вчера Нина ги направи првите две самостојни чекорчиња. Си седеше на земја и почна да се подига, си стана и мислеше дека не ја гледаме (ние бевме позади неа) и оп оп две мали чекорчиња. Сонце мамино, колку беше зачудена. Денеска цел сака да оди, ама не сама, за едно раче да ја водам. И да видите нема страв, не оди, трча, а јас буквално за едно конче ја држам. Прави огромни чекори. Многу е смешна.
|
|
|
|