RE: први чекори (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца



Порака


Felly RR -> RE: први чекори (16.1.2011 17:45:18)

На Матеа најголема мотивација за одење и беше далечинското, зошто многу има мерак да игра со него а ние не и го даваме, и таа си стои така на табуретка, се држи и јас и го покажувам далечинското „Ела, срце да си го земиш“ и таа целата радосна, без мислење се пушта сама. И така ја вежбавме со мм, јас на една страна, тој на друга, и си го подаваме далечинското, а таа трча по него од едниот до другиот, и така се ослободи да се пушта сама.




Палешка РР -> RE: први чекори (19.1.2011 15:47:52)

И Миа од синоќа почна да прави по два самостојни чекори, па кај и да е ќе правиме постапалки. Ама мислам дека од што е буцка, потешко ќе прооди [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Snowhite RR -> RE: први чекори (19.1.2011 15:59:40)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] за Миа и Матеа, Михаил засега се уште само сака да стои, се држи за масиоче, табуретка или што и да најде друго, може да стои и без држење, ама му е страв да се пушти сам, одма ме фаќа за рака, а и јас не го оставам се уште сам да оди ми е страв да не падни, да се исплаши, после потешко ќе прооди, односно ќе му биде страв после, знам многу случаи така кога проодувале, му паднале и после му било страв да се пуштат сами, затоа не го форсирам многу, кога сака сам, тогаш, колку покасно толку подобро, барем да не трчаме по него уште малку[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




oliva -> RE: први чекори (19.1.2011 18:00:53)

david odese sam ama padna i sega mu e strav ,se drzi za mene i ne saka da se pusti inaku odi po sid,kreveti i masi




Felly RR -> RE: први чекори (19.1.2011 18:23:26)

Матеа и паѓа и пак нема страв, таа дури кога ќе се заниша, така за паѓање, и одма се мурти, се лути, а не да се плаши[sm=jezicek.gif]




Medo -> RE: први чекори (20.1.2011 0:26:15)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

Моево ѕверче кога го паткам оди само на прсти, стои само на прсти[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Ми се чини од тоа што нон стоп е на прсти - не може да прооди. инаку е цврст, подвижен...Како да го научам да стапнува со цело стапало????


Јас како мала имам одено само на прсти и не сум можела да проодам, па носев гипсани чизми за да ми ги држат стапалата свртени нагоре и после тоа проодев на 18 месеци. Кај мене ова се случило поради тоа што сум спиела само на стомак и стапалата ми биле во таа положба, а исто така, и поради тоа што во количка кога ме возеле ми виселе ноџињата, па пак стапалата ми биле во таа положба. Обрнете внимание да не е случајно и кај вас така, па да се обидете да го смените тоа. Од друга страна пак, можеби е само фаза и не мора ништо да значи. Ајде пишете дали има промени.

Поздрав и се надевам бргу ќе прочитам дека прооделе дечињата.

А инаку, Ива ја сметам за проодена една недела после првиот роденден.




Felly RR -> RE: први чекори (20.1.2011 10:52:48)

Jaс мислам дека оди на прсти, пошто така е навикнат од дубакот. Ако му бил малку повисок, и допирал само со прстите, се научил така да оди. Оставај го да си стои сам, на пример на тросед да се држи, и остај му некоја играчка што ја сака малку оддалечена, и мотивирај го да се пушти по неа да оди, мислам дека сам така нема да оди на прсти, а ти кога го држиш, пак има на што да се поткрева, и затоа оди на прсти. Пробај да го оставиш така сам.




Maca25 -> RE: први чекори (20.1.2011 10:58:37)

И ќерка ми одеше на прсти, баш поради дубакот. Кога видовме дека ќе проодува, го тргнавме дубакот и ја оставивме сама да пробува. Одеше на прсти, по навика од дубакот. Еднаш и облеков потврди кондурчиња и престана да оди на прсти па дури и побрзо прооде со нив.
Ние и купивме количка за бебе - играчка и така прооде, шетајќи си го бебето [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] 




Martins mom -> RE: први чекори (20.1.2011 11:00:38)

Ни една од горенаведените не е причина за неговото одење на прсти. Дубакот му беше наместен таман за да стапнува со цело ноже, нити од количка му виселе ножињата, носи чевлиња со тврда подлога, ама и нив ги има искривено од тоа што гази на прсти...инаку никогаш не спие на меше, да речеш дека е од тоа...
Го оставам да се потпира на троседот, на масичка, на табуретка...си стои сам и стоејќи си се поткрева пак на прсти[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]
Го шетаме со мм, тој за едно раче, јас за друго и тој само трча, стално брза некаде...се исправа на прсти и тргнува[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Maca25 -> RE: први чекори (20.1.2011 11:03:07)

Martins mom да не се секираш, најдобро ти е да се консултираш со ортопед. Вака само се нагаѓа може од ова, може од она... 




Martins mom -> RE: први чекори (20.1.2011 11:08:07)

Од понеделник обавезно ќе одам...морам да слушнам добар одговор за да се смирам




skorpijana -> RE: први чекори (20.1.2011 16:28:01)

isto i mojot prv sin taka odese na prsti potoa mu kupivme dzamping i pocna da stoi i odi na cela noga toa e od dubalkata zatoa sega bliznacite ke gi stavam vo dzamping




Slagjana -> RE: први чекори (28.1.2011 22:50:37)

Вечерва ги направивме првите чекори [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]. Е сега не можам да рачунам дека прооде, оти се пушта само по неколку чекори од кај мене до кај мм и обратно. Ама доволно беше за да не израдува.




Maca25 -> RE: први чекори (29.1.2011 0:17:13)

Честито Slagjana!  Сека спремајте кичма и нозе за трчање по детето низ дома! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Палешка РР -> RE: први чекори (29.1.2011 6:44:24)

Честито Слаѓана [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]

И Миа прооде пред неколку дена, само не ја форсираме бидејќи уште кашла, па да не се уморува. Јас во секој случај ќе правам постапалки [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




arh_diz -> RE: први чекори (29.1.2011 11:10:20)

Cestitki Slagana [sm=bravo.gif]




*miki mami* -> RE: први чекори (29.1.2011 11:31:30)

Честитки Слагана[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
исто и за Миа па побрзо да трчкаат [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley27.gif[/image]




Isabella -> RE: први чекори (4.2.2011 0:28:21)

Da ve prasam, Isabella pred edno 10 dena pocna da pravi po nekolku cekori, sekoj den sve poveke i poveke. Ama od tolku sto brza, pravi padni-stani. Moze da ja izodi cela dnevna soba, ama nekako ne e stabilna. Koga ke padne na gaze ili nanapred na race, se nervira sto padnala i odma se diga. Dali vasite decinja od koga proodea bea stabilni ili nekoj period pravea padni-stani? Dali ova se smeta za proodena (pravi i po 20 cekorcinja sama i ne paga sekogas)?




Snowhite RR -> RE: први чекори (27.2.2011 16:41:45)

И Михаил денеска ги направи првите чекори сам[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Slagjana -> RE: први чекори (27.2.2011 17:30:52)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]за Михаил




arh_diz -> RE: први чекори (27.2.2011 17:42:35)

Bravo za Mihail




Maca25 -> RE: први чекори (27.2.2011 17:44:28)

Браво Михаил!!![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




ole2004 -> RE: први чекори (27.2.2011 17:55:50)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]za prvite cekorcinja na Mihail




Snowhite RR -> RE: први чекори (6.3.2011 16:18:50)

Малку сум загрижена, нели пред една недела ги направивме првите чекорчина и сега еве 3 дена не сака да се пушти никако, му викам ајде дојди кај мама или го залажувам за нешто да земи и не сака сам да тргни или гледа да се фати за нешто или седнува да лази, а нема паднато ни ништо да се има заплашено, не знам зошто му е страв сега, и не знам дали да го терам да оди или да го оставам кога ќе сака сам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




oliva -> RE: први чекори (6.3.2011 17:57:58)

snowhite, istoto se sluci i so david na 10 meseci,togas proode,pa edna nedela nesakase sam,pa posle toa pak se pusti,sega trca niz doma nemozeme da go sovladame,samo ne treba da se forsira i ke vidite ke se pusti pak




Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>