RE: Први чекори (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца



Порака


Andriance -> RE: Први чекори (6.4.2012 20:54:20)

Cestitkiiiii i za A i za M..bravos




Maca25 -> RE: Први чекори (7.4.2012 16:45:53)

Честито луци!!!![sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




arh_diz -> RE: Први чекори (7.4.2012 17:20:05)

Cestitki luci[sm=bravo.gif]




omorfo89 -> RE: Први чекори (12.4.2012 19:07:08)

Еве и јас да се пофалам , керка ми ги направи првите чекори пред 1 недела на 12 м и 1 недела [sm=smiley1.gif][sm=bravo.gif] сега малку по малку се пушта од столот до каучот сама [sm=bravo.gif]




mila mama -> RE: Први чекори (12.4.2012 19:42:52)

Честитки Оморфо! Со сигурни чекори да чекори во животот! [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Felly RR -> RE: Први чекори (13.4.2012 8:11:49)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] за сите дечиња! И за А на Беатрис и за М на Луци, и за ќеркичката на Оморфо89! [sm=smiley31.gif]




Luci -> RE: Први чекори (13.4.2012 9:16:14)

Честитки Оморфо, цврсто да чекори кон животот[sm=metulj.gif]




omorfo89 -> RE: Први чекори (14.4.2012 18:11:16)

Ви благодарам [sm=smiley27.gif][sm=smiley31.gif]




tnade -> RE: Први чекори (23.4.2012 21:53:29)

i Teodora zacekori vo zivotot, malce nesigurno ama ...srekno.....




Calypso -> RE: Први чекори (2.5.2012 9:34:42)

Ај да се пофалам и јас... ете и малиот мој се пушти... вчера на тревата во дворот... само по чорапчиња, а после му облековме и патикички, малку постабилен да е... и сега само надвор сака, и тоа сака да трча, а уште треба одење да учи[sm=smiley1.gif]




adrijanalima -> RE: Први чекори (21.5.2012 16:15:53)

i mojata dusicka proode so napolneti 12ipol meseci, naednas napravi 7-8 cekori[sm=bravo.gif] presrekni sme[sm=sloncek.gif]
sega uste da pocne da trcka[sm=kuza.gif] i ke pravime prestapulka[sm=smajl.gif]. I sega si odime ama i mnogu se pazime da ne padneme[sm=smiley36.gif]




Beatris -> RE: Први чекори (21.5.2012 16:24:16)

Честитки за првите чекорчиња на сите! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] Ајде честете постапалки




libra.n -> RE: Први чекори (4.6.2012 9:41:08)

Zenski, Srna proode na terasa pocestiv dorucek, ne mozev da najdam slika od postapalki vo pdf. Ako znae nekoj neka pocesti[sm=smiley36.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Први чекори (4.6.2012 9:44:50)

Bravo Srnicka,gordo i sigurno da cekoris vo zivotot[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Natasa981 -> RE: Први чекори (27.7.2012 16:31:03)

Nemozam da najdam soodvetna tema pa ovde resiv da prasam, moze li nekoja mamicka da mi objasni kakvi cevli, konduri, sandalki ( sega za vo leto) se najpogodni za odenje, prooduvanje i patkanje na bebeto..? L obozava da ja patkam, si odi pravi cekorcinja koga ja drzam za race, a i po mebelov se isprava i pridrzuva a znae i sama da proseta drzejki se za masa na primer.. Prasanjeto mi bese, znam deka e leto i deka bosa i e najubavo i najkomotno no nemozam bosa nadvor da ja setam, kakvi obuvki se smetaat za najsoodvetni..? Ke odime i na ortoped pa znam deka i toj ke mi kaze ama dur da otidam ima li nekoja mamicka sovet..?




Annet -> RE: Први чекори (27.7.2012 16:59:19)

natasa 981 jas na i I zemav sandalcinja,ama napred kaj prstite zatvorenki;-))
ami zeniski nie veke edna nedela odime o 5-6 metri sami .pa ke se fati za nesto ili ke sedne,i pak se ispravuva i prodolzuva,ama se smeta li i ova za prooduvanje?;-))))))




kikicka -> RE: Први чекори (27.7.2012 17:18:14)

Абе Анет тоа ако не се смета тогаш незнам кое [sm=smiley36.gif] Л прв пат кога изоди 5м сама го сметав за преодување прв пат сама тоа е тоа [sm=smiley36.gif]




eleonorastrumica -> RE: Први чекори (28.7.2012 23:13:38)

Јас моето за преодување го сметав кога од седење сам без никаква помош се исправаше значи седи сам се исправи како да чуче и после се исправи и оди без да се држе за ништо,тоа го направивме на 10 месеца и 10 дена ,и така почна сам да се вижи да си станува и му правевме престапулка




Natuska85 -> RE: Први чекори (29.7.2012 15:14:23)

Еве и ние да се пријавиме во темава конечнооо[sm=smiley36.gif].На цели 15 месеци и некој ден плус конечно почнавме да се пуштаме сами.Ќе почекам уште недела време па ќе правам постапалчиња,па ќе ве почастам и тука[sm=smiley1.gif]




mimi* -> RE: Први чекори (12.9.2012 12:07:43)

И јас да ви го кажам мојот случај, можеби некој имал слично искуство па ќе ме посоветува. Син ми има 12 и пол месеци а нема абер од одење и стоење. Не лази се влече некако, не ги користи многу нозете. Незнам или не му текнува или неможе. Неможе да се исправи да стои, се тегне се труди ама само со рацете влече не му текнува да бутне со нозете. На луѓе околу нас со деца на иста возраст децата наголемо лазат се исправаат одат покрај кревети а моево ништо. И како што пиша некој погоре ме гледаат чудно што тој сеуште не оди. Се обидувам да го паткам го држам а тој ги крева нозете и си го мести газот, по малку ако се обиде со едната нога нанапред. Јас бев противник за дубак и го ставив дури на полни 10 месеци. Сега домашниве онака нагласуваат демек ако беше во дубак може ќе проодеше. Според мене секое дете ќе прооди кога ќе му дојде време, кога ќе се осети сигурно, меѓутоа ќе го носам кај Видоевски само да им затворам уста на некои од домашниве и после нема да смејат да зуцнат на таа тема. Многу ме напнуваат, кога се кај нас не го пипкаат детето а по телефон „треба да дојде баба да ми те научи да одиш“ [sm=smiley7.gif] Секаде читам секое дете е за себе, ама кога некој ве напнува нон стоп и кога гледате други врсници во околина неможете да останете рамнодушни. ... Еве ги повторно на телефон „носете го на ортопед има некоја мана“ уууфффф. Закажано ни е дури за на 1 октомври до тогаш ќе ме изедат. Имал ли некој вакво искуство со детето.
Поздрав




Regina -> RE: Први чекори (13.9.2012 9:44:51)

Мими секое детенце е различно, некои се развиваат побрзо некои побавно. На братучетка ми детето е веќе 14 месеци и тоа уште не оди, прави чекори кога го држат да оди и тоа го залажуваат со топка или нешто друго, ја ставаат пред него и тоа да се лажи по неа. Не знае ни убаво да лази, се влече некако, го нема она цврсто лазење на коленици. Го водија на ортопед, фала богу не открија некој проблем, добро се развива. Изгледа детето си е такво по мрзеливко, па му треба повеќе време. Ќе прооди само знам дека е малку тешко притисокот да се издржи, ама се во свое време.




Bethany -> RE: Први чекори (13.9.2012 11:51:40)

Мими, воопшто не е загрижувачки тоа што нејќе да оди. Навистина секое дете е различно. Ова е веќе станало како фраза, ама кога ќе прооди, ќе сватиш и самата дека Е навистина така.
Ама те разбирам апсолутно. Јас па се загрижував зошто моето дете не лази. Сите други беа активни, брзи по лазење на неговата возраст, а тој само седеше и се играше во место. Дури еден период ми се чине дека нејќеше ни да се превртува. Испаничив дека назадува. Сега ми е смешно, ама тогаш не ми беше.
Е онда, кога одеднаш почна да лази, и тоа директ онака правилно, на колената и раце, да се исправува, да стои, да оди држејќи се за мебел, многу бргу почна да се пушта некои чекори. И сето тоа за релативно кратко време, да речем за месец дена сето тоа обави. И прооде со 11 и неколку дена. СЕга ти немој да се споредуваш што ти викам кога моето прооде, ама да знаеш какво тупанче беше претходно, а не е буцко, јас бев загрижена. Ама ете и твоето може одеднаш се да почне да прави. И уште нешто , кога јас сакав да го потикнам нешто да прави , тој упорно нејќеше... Затоа, остави го детето на раат , потруди се да ги игнорираш другите и ќе видиш колку бргу ќе стане поактивен. Бебињата многууууу добро знаат кога се спремни на нешто. Многу повеќе отколку ние.
Ах, ама ме изнервират такви коментари. Кога некој нешто ќе ти рече, па кажи им да си ја гледат работа своја и не им се правдај. Ако сакаш да го носиш на преглед носи го лично ради себеси, а не да им покажеш нешто да другите. Тој ќе прооди, па ќе дојдат коментари за нешто другото, на пример, па тој не џвака, па пак ли треба да докажуваш нештата на некои тзв. дужебрижници? Уживај си со детето. [sm=smiley1.gif]

пс. извинете за долгиот пост [sm=smiley1.gif]




mimi* -> RE: Први чекори (13.9.2012 16:21:18)

Ви благодарам на одговорите и поддршката. Верувам дека е во ред, ама неможам да ги поднесам коментарите и подбуцкувањата од некој кој не треба да го прави тоа а башка кога е лично присутен е тотално незаинтересиран тогаш се поважни случувањата во зет домазет и сличните на нив, дури и цел муабет и коментари се на таа тема, ко ретардирани некој.
Како лесно можеш да створиш одбивност кон некого ууфф.
А дека понатаму ќе има и други коментари како на пример џвакање и слично сигурно ќе биде :)




mimi* -> RE: Први чекори (3.10.2012 9:42:01)

Еве ме мене со нови информации. Бевме кај Видоевски и прво што ме праша е „знаеш ли кога проодуваат децата“, викам околу првиот роденден. Вика НЕ, кога ќе научат да паѓаат. Се е ок со син ми само рече повеќе да седи на под. Кажа случаеви за деца кои биле кај него на преглед, едно проодено на 6 ипол месеци а друго на 2 ипол години. Ова второво само од страв и несигурност не било проодено. Ми олесна. Знаев дека е се во ред ама вака кога ќе добиеш потврда од професионалец е полесно.




sandriana RR -> RE: Први чекори (5.10.2012 12:39:29)

Дечки, и јас сум на иста мака како mimi*....Тина има 13 месеци и некој ден,и се уште не оди сама, туку патка ако ја држам за 2те рачиња и стои држејки се за маса, кревет и сл, САМО ако не примети дека никој не ја држи, инаку веднаш седнува. И не знае да се крене од лежечка положба да стане и да се исправи сама...До сега не сме пропуштиле ниту една конторла кај ортопед и сите извештаи од таму се уредни...Мене ме фаќа нервоза, зашто и од градинка веќе 2 пат ме прашуваат дали е се во ред, дали сме оделе на прегледи, бидејки другите дечиња сами станувале, и стоеле и оделе...Дали да појдам кај друг ортопед, па 2ро мислење...? Мене ми личи дека детево ми е плашливо и мрзливо, зашто од бебе е повеќе во раце, а најмалку на под.




Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>