Link -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (22.5.2011 11:59:38)
|
Ова е мојата омилена торта. 10 јајца, 450 гр шеќер, 150 гр шеќер во прав, 4 ќесички ванилин шеќер, 60 гр густин, 500 мл млеко, 250 гр маргарин, 600 гр јагоди (замрзнати), 3 ќесички пудинг од ванила, 1 ќесичка пудинг од јагода, 200 гр чоколадо за готвење, 4 ќесички шлаг, И хартија за печење. Прво одделете ги белките од жолчките. Подготовка на тесто: Со миксер изработете ги белките додека не добиете пенаста смеса, а потоа постепено додавајте 150 гр шеќер. Рерната загрејте ја на 150 степени. Тепсијата обложете ја со хартија за печење, можете малку да ја намачкате со масло. Истурете ги белките и печете ги 1 час на 150 степени, така што повеќе да се сушат отколку да се испечат. Подготовка на чоколаден прелив: Растопете 200 гр чоколадо за готвење и истурет го врз испечената кора од белки. Оставете да се олади и ставете ја во фрижидер. Фил 1: 10те жолчки изматете ги со миксер заедно со 100 гр шеќер, додадете ги 4. ванили, густинот и 1 пудинг од ванила. Згрејте пола литар млеко и постепено во него додавајте ги жолчките. Постојано мешајте за да не настанат грутки, треба да добиете густа смеса. Оставете го филот да се олади. Со миксер изматете го маргаринот, постепено додавајте го шеќерот во прав, а потоа и изладениот фил со жолчки. Ставете ја смесата во фрижидер. Доколку се појават грутки уште еднаш изработете ја смесата со миксер, пред нанесување. Фил 2: Во сад за готвење ставете 1 чаша вода и 200 гр шеќер. Оставете ги да повријат и додадете ги јагодите. Кога ќе зовријат додадете 2 ќесички пудинг од ванила и 1 ќесичка пудинг од јагода (пудинзите пред да ги додадете во смесата со јагоди, посебно измешајте ги со малку вода и внимавајте да не се создадат грутки). Оставете го филот да се олади. Откако тестото и филовите ќе се оладат, започнете со филување. На тестото првин се нанесува жолтиот, па црвениот фил, а најгоре ставете го шлагот. Декорирајте со јагоди, вишни или чоколадни мрвици.
|
|
|
|