Felly RR -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (5.2.2012 14:11:46)
|
Еве и јас имам еден лесен кекс со јаболка. 5 јајца 4 филџани шеќер 1 чаша брашно 1 филџан масло 1 филџан млеко 1 пециво 3-4 поголеми јаболка сецкани ореви мед шлаг Јајцата и шеќерот се матат, се додава брашно, пециво, масло, млеко. Јаболката се лупат и се сечат на кругови. Се редат во намрснета тава (со маргарин и брашно), се става врз нив мед, и сецкани ореви. Се потпекува 10-тина минути на 180 степени, па се тура тестото, и се враќа во рерна. Откако ќе се излади, се превртува јаболката да дојдат горе, и се става шлаг.
|
|
|
|