topce -> RE: слабокрвност (24.7.2012 11:58:26)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: *Bucka* Мамички, Син ми има 1,6 години. Хемоглобин пред една недела 10.1, ЦРП - 31. По една недела со здрава храна и Флорадикс сируп, хемоглобин 10.7, ЦРП - 0,21, ама покачени леукоцити - 6,4 (а макс. е 3,2), a серумско железо е ок - 17.2. Детево нема бактерии, нема ништо во урина, не тече нос, не кашла. Значи, ништо не му е, а ме загрижува железово кое и покрај цвекла, лимони, брокули, спанаќ, телешко, риба, млеко... и плус сируп, не се крева. Да паничам или нема потреба? :) ај да не бидам јас доктор, веројатно сте се консултирале со доктор ама ако му е железото добро, а хемоглобинот е низок, под долна граница треба и нешто повеќе од здрава храна. јас обично за ќерка ми го користам фероглобин сируп, состав:хемоглобин, мед, б витамини и портокал мислам беше.и давам како што е пропишано на упатството според возраста ама не повеќе од 2 недели бидејќи многу бргу и го крева хемоглобинот, па пауза 2 недели па пак крвна слика. мислам дека вас во исхраната ви недостига б витаминот за да може да се врзе железото од брокулата ......ако пиете антибиотик или ако има бактерија, пишавте дека нема, кога ќе помине терапијата тогаш почнете со фероглобинот ако се одлучите да го користите.инаку го имате во аптеките околу 500 денари.
|
|
|
|