lindicka -> RE: Инсеминација (15.4.2012 23:27:05)
|
Здраво на сите. Полека ми поминува настинката. Туку да ви кажам што ми се случи денес, паднав, луѓе, паднав на скала и цела се искршив. Додуша не си го удрив стомакот (фала богу) туку нозете, така модринки имам, а не памтам кога последен пат сум паднала. Така што, ако инсеминацијата излезе успешна ова ќе биде божјо чудо, што искрено не верувам. Да, Меланија, тогаш треба да добијам од 21-23, треба да одам на 14ти ден за крв Бета да се провери, ама со оглед на настинкава и паѓањето денес, не верувам , може нема ни да отидам. Инаку, пишав дека чувствувам болка во градите, е сега веќе не толку, некако предвреме разочарано се чувствувам. поздрав до сите и уживајте и утре за Велигден! П.С. колку се плаќа проверка на бета преку крв во истата клиника во која сте правеле инсеминација? (приватна клиника)
|
|
|
|